Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Од оние што за прв пат ке конкурираат беше некој да провери што како? немој да не зезнат, а ние да си чекаме на страната :Ѕ
Мислам дека сеуште нема ништо, кога ќе дознаам ќе бидеш известена ;)
 
За оние што ќе конкурираат по прв пат ке има известувања на "страната" и мислам дека ке биде тоа одприлика за месец или два најкасно,без гајле
А за тие што конкурираат по втор пат потребните документи треба да се поднесат најкасно до 20ти Ноември! Thats all :)
 
Ај уште малку да позамарам-што мислат под Препис од уверение за државјанство на Република Македонија? Треба нов да вадам или нешто кај нотар се завршува? :Ѕ
 
луѓе ај ве молам дајте број од министерството или кажете сигурно дали е до крај на месецов или до 20ти Ноември, бидејќи не сум од Скопје за да одам да прашам до министерство плус за една недела ми почнуваат колоквиумите, па не сакам да губам еден ден за џабе ако може да се продолжува до Ноември.

Ви благодарам однапред за одговорите:smir:
 
Имаш одговор на твоето прашање 2 постови погоре,но,бидејќи не веруваш во моите информации еве ти број +389 2 3117 896 па таа тетката таму ќе ти го каже истото што го напишав и јас.

Ако не и веруваш и неа бујрум contact@mon.gov.mk

Крајна дестинација ти е: Министерство за образование и наука
ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб
1000 Скопје
Република Македонија

Со среќа!
 
Ај уште малку да позамарам-што мислат под Препис од уверение за државјанство на Република Македонија? Треба нов да вадам или нешто кај нотар се завршува? :Ѕ

Фотокопија од Уверение заверена на нотар
 
Добро уште ништо нема на сајтот извадено? Што чекаат? Да заврши конкурсот па да објават?
 
Едно прашање.
Имам 2 неположени предмети од вкупно 21, еден од прва и еден од втора година. Во прва година зимав стипендија, ќе можам ли и сега да аплицирам??
 
Штом сега си запишал трета година, прва треба да ти биде чиста.
 
Имаш одговор на твоето прашање 2 постови погоре,но,бидејќи не веруваш во моите информации еве ти број +389 2 3117 896 па таа тетката таму ќе ти го каже истото што го напишав и јас.

Ако не и веруваш и неа бујрум contact@mon.gov.mk

Крајна дестинација ти е: Министерство за образование и наука
ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб
1000 Скопје
Република Македонија

Со среќа!

Ти благодарам премногу, денес конечно некој ми крена на тел после 2дена упорно ѕвонење и жената ми рече дека стипендиите можат да се продолжат до онаа дата што ја пишува во договорот што го потпишавме со министерството.

Е сега јас лани прв пат земав стипендија, ама договорот ми е дома а јас сум во друг град и татко ми се скинал од барање и неможе да го најде:kesa:. Се пренервирав па имам една молба до оние кои лани прв пат земаа стипендија, да видат во нивните договори и да ми пишат.

Ќе ми направите голема добрина, ве молам

Поздрав
 
Во нашите договори, значи лани прв пат земав, пиши до 20 ноември, ама се јавив и таа тетката ми кажа дека можи до само до 30 октомври... Не знам, шо да кажам повеќе
 
така ти има кажано бидејќи сега нема гужви. И јас земав лани прв пат и ми рече до датата на договорот, ама ако сакаш дојди до 30ти Октомври ми рече сега нема гужви, затоа.

Значи до 20ти Ноември е во ланските договори?
Оф ми олесна, фала
 
Едно прашање.
Имам 2 неположени предмети од вкупно 21, еден од прва и еден од втора година. Во прва година зимав стипендија, ќе можам ли и сега да аплицирам??
како жити бога си успеал да земеш стипендија во прва година?? како што знам, од втора па натака можеш да земеш, али во прва јок. :S иначе ако те пуштиле од студентски да запишеш трета година, тоа значи дека ти е дозволено да упишеш со -1 предмет од прва, што значи дека ако имаш просек можеш да аплицираш :)
 
знае ли некој кој беше начинот за пресметување на просек за оценки од на факултет? нешо се множеше, делеше, додаваше...:)?
 
Ги собираш сите оценки од сите предмети што ти се положени и ги делиш со бројот на предметите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom