Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Ме потсети муабетов да прашам, само за кредите зависеше дали ќе се добијат или не, ако платата на родителите е висока или истото важи и за стипендиите?
И за стипендии се гледа платата од родителите, сега ако имаат големи плати не значи дека ти нема да добиеш стипендија, туку од ставката „примања на родители“ ќе добиеш помалце поени.
Луѓе што биде со конкурсот? Лани бил на 15 октомври, а сега сеуште ни трага ни глас.. Да не знае некој нешто?
Лани аплицирањето на нет било од 8 ноември, лесно е да се провери.
 
Луѓе што биде со конкурсот? Лани бил на 15 октомври, а сега сеуште ни трага ни глас.. Да не знае некој нешто?

Лани беше чинам на 02 ноември, а недела дена покасно, почна пријавувањето преку интернет....

Едит прашање : За оние, кои ја продолжуваат стипендијата, дали е за очекување да ни дадат некој денар пред овие другите ?
 
Јас искрено се надевам дека ке ни пуштат нешто...
минатата година ако добро памтам беше некој ден пред нова година....сега очекувам побрзо хаха :)
 
Колку ќе изнесува сега најголемата стипендија? Има некој точна информација?

Јас колку што разбрав ќе била 4500 денари... А ако не се лажам порано беа 5500 или 6500... Што е финтава? Секоја година намалуваат или?
 
како што знам стипендиите се околу 3600.
 
Јас искрено се надевам дека ке ни пуштат нешто...
минатата година ако добро памтам беше некој ден пред нова година....сега очекувам побрзо хаха :)

Ихх, ќе летам на коњ, ако е така....

--- надополнето ---

како што знам стипендиите се околу 3600.

Али има и за надарени (во учење:pos2:) студенти/ки повисоки стипендии... Е сега, колку се не знам, ама знам дека на Технички се даваат најповеќе

Ај да прашам дали некој е запознаен со ваков случај...
Од 18 предмети од две години, само еден немам положено и нормално е да земам стипендија...
НО, се случи следново. Два предмета од втора година, еден во прв семестар, еден во втор носат исто име, но едниот е бла бла прв дел, другиот бла бла втор дел. И зимото кога виде професорот дека имаме многу бодови по првиот дел, реши да го спои предметот во една. Ама, во индекс ни пишува дека се два предмети. Па така кај едниот пишува само ПОЛОЖИЛ а кај другиот има оценка.
Тоа всушност прави дека сум положил 16 од 17 предмети, но лани кога пријавувавме ги имаме пријавено како два различни предмети....
Како сега ќе го пресметуваат просекот???
Таа на студентски ми вика дека ќе ми го сметале како неположен, а ако е така, ќе немам 90% положени предмети...
Или ако ми го земат како оцена 6 ќе имам просек точно 8, иако по предметот имав бодови за 10-ка...
Ако не земам стипендија ради ова, ќе одам и ќе му ја запалам канцеларијата на професорот :nerv:
 
Само за информатика (електро, пмф ...). И над 9 просек.

Точно. Конкурсот за минатата година испаднал на 15 октомври а еве годинава 5-ти ноември сме а уште нема испаднато ...ваљда ќе ги нема повеќе овие стипендии :( .Дај боже да грешам !!
 
Да бе, за електро и пмф мислам наместо 8.5 и 9.5, просеците се 8 и 9 демек најтешки...:)

1. Не е електро и ПМФ, туку е за сите технички факултети. Место просек 8.5, се бара просек 8.0. Не дека се најтешки, туку дека се технички. (ова е за стипендијата 3 600)
2. Таа стипендијата од 5 500, неможе да ја зема секој кој има просек над 9.5. Работата со таа стипендија е во тоа што за да ја земаш ти треба да студираш ИНФОРМАТИКА и да имаш просек над 9. Значи таа стипендија може да ја зимаат само студенти што се на електро на ики, на информатика на пмф, информатика на приватните универзитети (и да имаат просек над 9 нормално). Може и да сум прошуштил некој смер.
Муабетов ми е: ти ако студираш филозофски и ако имаш просек 10.00, моеш да ја зимаш стипендија од 3600 а не од 5500, џабе шо имаш просек.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom