Не е информација де, факт е.
Плус себеси се сметаш за шаблон металец кој размислува исто ко другите? Се надевам не. Не можеш да се земаш ко репер на нечии размислувања. Ти мразиш стереотипи, има многу металци кои ги обожаваат истите.
Твојата молба нема да ја почитувам и ќе продолжам да тропам глупости. Не постоеле стереотипи од металците спрема другите? Е ова е чистокрвна глупост. Згазни ја малку металската гордост и само помисли колку пати некои од почитуваните алуминиуми се избацуваат со изјави: Љееј види ги сељаци све по дискава, Како можат да слушаат турбофолк - тоа е само за простаци, креле - облекол розева мајца, сељак - наврел кондури.... Ова е дефиниција за стереотип.
Не се пали толку мајкему. И јас сум фанатик на музиката што ја љубиш. Бев металка два - три месеца, се трескарав во црнотии, само за музика правев муабет, мразев новопечени металци и пуф - ми се скрши филмот кога ја почувствував на своја кожа хипокризијата која владее во "метал светот". Плејлистата не ми е сменета ни малку оттогаш, само трезвеноста и објективноста.
За да не писниш дека тропарам глупости, да ти ја објаснам хипокризијата која ја споменав погоре: Самиот рече дека на концерти нема луѓе. Така? ете ти полномасна хипокризија, сите се фураат: Леелее јес, бендоф, мора да се оди на свирката/Обавезно ќе го купам новиот албум на ______(мак бенд) и на крај...само организаторите, промотерите, членовите на бендовите,нивните испразнети џебови и искршени амбиции знаат.
Уште мислиш дека не сум во право? Твоја работа.
Сепак мислам дека добро ќе ти дојде психијатриска помош тебе....
Стереотипите не произлегуваат од вистинските металци, туку од ,,металците''. Оние кои себеси се нарекуваат металци само затоа што носат црна блуза и дома имаат 2 песни од Bulet For My Valentine.
Оние вистински не обрнуваат внимание на критиките и си живеат свој начин на живот. Не сакаат да бидат критикувани, ни па сакаат да критикуваат. Ама покрај ваква проста маса како шо постои денес не може да не бидат.
Она шо го кажа ти ако е факт, јас сум папата Бенедикт 16ти. Вистински факт е дека токму оние за кои викаше дека биле критикувани од металците ги започнуваат стереотипите против нив. Металците се сметани за црна дамка, ѓубре на општеството од сите, освен од оние останатите кои не се сметаат себеси за мејнстримот во општеството.
Немој само да ги негираш секојдневите видови на коментари од типот: Металцине, секташи не можам да ги поднесам, нека исечат тоа косите коо жени се, сатанисти забегани, неписмени, неинтелигентни итн. да не продолжувам...
Ова произлегува од металците нели?
Не, туку од онаа проста маса, шо се смета за нешто повеќе и шо работите ги сфаќа догматски, онака како шо им е нанесено од други. Како да имаат црн амут пред очите.
И кога веќе ги спомна концертите....тоа го наведов, како одговор на коментарите од страна на ,,металците'', кои се сметаат себеси за такви шо имаат право да критикуваат, па наоѓаат да даваат коментари за оние шо се грижат металот да оди во нагорна линија и да плукаат по нив, тврдејќи дека не носат бендови и сл работи. Епа драги мои ,,металчиња'' организаторите веќе издаваат две метал списанија, носат квалитетни бендови од светски ранг секој месец, а свирки од македонски метал бендови има секоја недела. Малку прават? Шо ги ги празнат џебовите и шо одат во ненормална загуба поради вас? Добро, ако е така во ред.
Не можат да зачуваат 100 денари за да си купат ,,Вампир'', и скапо им е да платат 600 денари за светски познат бенд, а навестено им е еден месец пред концертот.
А, имаат пари да гнетат по 5 хамбургера на ден и да си купуваат ,,Marlboro'', а навечер да се опијат со ,,Jack Daniels''.
Уште ли треба да пишувам веќе за оваа банална тема. Искрено веќе не сакам да коментирам бесполезно.
Повеќе сакам да имам лична дискусија со некого отколку вака. За оваа тема, ќе кажам уште еднаш не сакам да дискутирам со 100 души.