Значи денес и ја бев таму... Многу не ни знаат зошто штрајкуваат, а многу одговараа „Штрајкуваме ЗА ПРОТИВ матура!„, маваа со јајца у министерство и влада, а леташе и по некое шише. Се на се, крајно нецивилизирано. Матурата има и добри и лоши страни. Јас лично уште не знам кој е мојот став, затоа што не викам дека сум се претепала од учење, али сигурно знам многу повеќе од сите 5.00 разгалени дечиња што добивале оцени на лепи очи. Али па треба да учам од ново, да повтарам и на крај пак да полагам приемен, пошто на Англиски пак ќе има има примен, без оглед на матурата, исто мислам и на правен и кај што има гужва. Башка дека не не спремаа асално е дефинитивно, а и не им е средена програмата. Јас ако идам на право, не можам тој предмет да го полагам, али затоа можам хемија, биологија и физика што немаат врска со право. Ист е случајот со психологија и некои други предмети... Сеа сигурно дека на нас, ако бидеме прва генерација, ќе ни попуштаат, али не е тоа финтата. Ако сакаат матура треба убаво да ја спремат и да речат тие што сега се запишуваат во прва ќе полагаат матура и точка, а не они рекоа па после сто години не беше спремна матурата, па штрајкови и на крај ништо не испаѓа никогаш... Сите не тапшаа по рамо со тоа „Гајле ви е бе, нема да полагате!„ и оп, пред три месеца ни викаат сто посто има матура... Ако продолжат секоја година на тие од трета да им зборат за матурата, нема никогаш да им испадне работата, треба да им кажат на тие од прва дека сигурно ќе полагаат, за да се спремаат од почеток и да не можат да се вадат како нас и тие пред нас дека не биле упатени со сигурност...
И да, се зборува дека утре ќе имало многу помасовен протест, јес да денес 2 саати беше блокиран центар, кај Мекдоналс, а после пред влада саат или така нешо...