- Член од
- 20 јуни 2005
- Мислења
- 132
- Поени од реакции
- 2
Обично избегнувам да го кажам тој збор не можеш, не можам, како и да е. Знам дека не можам нешто да направам дури откако ќе пробам и нема да успеам, па ни тогаш не сум најсигурен. Луѓето што застанале против ветрот промениле нешто во светот и се запишани во историјата. Без разлика од какви побуди ќе се направи промена, ако таа промена води кон подобро тогаш целта е остварена.Не може секој да се адаптира на настанатата ситуација. Да беше така немаше да размислуваме и пишуваме на темава. Точно е дека гледајќи за подобра сопствена иднина не обрнуваме толку внимание на другите, гледаме да ги завршиме оние работи за кои сме сигурни дека ќе бидат успешни. Сакале или не да признаеме длабоко во нас сите сме себични, кај некои таа себичност е поизразена кај некои помалку. Сакајќи да успееме ставаме маска на непоразителност и цврста решеност да успееме...за сметка на тоа човечкото го потиснуваме длабоко во нас. А тоа сепак постои, не исчезнало, не сме го заборавиле.
Вистинските пријатели се ретки пред нив нема маски, пред нив доаѓа до израз онаа човечност за која зборував. Тука само ќе дополнам ретки се и оние кои имаат вистински пријатели.:wink:
Не можеш сам против ветерот факт. Секогаш гледај со малку скептицизам на работите за да уживаш во она што ќе следи. Ако гледаш премногу оптимистички можеби и повеќе ќе се разочараш.
Околу советов твој да се гледа со скептицизам на работите, да го прифаќам но, зашто мешаш скептицизам и оптимизам тие немаат никаква допирна точка. Прочитај во темата за скептицизам. :smir: