На друга тема напиша дека имаш кабловски интернет со статична ИП, исти имам и јас.
Сега за проба вака направи, подигни го Линуксот од ливе ЦД (не од ХДД), чим се подигне линуксот мрежните поставки сам си ги конфигурира (под услов да имаш и виндовс инсталирано, со тоа и кабелскиот интернет)не чепкај ништо околу тоа, подигни ја Мозилата, Операта....и пробај да сурфаш би требало се да е во ред.
Ако сега ти работи интернетот значи на инсталираниот линукс нешто несакајки си изместил. Е сега што си збуричкал којзнае сам си работел и не губи време да бараш, полесно и пократко трае е наново да го инсталираш линуксот но овој пат пушти да се инсталира без многу да интервенираш, нека сам по дифолт си ја заврши работата.
Откако ноинсталираниот линукс ќе се подигне ќе те извести за достапни надградби, пушти го и тоа да го направи (од тебе се бара само клик два), со тоа сите инсталирани програми и драјвери ќе бидат надградени.