Стипендии

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
Не ми е јасно ова со поениве како оди. И шо им значи то “дефицитарност на кадрите од одреден профил“?
Нервоза уште од сабајле, не ми дадоа, а имав просек. :nerv:
 
*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
Тие што се од прелиминарниот список се всушност добитниците на стипендија.

Сега ке ви дадат рок во кој ќе треба да поднесете документи и на сајтот ќе пишува потребни документи кои треба да се однесат. Ако ви се исправни документите кои ќе ги поднесете ја добивате стипендијата. Ако не можете да извадите некој документ тогаш нема.

Тие што ги нема на прелиминарниот список не се добитници и то е то.
ок!!!!фала многу!!!!!јас нешо друго си мислев!!!!!УФФ МИ ОЛЕСНА....сум добила значи:je::je::je:
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.164
Поени од реакции
6.044
Нешто не ми е јасно. Изјавиве дека не сум корисник на друга стипендија и дека документите што ги приложувам се вистинити треба да бидат заверени на нотар? Ај ако знае некој нека каже.
 
La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
И имав солиден просек и не се гледам на списоков и сега што да правам?
Да знаев за кредити ќе аплицирав :tapp:
 
TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
И имав солиден просек и не се гледам на списоков и сега што да правам?
Да знаев за кредити ќе аплицирав :tapp:
Епа аплицирај.
Можеш да аплицираш за кредит ако те одбиле за стипендија.
Рокот за аплицирање за кредити е до 19 а тоа е утре.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Епа аплицирај.
Можеш да аплицираш за кредит ако те одбиле за стипендија.
Рокот за аплицирање за кредити е до 19 а тоа е утре.
Да ама ако има просек за стипендија... зошто да аплицира за кредит... нели е мачно да се трудиш и да учиш и на крај... ништо од тоа.

Најпосле... подобро нешто отколку ништо, ама најдобро ќе беше да им оди директно во министерство.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889

Ништо нема да направи ако оди во министерство ќе ја вратат и ќе и речат веќе има избрани.
Има илјадници аплицирани освен просекот многу навистина се гледа во платата на родителите. Ако имаат висока плата те одбиваат за стипендија. Тоа им го направија на половина мои другарки. Не можат сите да ги примат.

Лани во ист период беа апликациите за кредит и стипендија и превземаш ризик за што да аплицираш.
Оваа година подобро гледаш те нема на список за стипендија и земи веднаш аплицирај за кредит. Подобро две илјади и нешто месечно отколу ич.
 
Море у ПМ се...
 
*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
еј а колку се плаќа уверение за предемти на правен?????
 
MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
Кај се наоѓа министерството за образование ( ул. пролет бр. 1 ) ? Можи некој на гугл мапс да бележи некако ? Или поописно да кажи кај се наоѓа, пошто не сум од Скопје... Да речиме тргнувам од Железничка...
 
Crazy

PaRtY aNiMaL
Член од
16 февруари 2006
Мислења
684
Поени од реакции
4
Се наоѓа до Мекдоналдс во центар. Или фаќаш 5, 15, 23 од железничка и се симнуваш на станицата после градска болница(црвениот објект :) ) и од таму е лесно после.
 
MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
Данкешен, то со мекдоналдс ко го рече одма ми текна... Ама не е то Димитрие Чуповски улицата? Или ул. Пролет се наоѓа исто таму?
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Се наоѓа до Мекдоналдс во центар. Или фаќаш 5, 15, 23 од железничка и се симнуваш на станицата после градска болница(црвениот објект :) ) и од таму е лесно после.
Погрешно. Тоа е главното седиште на Министерството за образование и не се поднесуваат таму документи за стипендија.

Кај се наоѓа министерството за образование ( ул. пролет бр. 1 ) ? Можи некој на гугл мапс да бележи некако ? Или поописно да кажи кај се наоѓа, пошто не сум од Скопје... Да речиме тргнувам од Железничка...
Ул. Пролет е карши Тутунски Комбинат. Тоа е во зграда веднаш до комбинатот. Или некои си 20тина метри од Кај Злате или 50тина метри од ДОС оноа високана зграда со точно време и прогноза :icon_lol: ако гледаме на другата страна. Од Железничка не е многу одалечено 200 метри може отприлика.
Битно е да се стигне до Тутунскиот Комбинат и после ќе видиш пред зграда како чекаат 100тина луѓе и јасно ќе ти е дека си на вистинското место:)
 
MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
Погрешно. Тоа е главното седиште на Министерството за образование и не се поднесуваат таму документи за стипендија.

Ул. Пролет е карши Тутунски Комбинат. Тоа е во зграда веднаш до комбинатот. Или некои си 20тина метри од Кај Злате или 50тина метри од ДОС оноа високана зграда со точно време и прогноза :icon_lol: ако гледаме на другата страна. Од Железничка не е многу одалечено 200 метри може отприлика.
Битно е да се стигне до Тутунскиот Комбинат и после ќе видиш пред зграда како чекаат 100тина луѓе и јасно ќе ти е дека си на вистинското место:)
Хаха тенк ју вери мач ! Ме спаси :D :smir: омфг можам да замислам шо ќе се дешава задутре... мразам гужви :nesvest:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom