Ај да прашам дали некој е запознаен со ваков случај...
Од 18 предмети од две години, само еден немам положено и нормално е да земам стипендија...
НО, се случи следново. Два предмета од втора година, еден во прв семестар, еден во втор носат исто име, но едниот е бла бла прв дел, другиот бла бла втор дел. И зимото кога виде професорот дека имаме многу бодови по првиот дел, реши да го спои предметот во една. Ама, во индекс ни пишува дека се два предмети. Па така кај едниот пишува само ПОЛОЖИЛ а кај другиот има оценка.
Тоа всушност прави дека сум положил 16 од 17 предмети, но лани кога пријавувавме ги имаме пријавено како два различни предмети....
Како сега ќе го пресметуваат просекот???
Таа на студентски ми вика дека ќе ми го сметале како неположен, а ако е така, ќе немам 90% положени предмети...
Или ако ми го земат како оцена 6 ќе имам просек точно 8, иако по предметот имав бодови за 10-ка...
Ако не земам стипендија ради ова, ќе одам и ќе му ја запалам канцеларијата на професорот :nerv: