Raziel,не потпаѓај на манипулирачки финти и ти мен
Вака,колку и да беше арогантен и безчуствителен,и искористи прилично неморални методи,сепак мора да го почитувате тоа што Let 3 ја постигна целта.
Бидејќи темата беше и сеуште гласи "Стереотипи за металците".
Мене пак,навистина ми е чудно што некако,сами на себе сте си контрадикторни,и уште се нервирате за тоа.
Мора да сфатите нешто,стереотипите настануваат пред се од општеството и луѓето кои гледаат од страна,и во никој случај не се измислени намерно против вас.
Вие може колку сакате да се нервирате зашто и колку луѓето се глупи што вршат генерализација,за еве,на пример,дека сите сте наркомани.
Но ако ја погледнеме другата страна,сигурно има причина која стои зад тоа мислење,а тоа е дека повеќето (да не почнувам во проценти) навистина користат дрога.
Но,секако,тоа не значи дека сите.
Од друга страна,јас пак не ве разбирам.
Видете како изгледате однадвор,и ве молам да се објасните
Од една страна,не сакате стереотипи за вас и генерализации,од другата отварате теми како "Најголем дел од интелегентните тинејџери слушаат метал".
Значи,не сакате да ве генерализираат и да имаат предрасуди кон вас,а вие од друга страна сами си ги правите.
Друго,сакате да се облекувате ненормално (да расчистиме,ненормално за општеството,надвор од границите на моралното и убавото
за општеството,битен детал,бидејќи вкусот е релативна работа)...А од друга страна сакате општеството да ја прифати вашата облека како нормална.
Трето,од една страна сте оние луѓе кои don't give a damn,а пак од друга страна се замарате премногу за тоа кој,колку и како ве доживува.
Навистина,не можам да сфатам,дали вие намерно вака правите,или ни сами не сте свесни дека од страна однесувањето е навистина нелогично и контрадикторно?
Земете ме мене за пример.
Јас сум човек,кој бар за музиката,не вади предрасуди.
И стварно,за мене не сте ни наркомани,ни ништо повеќе ни помалце,ако слушате метал.
Но сите овие муабети ме заморуваат,вие сакате да покажете дека сте кул,другите сакаат да покажат дека не сте...и можеме така до бескрај (односно 2012 година).
ЈАс би ви ја посочил рекламата за Спрајт.
Како идеше,спрајт не ве прави посилен,не ве прави попаметен,не ви го решава домашното,не ве прави кул во женските очи,не ве прави зависен итн...
Спрајт едноставно ја гаси својата жед.
Би сакал да ја видите поврзаноста со металот на рекламата :helou:
На крај,вие не сте наркомани ако слушате метал.
Но,не сте ни попаметни.
За да прекинат да ве генерализираат,треба прво вие да прекинете самите,да се делите од целокупното општество,и самите да тврдите нешта,кои не се ништо друго освен груба генерализација.
Мислам дека пофин не можев да бидам,најверојатно дека одам на одмор тоа:kesa: