Металци и стереотипи и предрасуди за металците

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Поентата е дека оваа „голема мисла од мал мозок“ немат благе везе со реалноста. Ај nvm.
 
Нема што многу де да дискутира, стереотипите се тие.
Наркомани, пијаници, антихристи, манијаци, идиоти итн...

Гижо се облака повеќе прометалски и он знае што му зборат. Човекот уште некој месец ќе дипломира од филолошки и официјално ќе стане попаметен од 80% од нацијата, но се уште по улица како глуп уличар го гледаат.
 
Се додека не почнат да свират метал по свадбите - то не е музика. Оти свадбите се места каде народот најпојќе се весели и радува и таму се слушаат и свират песни кои народот ги сака. Јас немам слушнато в Могила или во Брајчино да опнат гитарите и свират нешо метал од Еј Си Ди Си или од Дуран Дуран.

исто така мислам дека не се сите металци лоши јас знаев едно дете металче беше и тој и се капеше.
 
Мене ме пребарувале цајкани дали сум имал ганџа во мене, редовито, а цигара обична немам пробано, не пак мара. Глупа цајканарија + генерализација и тоа ти носи.

Мислам дека за ова праевме поопширно муабет ко беше Охрид дојден. :helou:
 
Се додека не почнат да свират метал по свадбите - то не е музика. Оти свадбите се места каде народот најпојќе се весели и радува и таму се слушаат и свират песни кои народот ги сака. Јас немам слушнато в Могила или во Брајчино да опнат гитарите и свират нешо метал од Еј Си Ди Си или од Дуран Дуран.

исто така мислам дека не се сите металци лоши јас знаев едно дете металче беше и тој и се капеше.
Свадбата е чин каде што сите пари што ги имаш плус и тие што ќе ги собереш ги даваш за да ја отплатиш свадбата каде што уствари дошле 200 луѓе шо нејќеш да ги видиш и си им платил јадење и пиење.:pipi:
 
Се гледа дека си металец, куќа домаќинска не е ако нема барем 100.000 евра тргнато на страна. Свадба уба ќе те фати 15 - 20 илјади евра и уше и стан да му купиш на синот или убав чеиз на ќерката и ќе останат да се крцкаат пари. Вие металците арчите пари на наркотици и пијачки и после свадби праите в самупослуга оти сте сиромаи.
 
Така е. И кажи кај се збирет пари така, да одам да пособерам со Јоцо.
 
Ќе си посадиш грав, или ќе работиш јаболка, можи и да земиш 50 сетина крави или 300-500 грла овци.....
Али тој бизнис со металуршка музика не оди рака под рака.
 
Се гледа дека си металец, куќа домаќинска не е ако нема барем 100.000 евра тргнато на страна. Свадба уба ќе те фати 15 - 20 илјади евра и уше и стан да му купиш на синот или убав чеиз на ќерката и ќе останат да се крцкаат пари. Вие металците арчите пари на наркотици и пијачки и после свадби праите в самупослуга оти сте сиромаи.
Бучко ти текнуе како пееше: европа европа европа...европа европа европа:back:
 
Дал за да станеш металец треба да положиш заклетва?
 
Не, треба да пресечеш вена да собереш 275 ml крв и да ја дадеш кај поглаварот. После ставаш минимум 5 пирса по телото, се облекуваш во црно да нема ништо во друга боја на тебе, се пијанчиш, се дрогираш, и тек после поглаварот одлучува дали си примен.
 
Не гледате дека ве ремети овој Лет 3?

Оставете го, нека полае малце.
 
Не гледате дека ве ремети овој Лет 3?

Оставете го, нека полае малце.

Таман и ја да кажам дека само егото му го јачаат со тоа што го удостојуваат со одговор...
 
Не, треба да пресечеш вена да собереш 275 ml крв и да ја дадеш кај поглаварот. После ставаш минимум 5 пирса по телото, се облекуваш во црно да нема ништо во друга боја на тебе, се пијанчиш, се дрогираш, и тек после поглаварот одлучува дали си примен.

A двајца сведоци не требаат?? нешо ко металски кум и девер да посведочат дека си металец?
 
Треба .
И тоа се се врши пред Металските Масони !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom