2-3 пати имам порачано нешто што вреди над 50 евра, ни еднаш немам платено ни денар повеќе.
И јас имам нарачано многу пати до сега, и затоа го реков тоа. По закон е 45 евра. Еве го моето искуство. За хард диск од 250 долари пратка, не ми побараа ништо. За хард диск од 200 долари пратка ми наплатија царина. Јасно е нели, како ќе им текне. И во двата случаи по закон требаше да се наплати. Свежо искуство, рутер кој чинеше околу 60 долари, у евра околу 48-50, зависно од курсот, ми стигна писмо од царина, идам таму и се праам на удрен дека на денот на нарачката било под 45 евра, а тој ми рече дека го гледаат денешниот курс и дека е над 45 евра и треба да се плати. Ама се мислеше едно 30 секунди и ми рече ај ќе ти го пуштиме без царина. И конечно, ова е ептен тазе, Kindle од Амазон, 160 долари пакет, значи над 45 евра, а под 300 евра, си платив царина. Истовремено ми стаса пакетче со златен накит у вредност од околу 100 евра, за тоа не бараа ништо, стаса у сандаче. У меѓувреме сум имал повеќе пакетчиња што биле и под и над 45 евра, и не ми барале ништо.
Сакав да кажам, законот е тој, над 45 евра преку пошта треба да се плати, а искуството е различно, ама ти однапред не можеш да знаеш што ќе те снајде. Може има и врска што содржи пратката, па за облека, книги, накит да прогледуваат низ прсти. Но знам и случаи кога за патики од 50-60 евра е наплатена царина. Тоа е. Ако ти е меракот голем, не му мисли на царината.