Државна матура

Статус
Затворена за нови мислења.

glufce

French Toast
Член од
15 јануари 2006
Мислења
827
Поени од реакции
8
Значи, оваа генерација што сега се 4та дефинитивно први ќе полагаат државна матура. Нема веќе вадење, бегање, протестирање, мрчење...
Би требало да се полагаат 2 предмети од кои едниот е македонски а другиот математика или англиски и плус проектна задача. Бидејќи први полагаме, па нема да полагаме изборни предмети. Така не известија нас барем... Знае некој нешто повеќе, што, како од тие сеа што се 4та?
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
изгледа ќе полагаме 4 предмети се на се
македонски
англиски или математика
и 2 по избор
кај ја најдоа ваа нашата генерација за све први за нови книги нови програми упм
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Мислам дека имаше ваква тема.
Во секој случај не е сигурно дека ќе полагаме, се уште некои работи не се дефинирани.
Класната денес рече дека исто и таа е против тоа да полагаме зошто ние сме уште по стара програма, последна генерација... Барем мојата струка.
Пример во делот кај што се полага македонски ќе има книги кои ние не сме ги обработувале, ниту ни биле во планот и програмата за лектири.

Ако полагаме треба да имаме задолжително македонски јазик и бираме меѓу математика и англиски, плус проектна активност и предмети што сме ги следеле најмалку 2 години. Е сега олеснителна околност за нас би било кога би ја полагале само таа екстерната или како и да ја викаат.
Детални и точни информации се уште никој не изнесол, па не знам ни јас што да мислам во врска со тоа. Нашава напатена генерација, сите новитети мора да ги трпи...
 

glufce

French Toast
Член од
15 јануари 2006
Мислења
827
Поени од реакции
8
Мислам дека имаше ваква тема.
Во секој случај не е сигурно дека ќе полагаме, се уште некои работи не се дефинирани.
Класната денес рече дека исто и таа е против тоа да полагаме зошто ние сме уште по стара програма, последна генерација... Барем мојата струка.
Пример во делот кај што се полага македонски ќе има книги кои ние не сме ги обработувале, ниту ни биле во планот и програмата за лектири.

Ако полагаме треба да имаме задолжително македонски јазик и бираме меѓу математика и англиски, плус проектна активност и предмети што сме ги следеле најмалку 2 години. Е сега олеснителна околност за нас би било кога би ја полагале само таа екстремната или како и да ја викаат.
Детални и точни информации се уште никој не изнесол, па не знам ни јас што да мислам во врска со тоа. Нашава напатена генерација, сите новитети мора да ги трпи...
Имаше, ама беше Државна матура или приемни испити. :wink:
Инаку мислам дека тие изборните предмети нема да ги полагаме ние бидејќи како прва генерација ќе полагаме само 2, што би било добро во нашиот случај. Четири предмети и проектна активност се сепак многу за нешто што е сеуште ново и недоволно објаснето. Никаде нема официјално соопштение што и како. Времето лета а у 5 до 12 изгледа планираат да не известат што како.

За делот по македонски погоре, истото е и со англиски, матурата ги опфаќа сите книги по кои што се учи англиски во државата.
Кој и да прашаш за информации сите креваат рамења. :icon_roll
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Мај бед. :) Знам дека полемизиравме на друга тема околу тоа.
Богами и во право си.

Ако сме прва генерација нека не обезбедат со информации на време, а не после да се чудат како има толку голем број на ученици што не успеале да положат.
Имаше нешто стигнато од Министерството за образование ама класната денес не ни го прочита со образложение дека нема потреба од тоа затоа што ние имаме аргумент за да не полагаме, а тоа е старата програма.
 
Член од
23 август 2006
Мислења
16
Поени од реакции
0
За оваа државна матура се зборува уште од првиот школски ден кога тргнав прва година средно. Јас инаку учам фармација и цели четири години(сега зборувам за мојот смер) се зборуваше дека ќе полагаме биологија и хемија, а сега излегува нешто сосема друго. Сега ќе треба да полагам Македонски јазик и Англиски(зашто математика учев само две години). Во тоа нешто не верував многу бидејќи мислев дека нешто ќе се смени, меѓутоа тоа што денеска го рече класната укажува дека сигурно ќе ги полагаме тие два предмета.
Таа ги кажа дури и датумите на полагање.
Македонски јазик ќе се полага на 23 јуни(2008) во 9 часот.
Англиски јазик ќе се полага на 25 јуни пак во 9 часот.
Математика на 26 јуни во исто време.
А за оние што се по избор предмети датумот го одредува училиштето.
Ете тоа е се што имав да кажам за државната матура што ќе ја полагаме иако сеуште се надевам на некои промени, што ќе одговараат и на стручните училишта и на гимназиите.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
аха спијте на тоа уво
ќе се полага и готово
кај нас па викаа дека ќе штрајкуват (боле ги уво дали ние се лутеме или не)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
аха спијте на тоа уво
ќе се полага и готово
кај нас па викаа дека ќе штрајкуват (боле ги уво дали ние се лутеме или не)
Абе ок е се тоа, ама друго е кога професорите не подржуваат знаеш. ;)
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Абе ок е се тоа, ама друго е кога професорите не подржуваат знаеш. ;)
кај нас па никој ни не шиша ни не бриче алал да ви е со такви професори
на класната и беше кеф шо ќе полагаме
 

Black Swan

With Chelsea Forever
Член од
19 јули 2006
Мислења
101
Поени од реакции
0
Кај нас во орце рекоа дека ќе се полагаат 4 предмети: Македонски и англиски/математика ќе се полагаат екстерно,со тестови од Биро,еден предмет кој сме го учеле најмалку 2 год пред комисија од школо,и еден проект за било кој предмет. Попуштањето оваа година било тоа што нема сите предмети да ги полагаме екстерно,и нема да бидат 3,туку два изборни. :toe:
 

ive

Член од
19 март 2007
Мислења
199
Поени од реакции
3
Убава работа е државната матура за да се виде кој стварно учел 4 години, а не се зафркавал и стварно да се цени до некое ниво знењето кое некој го поседува.
 

glufce

French Toast
Член од
15 јануари 2006
Мислења
827
Поени од реакции
8
Ц ц ц на сите различно им кажуваат и после оди најди им го крајот. Не, уствари после ние ќе бидеме криви зашто не сме прашувале на време. Па добро ако немаме матура ќе треба да се спремаме за приемни а неможе некој да учи македонски и математика цела година за матура и после да излезе да полага биологија приемен.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
приемни не се полагаат веќе две години по ред, а се нема ни намера да се полагаат, освен ако неможе да се изврши разумно рангирање на кандидатите за тоа кој ќе влезе во квотите за запишување.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Јас не знам што толку се паничите околу таа државна матура. Беше најавена уште пред шест години кога јас се запишав во средно. Таа генерација започна по новата програма, ама не успеа да заврши со државна матура. Затоа сите муабети дека не може да се полага државна матура бидејќи не била реализирана новата наставна програма нека престанат. Даваа и брошура во која беше се појаснето.

Неколку причини за промени во наставниот план:
-не се прави разлика помеѓу матурски и завршен испит.
-учениците кои покажале одличен успех во сите 4 години се ослободуваат од завршен испит а нивниот број од година во година се повеќе се зголемува.
-нема утврдено стандарди како основен услов за вклучување на студии.

Со матурскиот испит треба да се заменат приемните и диференцијалните испити за запишување на студии. За да се постигне оваа цел при изборот на содржините на матурските предмети ќе земат учество соодветните факултети и институти со што ќе се воспостави соработка помеѓу универзитетите, средните училишта и учениците.

Матурскиот испит задолжително ги опфаќа предметите
-македонски јазик и литература ( за националностите албански, турски и српски јазик и литература ).
-првот странски јазик или математика ( по избор на ученикот )

Учениците имаат право да изберат самостојно уште два наставни предмети. Изборот може да го направат од предметите што ги изучувале во изборното подрачје. Втора опција е да изберат еден од изборното подрачје и уште еден од задолжителните предмети предвидени за матура.
 
Член од
25 август 2006
Мислења
336
Поени од реакции
6
Tемава е дупла некој нека ја спои http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=8916&page=4

Инаку последна информација по последни договори што ја слушнав е дека може оваа генерација да полага делумна матура која ќе се состои само од двата задолжителни предмети т.е. мајчин јазик и странски јазик или математика
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom