eBay (официјална тема)

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.092
Поени од реакции
1.370
Moneybookers и 3 - 4 Кинески сајтови да ми се живи и здрави...Испорака за 5-14 дена. Пишуваат ти што ке им кажеш...Gift кажи им, како gift ќе го назначат, 10$ кажи им, 10$ пишуваат вредност дека е... Custom services can suck my lollipop
Може да посочиш кои се тие кинески сајтови што може да се купи со Moneybookers?
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Си најдов еден блузон на ebay кој чини 64 $ а пратката до тука изнесува уште 36 $ што значи вкупно 100 $.

Знае некој дали (ќе) треба да платам уште нешто додатно како на пример царина или нешто?

Нешто слушнав ако тоа што го земам е над 50 евра се плаќа царина, а имам купувано работи над 50 евра па не сум платил ни денар повеќе од цената.

Ако не треба нешто додатно да плаќам, да го купам одма!
 
Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168

поарно иди на asos.com имаш блузи од 6 фунти па нагоре, стигнуваат за 9-10 дена
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
поарно иди на asos.com имаш блузи од 6 фунти па нагоре, стигнуваат за 9-10 дена
Да сакав вакви ќе отидев до шутка :)

Блузонот што го барам (и што може да ми стигне до дома) го најдов единствено и само на ebay, марка ECKO се решив да дадам толку пари (еднаш) само да не излезе дека треба да дадам дупло, тоа ми е.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Мене ме интересира дали може да продаваш од МКД на e bay?
 
Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
Да сакав вакви ќе отидев до шутка :)

Блузонот што го барам (и што може да ми стигне до дома) го најдов единствено и само на ebay, марка ECKO се решив да дадам толку пари (еднаш) само да не излезе дека треба да дадам дупло, тоа ми е.
јас порачав армани блуза околу 50 евра и ми стигна не би рекол дека ке ја најдеш во шутка :)
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
јас порачав армани блуза околу 50 евра и ми стигна не би рекол дека ке ја најдеш во шутка :)
Оди прашај во шутка некој дали има армани да видиш :) СИте имаат и сите се оригинал бе! :pos:

Инаку види што ми треба:

Ова нигде го нема освен на ebay у пм!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
nad 45evra sekoja stoka se carini so stapka od 15% plus 18%ddv na celata suma. 45 evra tuka spagja se vkupno proizvodot i postarinata
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Да сакав вакви ќе отидев до шутка :)

Блузонот што го барам (и што може да ми стигне до дома) го најдов единствено и само на ebay, марка ECKO се решив да дадам толку пари (еднаш) само да не излезе дека треба да дадам дупло, тоа ми е.
Јас имам порачано блузони 3 во еден исти пакет со вредност од 175 евра, не платив ни царина ништо. СЕ ЦАРИНИ НАД 300 ЕВРА
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
За облека е 17.5% царина и 18% ддв, доколку е со европско потекло царината е 2.5%

Јас имам порачано блузони 3 во еден исти пакет со вредност од 175 евра, не платив ни царина ништо. СЕ ЦАРИНИ НАД 300 ЕВРА
45 евра е за пошта. 300 евра е за на граничен премин. Тоа што не ти царинеле пакет со таа вредност е исклучиво нивна добра волја, ги мрзело да се замараат, или не ја провериле вредноста.
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
nad 45evra sekoja stoka se carini so stapka od 15% plus 18%ddv na celata suma. 45 evra tuka spagja se vkupno proizvodot i postarinata
За облека е 17.5% царина и 18% ддв, доколку е со европско потекло царината е 2.5%

45 евра е за пошта. 300 евра е за на граничен премин. Тоа што не ти царинеле пакет со таа вредност е исклучиво нивна добра волја, ги мрзело да се замараат, или не ја провериле вредноста.
2-3 пати имам порачано нешто што вреди над 50 евра, ни еднаш немам платено ни денар повеќе.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
2-3 пати имам порачано нешто што вреди над 50 евра, ни еднаш немам платено ни денар повеќе.
И јас имам нарачано многу пати до сега, и затоа го реков тоа. По закон е 45 евра. Еве го моето искуство. За хард диск од 250 долари пратка, не ми побараа ништо. За хард диск од 200 долари пратка ми наплатија царина. Јасно е нели, како ќе им текне. И во двата случаи по закон требаше да се наплати. Свежо искуство, рутер кој чинеше околу 60 долари, у евра околу 48-50, зависно од курсот, ми стигна писмо од царина, идам таму и се праам на удрен дека на денот на нарачката било под 45 евра, а тој ми рече дека го гледаат денешниот курс и дека е над 45 евра и треба да се плати. Ама се мислеше едно 30 секунди и ми рече ај ќе ти го пуштиме без царина. И конечно, ова е ептен тазе, Kindle од Амазон, 160 долари пакет, значи над 45 евра, а под 300 евра, си платив царина. Истовремено ми стаса пакетче со златен накит у вредност од околу 100 евра, за тоа не бараа ништо, стаса у сандаче. У меѓувреме сум имал повеќе пакетчиња што биле и под и над 45 евра, и не ми барале ништо.

Сакав да кажам, законот е тој, над 45 евра преку пошта треба да се плати, а искуството е различно, ама ти однапред не можеш да знаеш што ќе те снајде. Може има и врска што содржи пратката, па за облека, книги, накит да прогледуваат низ прсти. Но знам и случаи кога за патики од 50-60 евра е наплатена царина. Тоа е. Ако ти е меракот голем, не му мисли на царината.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
а иначе за колку време одприлика ви стигале пратиките,колку било најбрзо а колку најмногу временски?

бидејќи ја што нарачав на втори овој месец уште ми нема стигнато а минати се 20 дена ?

го нарачав преку
USPS First Class Mail InternationalTM (US $12.76 Macedonia)
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
а иначе за колку време одприлика ви стигале пратиките,колку било најбрзо а колку најмногу временски?

бидејќи ја што нарачав на втори овој месец уште ми нема стигнато а минати се 20 дена ?

го нарачав преку
USPS First Class Mail InternationalTM (US $12.76 Macedonia)
Обично се околу 15 РАБОТНИ денови. До сега најспоро ми стигна нешто за 30 дена а најбрзо за 10.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom