Нема овде логика.
Двотактните мотори немаат вентили што ги прави доста поедноставни во конструкцијата и цената на моторниот погон. Полесни се и поефтини се да се изградат (помалку делови, поедноставна работа итн). Овие мотори даваат поголема сила (два пати повеќе споредено со сличен 4-тактен мотор) бидејќи испалуваат искра еднаш на секоја револуција, а 4-тактните еднаш секоја втора револуција. Со ова тие се поексплозивни и поврзи од 4-тактни мотори. Ништо не може да замени старт од двотактен мотор, само 125 кубици се доволни да не можиш да ги додржиш рачките при старт, ако успееш да не го кренеш на едно тркало.
Негативните страни на двотакните машини се: краток век на траење (поради лошото подмачкување на моторот), доста скапи за возење (на еден резервоар се додава 250 грама масло), потрошувачката на гориво е енормно поголема отколку кај 4-тактните мотори бидејќи согорувањето оди заедно со маслото (мешавина од бензин и масло за подмачкување), ваквиот начин не еколошки а ниту ефикасен. И плус имаш бел чад од ауспухот (од маслото) и при секое дополнување на гориво секогаш имаш капење на масло од ауспухот. Јас имав 125 кубици 2 тактен трошеше 12 литри а шибаше 150 км/ч
Отприлика ова е приказната...