Државна матура

  • Креатор на темата Креатор на темата glufce
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Епа јас ти кажувам лани, крај година, дојде ЛИЦЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ и ни кажа дека ќе има 5 предмета! Македонски ќе се полага на 23 јуни, Англиски на 25јуни, Математика на 26јуни а од 16 до 20 ќе се распореди полагањето на другите два предмета. Плус матурската тема. Јас лично бев, како претседател на клас, присуствував и исто професорите се бунеа како е тоа така, а таа ништо не знаеше да каже асално! И ајде сеа кажи ми кој да слушаме ние? Ќе се спремам јас за два предмета, тоа не е проблем, едниот ми е мајчин јазик, а англиски учам цел живот, али у мај кога ќе спомнат уште два предмети и ќе речат беше претставник во сите школи и рече ќе полагат, што ќе биде тогаш?
 
Mици за една година може да се смени цел свет, а праиме муабет за една државна матура...
 
Епа да, али ние праиме матура што може да го смени нашиот свет, зашо ако испопаѓаме ништо не праиме... а и на крај краева сите вие што ве глеам година две постари да сакавте толку матура ние ќе бевме трета генерација што ќе полага, а не трета што штрајкува:smir:
 
Хехехе епа кој за што си учел...нашиот штрајк беше мање више мирен, али овие соблакања фрлања и глупости се срам за вас...епа ако сакате да положите тогаш седнете и учете бе:) шо има тешко, не се бара квантна физика и The Meaning of life....се бараат општи работи, да не ги речам секојдневни
 
Епа јас ти кажувам лани, крај година, дојде ЛИЦЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ и ни кажа дека ќе има 5 предмета! Македонски ќе се полага на 23 јуни, Англиски на 25јуни, Математика на 26јуни а од 16 до 20 ќе се распореди полагањето на другите два предмета. Плус матурската тема. Јас лично бев, како претседател на клас, присуствував и исто професорите се бунеа како е тоа така, а таа ништо не знаеше да каже асално! И ајде сеа кажи ми кој да слушаме ние? Ќе се спремам јас за два предмета, тоа не е проблем, едниот ми е мајчин јазик, а англиски учам цел живот, али у мај кога ќе спомнат уште два предмети и ќе речат беше претставник во сите школи и рече ќе полагат, што ќе биде тогаш?
Тоа е поентата како што и ја спомнав во мојот пост,што не знаат ни самите во министерство колку предмети ќе се полага,што ќе се полага.И тоа се збореше дека ако има уште 2 предмети освен македонски и англиски,може да се бира само предмет што си го учел 2 год.Е сеа јас сум општ смер значи учам економија,менаџмент, вовед во право ама само по една година.И сеа пример сакам да одам на економски факултет,ама не можам да полагам економија или менаџмент него морам да полагам биологија,физика или друг.
 
Точно дека е малце конфузно и дека е ново, ама добро бре луѓе не е којзнае колку катастрофално или тешко!

Плус нема има све што се учело 4 години, туку најбитните и најосновните работи. И порано истото било, ама тоа не се викало Државна матура, туку само матура.
Плус добро ќе дојде, ќе ви биде како подготовка за на факултет.
Државната матура мора да се воведе, дали сега или идната година исто е.
Само од друга страна најголемиот проблем е што во 4та година сите се олабавуваат, професорите многу попуштаат, па учениците ги мрзи да учат.
 
Хехехе епа кој за што си учел...нашиот штрајк беше мање више мирен, али овие соблакања фрлања и глупости се срам за вас...епа ако сакате да положите тогаш седнете и учете бе:) шо има тешко, не се бара квантна физика и The Meaning of life....се бараат општи работи, да не ги речам секојдневни


Се си кажа со ова, затоа немој да збориш дека треба да седнеме и да учиме:smir: Јас и онака ќе си учам за приемен англиски, со или без матура, али зошо да учам социологија најважни работи или филозофија, нешто што нит ми треба нит ме интересира... Ако се само македонски и англиски или математика, јас воопшто нема да се бунам, затоа што тоа има некоја логика, а ова што го прават веќе неколку години со има, нема не е правилно... А дека е срам за нас тоа што фрлаа јајца во влада Е, го напишав одма тоа... Јес да кога беа Орце, ЈБТ и не знам кое школо беше не се правеа такви кретенски работи, после се убација некој анноун типци и се трудеа да бидат на тв:tapp:
 
Полагав матура што е петпати потешка од било што и да ви спремаат.. за месец-два спремив 15тина испити кои ги полагав во 2 недели + неколку месеци претходно за ликовна изложба со бранење пред странски професор/критичар + матурска тема од 4000 збора. Истото го прават по 10-15 луѓе од Македонија, секоја година.

Тоа што сакам да го кажам е - изводливо е, и може да се положи, без разлика дали ќе ви дадат 2 или 4 предмети. Треба само да се седне и да се учи, да се заборави на кафиња од по 3 саати секој ден.

Ако толку сте збунети, имате Сојуз на средношколци со какви-такви претставници. Натерајте ги да ги мрднат тоа мрзливите г`зови и да тркнат до Министерство, да БАРААТ да им се каже точниот број на предмети што ќе се полагаат. Со вакви бламажи што повеќето ги нарекуваат "штрајкови", со фрлање јајца и домати по Министерство само се докажува незрелоста на средношколската популација.

И да, полесно ни` е на нас да ви солиме памет.. сме прошле низ истото, посебно мојата генерација и таа пред нас, организатори на средношколските протести 2003/2004. Сега гледам колку глупави сме биле тогаш, а и вие сега, што ги повторувате истите грешки..
 
Пред две години полагаа матура и му беше како шо памтам внесена во дипломата. Полагаа Македонски, состав на тема некоја ептен општа, зависи која ќе ти падни. Знам имаше една слободна тема, за Миладиновци, Кирил и Методиј и такви срања. Та па матурската шо се изработва на некоја тема е тешка глупост, обичен проект на малку поконкретна тема од негде 25 страни и само треба да го браниш. Изборниот предмет (мислам дека е еден само, не два) шо ќе го одбериш ако се полага исто како тогаш, ќе се полага усно и се сведва на обичен разговор за рандом теми во врска со предметот. Ако е билогија пример, прашањата ќе бидат од типот нервен систем, крвоток, размножување и ептен едноставни срања шо не барат некое големо познавање.

Вака беше пред две години, македонски се препишва од лифчиња претходно спремени, а за другото ако сте ментално здрави ви ветувам дека ќе положите. Ако ве паднат, сфатете го тоа како услуга, ем нема да си трошите време на факултет шо нема да го завршите ем ќе заштедите пари. Значи во секој случај ќар сте од матурата.
 
Леелее, братучед ми заврши пред две години, нити полагаше матура нити приемни...
 
Леелее, братучед ми заврши пред две години, нити полагаше матура нити приемни...
Добро браво за брачед ти, брат ми полагаше пред две години и јас му ја праев матурската работа. Прајме за гимназија муабет, друго незнам.
 
Братучед ми и цела генерација ус пут, и сите други генерации...имаа само пробна матура што не се оценуваше, а ти не знам што си праел:kesa:
 
да ама финтата е што ние ќе полагаме матура,а ако има гужва на факултетите дополнително ќе се полагаат приемни испити!!и шо?ја треба 100 пати да полагам нешто!!еее у п.м. и образование и матура и све!
 
Братучед ми и цела генерација ус пут, и сите други генерации...имаа само пробна матура што не се оценуваше, а ти не знам што си праел:kesa:

Пробна беше, ама беше и оценувана и задолжителна. Немаше никаква улога за запишвањето на факултет, ама стоеше во диплома. Одговорно ти тврдам дека беше така од прва рака.


А јас праев матурска на тема „Народна Република Кина“ по географија, брат ми мрза е, а и плус ми плати нешто формално:pos2:
 
Матура треба да има и мора да има! Можеби не оваа година, ама треба да има! Тоа е боље отколку да мрчат со приемни на факултетите и да се праат 1001 местенка. Вака се отвора пликото, екстерни професори - од други школи и нема лага.
Е сеа, наместо да се бунат, може да бараат да бидат навремено информирани (шо,како), затоа што колку што знам лани се укина ради тоа што не беа на време информирани и не имаа време да организираат. А ова година, ако успеат да наредат се на време, ќе полагате и оро ќе играте. Не знам дали средношколците детаљно се информирани, ама ако се, немаат за што да се бунат.

И бај д веј, некој кој нема да положи македонски, не заслужува да се запише на факс, (нема да е строго- ќе се бара миниум) и на тој минимум ако не успееш да положиш... Нема утеха за тебе. И да завршиш утре другиден факс и( се разбира од типот на ФОН) и да не знаеш еден состав на детето да му напишеш... Мизерија.

И англиски да не знаеш 21 век? Уште полошо. А кој знае математика е во предност.

За другите 2 предмети семинарска треба така? И тоа е демек тешко? Да напишеш нешто што те интересира без ограничување?!

И после ова не ја гледам поентата на штрајкувањата и изигравање Млади Бунтовници.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom