1.Дали Бог е еден или тројца (Свето тројство)?
2.Дали Исус и Бог се еднакви?
3.Дали Исус е Бог или дел од Бога?
4.Дали Исус е син на човек или Божји Син?
5.Кој навистина е Исус?
Исус рекол: “Барајте ја вистината, бидејќи вистината вас ќе ве ослободи.”
Верувањата на луѓето често пати се засноваат на слаби темели, а не на цврсти, како што рекол Исус. Што се одесува до темата, приметив големи разлики помеѓу она што обично се мисли за Бога во христијанството и она што самата Библија кажува.
Да ги побараме одговорите во Библијата:
И ете, еден човек, кога пристапи до него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?“
А Тој му одговори: „Зошто ме нарекуваш добар? Само Еден е добар. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.“ (Матеја, 19: 16-17)
Според овие стихови можеме да поставиме неколку прашања. Некои кои сами од себе практично се поставуваат се:
“Зошто ме нарекуваш добар?” Зошто Исус својата доброта ја става под знак прашалник?
Исус нагласил дека никој не е добар освен Единствениот Бог. Зошто тој рекол дека Само Бог е добар? Исус да бил Бог, зошто за себе рекол дека не е добар? Исус рекол дека ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.” Зошто Исус не му рекол на оваа личност да верува во него како во Бог за да би влегол во животот вечен? По неговите реченици, зар не би било доволно да се придржувате на заповедите за да влезете во вечниот живот?
Веројатно некои од можните одговори на зборовите “Учителе добар” би биле:
“Да, јас навистина сум добар, бидејки јас сум Бог.”
Или: “Во право си, јас сум добар.”
Или во најмала рака, знаејќи дека тој, како Бог или манифестација на Бога, како добар, можел само да одговори: “ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите” без посебно обраќање претпазливост на зборовите на тој младич. Меѓутоа, сосема изненадно Исус одговара на зборовите “Учителе добар” со нешто потполно неочекувано. Негирал дека е добар велејќи: “Зошто ме нарекуваш добар?”Понатаму, наместо да ја негира својата доброта, односно дека Исус е стварно Бог, зар не би било логично да ја искористи оваа ситуација и да признае дека е добар? Зошто би повикал само на вистинскиот Бог, без да ги открива своите доброти? Дали од онај кој што го поставил прашањето ја криел вистината за себе?
А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос. (Јован 17:3)
Во овој стих, Исус повторно прави разлика помеѓу себе и ЕДИНСТВЕНИОТ вистински Бог. Точно овој Единствен Вистински Бог е Тој Кој го создал и испратил Исус. Понатаму, кому му припаѓа потполна моќ да создаде и испрати? Кој е најголем, кој е тој којшто наредува и испраќа, а кој е тој на којшто му е наредено и е испратен?
Зашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето - човекот Христос Исус. (Прво послание до Тимотеј 2:5)
Овај стих укажува на двајца и тоа на: Еден Бог и Еден посредник – Исус.
Исус тука е опишан како човек. Во стихот не се кажува: “Бог Исус Христос”. Всушност никаде во Библијата Исус не е наречен Бог!
1. Тогаш Духот Го одведе Исус во пустината за да биде искушуван од ѓаволот.
2. И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне.
3. А кога се приближи до Него, искушувачот Му рече: „Ако си Син Божји, заповедај овие камења да станат лебови.“
4. А Тој му одговори и рече: „Напишано е - ‚човек не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога.‘“
5. Тогаш ѓаволот Го одведе во Светиот град и Го постави на стреата од храмот
6. и Му рече: „Ако си Син Божји, скокни долу, зашто напишано е: ‚На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопнеш ногата од камен.‘“
7. А Исус му рече: „Напишано е исто така - ‚Не искушувај Го Господ, Твојот
Бог.‘“
8. Потоа ѓаволот го одведе на многу висока планина и Му ги покажа сите
царства на светот и нивната слава
9. и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш.“
10. Но, Исус му рече: “Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: ‚На Господ, Твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му слузиш!“
(Матеја 4: 1-10)
Неколку прашања во врска со горните стихови:
1.Библијата вели: “Тогаш Духот Го одведе Исус во пустината”. Кој поседува повеќе власт и моќ, Исус или Духот? Ако Исус е Бог, зошто сам не отишол во пустината? Зар на Бога му е потребен некого да го одведе во пустината?
2.На основа на горенаведените стихови, ѓаволот го искушувал на Исус. Се поставува едноставно прашање: дали Бог може да биде искушен? Самата Библија вели дека Бог неможе да дојде до искушение: “…Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува. (Послание на апостол Павле 1:13)
3.Во Библијата се вели: “И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне.” – Дали Бог пости? За кого Исус постел? За себе, како Бог, или за некој друг, поголем од него? Дали Бог осеќа глад и жед?
4.Во врска со искушението на Исус, ѓаволот го водел и контролирал Исус. Дали тоа ѓаволот го правел со човекот Исус или со Исус Богот? Ако тоа го правел со човекот Исус, тогаш што се сакало да се рече? Ако тоа го правел со Исус Богот тогаш со право можеме да прашаме: дали може некој да го искушува, води и контролира Бога? Да се потсетиме на стихот: “Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува. (Послание на апостол Павле 1:13)
На крајот на разговорот меѓу Исус и ѓаволот, ѓаволот бара од Исус да му падне и да му се поклони, на што Исус му одговара: “Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: ‚На Господ, Твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!“
Ако Исус навистина беше Бог тогаш тој би рекол: “Не сатано! Ти си тој кој мора да ми се поклони и да ми служи МЕНЕ, твојот Бог!” Но, наместо тоа, рекол како што е горе наведено, да му се поклонува и да му служи САМО на Бога.
Од друга страна можеме да приметиме неколку работи:
Ѓаволот го видел Исуса.
Ѓаволот разговарал со Исус.
Ѓаволот го слушнал Исуса.
Ѓаволот го зел Исуса.
Ѓаволот му показал на Исуса.
Меѓутоа, самата Библија нагласува дека Бог не може да биде виден ниту слушнат.
Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин! (Прво послание до Тимотеј 6:16)
И Отецот, Кој Ме прати, Сам посведоччи за Мене. А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе. (Евангелие според Јован, 5:37)
А на Царот на вековите, на Нераспадливиот, Невидливиот, Единствен Премудар Бог - нека е чест и слава во сите векови. Амин! (Прво послание до Тимотеј, 1:17)
Зар Исус не беше виден од својот народ, роднини и следбеници додека беше на земјата? Понатаму, според описот на Бога во горенаведените стихови, Исус не може да е Бог, Тоа би било најлогично. Тогаш која е вистината?