Најчудно и најинтересно додворување

  • Креатор на темата Креатор на темата ^BaRbIkA^
  • Време на започнување Време на започнување
Во кафич, имаше салфети на масата и типот зеде една ја направи некако ко цвеќе и ми ја подаде.

Во меѓувреме додека ја виткал ко цвеќе јас бев свртена на другата страна и не го видов што прави. Кога ми ја подаде ја зедов и занесено ја оставив на масата, не ни видов што е, мислев ми ја подава онака за да ја оставам. :icon_conf
И искоментира нешто во стилот еј ни фала не рече. После кога видов што е само се насмеав. Ми објаснуваше дека не му успеала финтата.
 
Ситуација-јас од едната страна во базен-он на спротивната. Го посматрам некое време(низ наочарите за сонце, оф корс) како една девојка му се пушта а он некако делува незаинтересирано, се вртка натаму-наваму(дури ми падна жал за девојката). Ја вртам главата на друга страна и после една минута-ете го до мене.
он-Здраво
јас-Здраво
он-Ќе се омажиш за мене?
јас-(после 10минутно смеење)Имаш прстен?
он-Не, ама ги гледаш оние двајца заљубени што седат спроти нас?
јас- Аха
он-Ако ги претепам и им ги земам бурмите тогаш ќе се омажиш за мене?
јас-Дечко, реков дека без прстен не бива а како ќе стигнеш до прстен тоа е твој проблем...уште си тука?(2 пива на празен стомак и сонце што удира во глава...тоа е)
И така се изнасмеав ја а тој мртов озбилен ме гледа и ми вика-Ја имаш најубавата насмевка што ја имам видено.
Мене уште повеќе ме фаќа смеа и преминува во неконтролирано смеење(прв пат такво нешто да ми се случи)
И тогаш следуваше од кај си, како се викаш и сл.
После тоа имаше уште неколку други испади, ама будалетинка е човекот, тоа е.
Имаше голем плус што ме смееше многу, многу често...
 
Седам на шанк со една девојка што ми се свиѓа и и викам ај се кладиме у 100 денари дека ќе те бацам у уста без да ти ја допрам усната...и ми вика еј? како бе?,вадам 100 денари од џеб ја залапувам и и викам изгубив јебига :) И се насмеа :)
 
познат сум по ексцентричните постапки, и отсекогаш не сум имал проблеми со тоа кој што ќе рече.
сум отпукал најсекакви работи од кои една беше "срцке би те излижал од глава до пети а би се задржал меѓу нозе" на една срцка што се знаеме подолго време а тогаш усфари се мував со друга .. и наинтересното е што позитивно делуваше, имаше позитивна реакција :)
ова беше кога бев у фраерска форма сеа електро ме затупе, ама се враќам пак во форма :cool:
 
Не беше толку чудно, колку што беше морбидно.
Се враќам со такси, на семафор глеам дечко ми се смешка од друга кола.
Стигнувам пред зграда, излагам од такси и гледам дека дечково ме следел. :eek:
Се скаменив, ми поминаа милион филчиња у глава, зашто беше со уште еден во кола. Веројатно сум пребледела и сум изгледала многу исплашено што првата реченица му беше "Девојко, не ти правам ништо. Убава си и сакам да се упознаеме". Noup! Каков и да беше, не го приметив зашто ми требаше време да се соземам од шокот. Фино му кажав не, зафатена сум и да ме нема.

Последново беше на шалтер у банка. Пред мене долг ред од дедовци и баби, со сметки у рака, подготвени да вратат сила од младоста, само ако им земеш место. Надвор пука сонце, а ти погледнуваш на саат и пресметуваш дека веќе половина час стоиш во редица, односно си мрднал за тројца.
Влегува зад мене дечко и ме прашува дали сум последна. Очигледно дека сум, зашто зад мене нема никој друг. Поминува минута, ми се обраќа со муабет жешко е. Да дечко, очигледно е дека е жешко, помислив. Не искоментирав ништо, ама типот осети дека сум напиздена и веќе не ми проговори. :)
 
Се враќам од Водно и си велам, ај да си купам сок да се освежам дома. Се погоди продавачкава да е слатко насмеано девојче, а јас таков целиот испотен и забревтан си земам сок. Сокот 55 денари, па се закаравме на шала за кусурот. И си отидов.

После минута време се укопувам сред пат, ми се врти на ум дал се вратам ил да не се вратам... и се вратив. Немав поим што да кажам, само знаев дека ќе се избламирам и влегувам назад. Таа ме гледа зачудено и вели "Да не заборавивте нешто?", а јас ја гледам насмеано во очи и и велам "Не!". После некоја секунда: "Морам да признаам дека ми остави добар впечаток." Се утепав од срам, не поради пуштањето, туку поради несмасната реченица.

Long story short, досега уште 6-7 пати сум купил сок само од таа продавничка, ама никако да го натерам девојчево да излезе со мене.
 
Ќе зеам за право да го цитирам ова на еден стар другар.
Таксират пред 7-8 години.
Копиљаци. Дотичната женска особа, да останеш со подотворена уста. Насмевка,Очи, без коментар.
Се запознаваат преку трети особи, девојчево гледаш дека е затрескано во него 100 на сат. И моментот кога се претставува е врвот:
-Македонка(ова се однесува на нејзиното име, така се викаше девојчето), мило ми е!
-Другаров пијан и парче направен, не може да се возржи од смеење, и се смее во лице и вика: Турчин - мило ми е!

После ова девојчето се вцрвена и го снема за 1 секунда од Таксират. Стварно ја оплескал другаров али цел живот ќе се смеам на ова пошто ептен спонтано се дешаваше! :ROFLMAO:
 
Во Штип завчера отидовме да се изнажуркаме.Пријател ми договори со две девојки.Дур ги чекавме јадевме пастрмајлија.Се видовме во Ангелс кафичот и дознав дека едната е зафатена другата не.На почеток не правев муабет да видам дали некоја од нив е заинтересирана.Не делуваше ништо но кога дојдоа уште 5 другарки нејзини од која една и се пуштив толку добро,мислам имаше таква хемија што никогаш досега не сум ја видел кај девојка.Таа беше плава,малку пониска од мене,па ја зезав дека сака повисоки мажи.Ја тестирав нејзе да видам дали е заинтересирана или не.Правев најпријателски муабет и давав погледи и насмевки и она се смееше.И во еден момент јас од никаде и ја истурив пијачката и она не се наљути.И велам јас сум лошо момче кое бара девојка како тебе.Она слатко се насмеа и продолживме со муабетот.И при крај некаде и ги кажав зборовите што ја стопија и не се почуствувала така со ниеден.И реков знаеш ти си многу убава девојка и секој маж може да биде твој,доволно е да се насмееш и ќе го имаш.Но јас не сум секој и знам нешто што другите незнаат.Може ќе се правиш цврста и нема ништо овие зборови да ти значат,но мене не ме интересира.Го вадам новчаникот и го давам во рака и велам,еве погледни колку пари има внатре слободно можеш да ги земеш ако не е така.Таа страна што јас само ја знам е цврста однадвор но ранлива како мало девојче.Мислам дека ја стопив и дадов уште некои комплименти и се смувавме.Ми даде мобилен и скајп и се слушаме.Ако некогаш дојде во Скопје ќе уживаме на кафе и ќе ја прошетам како никогаш досега.
 
знаеш како со женски, од каде ти е техникава ? ме потсеќа на мене :)
 
А ти ги зема парите од новчаникот? :)
 
Fake.
Тоа со парите, поеќе ти било да кажиш оти си носел пари со тебе, него да и докажиш нешто останато.
 
Не верувајте,не ми ги зема парите.Затоа што ја добив нејзината доверба.
--- надополнето: Jun 14, 2011 4:32 PM ---
знаеш како со женски, од каде ти е техникава ? ме потсеќа на мене :)
Од читање на многу книги за женска психологија.
 
Не верувајте,не ми ги зема парите.Затоа што ја добив нејзината доверба.
--- надополнето: Jun 14, 2011 4:32 PM ---

Од читање на многу книги за женска психологија.
mi se svigja prviot tvoj post :)

a inaku ne e loso da dadis od toa knigata za nekoj drug da procita nesto :)
 
Моето додворување на сегашната партнерка.
Гледавме романтичен филм со друштво и типот на филмот и даде букет рози на девојката. Тогаш таа искоментира нешто од типот „Еј , и ја сакам некогаш вака некој мене да ми даде “.
Кога требаше да се иде по екстра грицки сред филм јас се пријавив да идам , трчав ко луд до локална цвеќара да не затвори (5 за 8) и сакав да земам букет рози но немаше и девојката што работеше ми препорача букет Кали да ми направи. Причекав 2-3 минути набрзина додека го правеше , во меѓувреме пишав порака на пријателот за кога ќе дојдам да ја пратат неа да ми отвори влезна врата , знаеше он веќе што е муабетот (дека ми се допаѓа , не дека ќе и купам цвеќе) . Го земав букетот , земав грицки и Фанта и појдов . На врата заѕвонив со букетот зад грб , она ја отвори вратата и јас користејќи ја истата реплика од филмот и кажав „Овој прекрасен букет е за вас, млада дамо “ . Она започна да се смее , и се насолзија очите и ме гушна силно.
Тогаш и првпат се бакнавме :) .

П.С : после неколку дена дознав дека Кали и е омилено цеќе. Коинциденција.
 
Тоа што секој маж треба да знае за девојка е дека треба да е искрен,да знае кога треба да и даде внимание,кога тоа внимание ќе треба да го одвлече од неа.Тој треба секогаш да биде лидерот а не она,моментот кога тоа ќе се промени да она води,е моментот кога ќе ја изгубиш.Никогаш не ја контролирај девојката,не и љубомори.Слободата на врската е тоа што секој треба да се строи,со слободата се гради и доверба.Љубомората е тоа што покажува слабост кај таа личност.Ако е во најдобро понашање и ти дава се и сешто возврати и ти исто.Купи и цвеќе со порака:Ова е за прекрасниот месец поминат со тебе,за тоа што секогаш ми даваш подршка и сила да идам понатаму и милон други идеи,кои ако ги споделам ќе ја изгубат вредноста на моето јас.Биди иновативен секогаш измислувај нешто ново.Второ ако се гледате премногу секој ден и тоа исто ќе ја убие романсата.Дијамантите се скапоцени затоа што се ретки.Трето никогаш не ги губите свои вредности како пријатели,вашите хобија и работа за неа.Ако тоа го разбира ок ако не има милион други што ќе го разберат.Тоа е тоа за сега повеќе ако сака некој да дознае нека пише.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom