ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 192
Непознати лица од џип непозната марка,отвориле жесток автоматски оган кон куќата на Сашо Димчевски (39) која се наоѓа на влезот од скопското село Брњарци. Во моментот на нападот, Димчевски заедно со негови пријатели седеле на балконот од куќата и пиеле кафе. Кон нив напаѓачите испукале цел шаржер со куршуми од автоматска пушка, но, за среќа, никој од нив не бил погоден. Испуканите куршуми завршиле во фасадата на куќата, а неколку и во детската соба и во дрвјата пред куќата.
"Беше страшно. Сите тројца седевме на каучот на балконот и пиевме кафе. Одеднаш застана џип и некој почна да пука кон нас. Се стуткавме еден до друг и со рацете ги покривме главите. Куршуми фрчеа на сите страни. По пукотниците непознатите со голема брзина заминаа кон селото", видно потресена од настанот, ни изјави вчера Весна Георгиевска која заедно со нејзиниот сопруг Марјан Георгиевски дошле на гости во куќата на Димчевски.
Куќата на семејството Димчевски се наоѓа на влезот од селото Брњарци кое пак е речиси споено со селото Арачиново. На влезот од селото има неколку куќи во кои живеат и Албанци. "Јавно ни се закануваат дека ќе не иселат и од ова село", ни изјави вчера еден од мештаните кој вели дека семејството Димчевски важи за едно од најпримерните семејства во селото.
Пред да бидат нападнати, Димчевски и неговите гости забележале како џип подзастанал пред нивната куќа по што продолжил кон селото Брњарци. "Помисливме дека некој заталкал и сака нешто да не праша", објаснува Димчевски. Но по десетина минути непознатите со џипот повторно се вратиле пред куќата и кон нив отвориле жесток оган.
"Не спаси чешмата пред каучот, во која завршија повеќето од испуканите куршуми, инаку сите ќе изгиневме", раскажува Марјан Ѓорѓиевски кој за влакно успеал да се спаси.
Инцидентот го потврди и полицијата. Од таму велат дека се уште го немаат утврдено ни мотивот ни идентитетот на напаѓачите.