Дали е време да се покрене обвинение за ОКТА?

Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Jasno mi e toa mene deka Makpetrol e drzava vo drzava. Ama rabotata e dojdena do sud. Zatoa prasuvam formalno-pravno, kakva uloga ima Makpetrol i preku kogo?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Влашка работа батка.:(
Eве кој е Макпетрол деновиве:
Електронската картичка, како замена за досегашните здравствени книшки, треба да профункционира за една година со компјутерско поврзување на сите болници во земјава.
Прв компјутерска опрема доби Фондот за здравствено, за мрежно поврзување со 30 подрачни единици.
Опремата вредна 500.000 долари ќе ја набави „Макпетрол“, чија понуда беше избрана на меѓународниот тендер.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Nemoj slucajno da si pavis bajram na umot deka tatarot ne znael sto potpisue.

Mene ne mi e jasno kako mozele po inicijativa na Makpetrol da go raskinat Bilateralniot dogovor? Dobro, Makpetrol mu e desna raka na Branko, no koja e formalno-pravnata uloga na Makpetrol i preku kogo vo Makpetrol odi celata rabota?

Ako Branko se "zastitil" preku Ustaven sud, togas neka go izedat stapot tie od Ustaven!!!!
Превише памет му наметнуваш на "татарот". Сите приказни за него како личност имаат горе-доле вистински почеток. Самиот е нестабилен политички играч, а се повлече од 20% вистински лични причини. Неговата кривица е што потпишал, а кој го има смислено напишаното, е нешто што неможе да се прочита во медиумите.

Пред уставен суд, СЕКОЈ, може да поднесе барање за испитување на уставност на БИЛО КОЈ договор, закон, правилник или решение.

Се е било предвреме испланирано... за да не се поврже партиски т.е. СДСМ е крив, "крив" ќе биде Макпетрол, демек се бунтува против монополот за увоз... а Макпетрол и Окта си имаат свој малопродажен дил. Уставниот суд го раскинува договорот за кој вели дека е монопол (тука се појавува прашање зошто никој до сега го нема оспорено договорот со Телеком или моменталниот дил со EVN?)

Мое мислење е дека грците се имаат нешто заебано во првиот договор, потпишан во мај 1999, и затоа после само два месеци, тој ист договор се појавува во законот кој е оспорен од уставниот суд, како референца. Референца ОК, но каде е оригиналот? Дали за првичниот договор важеше правилото дека сите меѓународни договори се унилатерални и со кој закон и кога, тоа се смени?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Превише памет му наметнуваш на "татарот". Сите приказни за него како личност имаат горе-доле вистински почеток. Самиот е нестабилен политички играч, а се повлече од 20% вистински лични причини. Неговата кривица е што потпишал, а кој го има смислено напишаното, е нешто што неможе да се прочита во медиумите.

Пред уставен суд, СЕКОЈ, може да поднесе барање за испитување на уставност на БИЛО КОЈ договор, закон, правилник или решение.

Се е било предвреме испланирано... за да не се поврже партиски т.е. СДСМ е крив, "крив" ќе биде Макпетрол, демек се бунтува против монополот за увоз... а Макпетрол и Окта си имаат свој малопродажен дил. Уставниот суд го раскинува договорот за кој вели дека е монопол (тука се појавува прашање зошто никој до сега го нема оспорено договорот со Телеком или моменталниот дил со EVN?)

Мое мислење е дека грците се имаат нешто заебано во првиот договор, потпишан во мај 1999, и затоа после само два месеци, тој ист договор се појавува во законот кој е оспорен од уставниот суд, како референца. Референца ОК, но каде е оригиналот? Дали за првичниот договор важеше правилото дека сите меѓународни договори се унилатерални и со кој закон и кога, тоа се смени?
Па ние за многу договори имаме "пу,пу,пу-не важи" па откако ќе се прочешла и ќе се најде маж да го "збрложи" па да почне да важи.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Треба : секој нека одговара за глупостите што ги направил!!! :star:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
АФЕРА: OKTA!

Еве уште еден скандал кој ја потпресува македонската јавност. Скандал за кој ќе плаќаме отштети во следниве 20 години. Милиони евра кои ќе им ги даваме на државата наместо на нашите деца!
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Антикорупционерите што работеа на овој случај како главни
актери во целата приказна за штетниот договор со контроверзните клаузули ги издвојуваат тогашните функционери, премиерот Љубчо Георгиевски, министерот за финансии Борис Стојменов, директорот на Агенцијата за приватизација Марјан Ѓорчев и тогашниот директор на „Окта“ Панде Ѓеоргиевски. Георгиевски беше потписник на Меморандумот за разбирање со кој беа договорени сите услови за продажбата на „Окта“. Борис Стојменов и Марјан Ѓорчев беа потписници на договорот за продажба на рафинеријата.
- Не треба да се исклучи од одговорност и тогашниот директор на „Окта“, бидејќи тој бил запознаен со сите работи, но не реагирал - вели Илми Селмани од Државната комисија за спречување на корупцијата.
Драган Малиновски, еден од експертите што работеа на случајот „Окта“ во антикорупциската комисија, вели дека како виновниците не смеат да се занемарат ни нивните советници и сите оние што биле во допир со договорот и знаеле колку е штетен за државата.
Тој вели дека ако досега се покренеше обвинение против виновниците Македонија не ќе мораше да се ценка со Грците, бидејќи според членот 46 од Законот за корупција ако е поведена постапка за некој случај, сите обврски од него престануваат. Значи сега не ќе моравме да се грижиме за милионскиот долг што ќе треба да го платиме на „Хеленик
петролеум“ затоа што не земавме мазут од нив. - Сега ќе платиме отштета што не набавувавме по 500.000 тони годишно во изминатите 5 години, но што ќе правиме за наредните 5 години, и наредните 5, и тие по нив - прашува Малиновски.
Веќе 4 години обвинителството се обидува да собере докази за случајот „Окта“. Во меѓувреме дејствуваат штетните последици
од продажбата, која, според податоците, беше багателна.
Отштетата што ја наведуваат грчките весници за набавката на
мазут е поголема од сумата за која сме го продале контролниот
пакет на акциите за „Окта“. Според договорот за купување на
54,19 отсто од акциите на „Окта“, „Хеленик петролеум“ на
Македонија требаше да и исплати 32 милиони долари на рати, и
тоа една рата во износ од 22 милиони долари да уплати на ескроу-сметката, а другите 10 милиони во заедничкото друштво
за проектирање и изградба на нафтоводот од Солун кон Македонија. Меѓутоа друштвото не е формирано според утврдените услови и овој дел од исплатата пропадна.
Во времето на купување на акциите од страна на „Хеленик
петролеум“ вкупната актива на „Окта“ изнесувала 45 милиони
долари, додека обврските изнесувале 64 милиони долари.
Познавачите на нафтениот бизнис велат дека таква негатива е
навистина чудна за една рафинерија ако се земе предвид дека
од купувањето на суровата нафта до нејзината преработка
секоја рафинерија остварува по 5 отсто профит.
Иако Грците ја купиле рафинеријата со долгови, тие не биле
одговорни за нивното плаќање. Според освртот на договорот за
продажба на „Окта“ на Министерството за економија изработен во 2003 година, се гледа дека денот кога „Хеленик“ ја презела рафинеријата, државата се обврзала да ги регулира сите
неисплатени обврски. Од оние 22 милиони долари што Грците ги
уплатиле за акциите на „Окта“, за да се исплати кредит од
Стопанска банка биле издвоени 5 милиони долари, за исплата на
кредити од Лондонскиот и Парискиот клуб 5,8 милиони долари,
за доспеани акцизни обврски 10,7 милиони евра и за плаќање
обврски за спорот со „Мамидоил“ 496 илјади евра. Кога ќе се соберат сите обврски што Македонија ги исплатила за тогаш веќе грчката рафинерија, ќе се изедначат со сумата што „Хеленик“ ја уплатила за купување на рафинеријата.
Меѓутоа, исплатата на туѓите обврски од државниот буџет не престанува тука. Со одлука на Владата на Македонија број
50/2000 од 30 септември 2002 година се преземаат и обврските
на „Окта“ АД-Скопје спрема Парискиот клуб на доверители и спрема Лондонскиот клуб на доверители.
Грчките газди не само што на еден безболен начин се ослободиле од обврските кон доверителите туку и успеале да направат и голем пресврт во успехот на работата на рафинеријата. Така ако „Окта“ во 1999 должела 327,7 милиони денари, веќе следната година по преземањето остварила добивка од 306,5 милиони денари, во 2001 година остварила добивка 361, 6 милион денари, а во 2002 веќе 760 милиони денари.
За тие три години околу 200 од вработените во компанијата ги
загубиле нивните работни места. Во 1999 година кога „Хеленик“
ја купил рафинеријата работеле 1.235 луѓе, следната година
1.149, во 2001 година 1.086, за во 2002 година да останат 1.042
вработени.
Чуму ни е толку мазут?
Според договорот со „Хеленик петролеум“, Македонија треба
секоја година да купува по 500.000 тони мазут, наредните 20 години. Министерството за економија пресметало дека толку
мазут Македонија не може да потроши ниту пак „Окта“ да произведе.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Ја не плакам само си измислуваат нешто !!!
 
Член од
9 јуни 2006
Мислења
62
Поени од реакции
3
Nikade ne e spomnat Nikola Gruevski,a toj i site involvirani vo evidentno (od avion vidlivo,sto bi rekol premierot)kriminalno ponizuvackiot cin,ne smeat da bidat amnestirani od niedna vlast,duri i ako ne se direktni ucesnici vo zdelkata, morale da interveniraat ili da si dadat ostavka vo istiot moment.Ednostavno neli,za vakov genocid NIKOJ ne smee da ima alibi.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Nikade ne e spomnat Nikola Gruevski,a toj i site involvirani vo evidentno (od avion vidlivo,sto bi rekol premierot)kriminalno ponizuvackiot cin,ne smeat da bidat amnestirani od niedna vlast,duri i ako ne se direktni ucesnici vo zdelkata, morale da interveniraat ili da si dadat ostavka vo istiot moment.Ednostavno neli,za vakov genocid NIKOJ ne smee da ima alibi.
Очигледно смее,инаку е многу едноставно доколку го знаеме ова што го знае Шеќерката и лесно можат да се избегнат плаќањата на кеш:

Шекеринска во одговорот на премиерот гледа дека коалицијата помеѓу Љупчо Георгиевски и Груевски функционира и дека писмата што ги испраќал до ОКТА постојат, бидејќи не ги негира. „Ваков штетен договор би паднал на секој меѓународен суд доколку признаете дека има корупција“, нагласи лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Сабајлево у собрание му извадија на Груевски слики од времето кога бил потпишан договорот за ОКТА како ракоплеска за потпишувањето на договорот...

Не бил на седница на владата тогаш (со што сака да се извади) ама дал аплауз за договорот...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сликите не се земаат за релевантен доказ на суд и овде важи правилото -не фатен(а не не виден)арамија,поголем од кадија.:)
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Сликите не се земаат за релевантен доказ на суд и овде важи правилото -не фатен(а не не виден)арамија,поголем од кадија.:)
Не, далеку од тоа дека го спомнав тоа како доказ... Сакав само иронично да искоментирам за моралот на Груевски. Ем давал аплаузи за договорот, ем сака да се извади од калта со тоа дека не бил на седницата. :)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Да ама казните се плаќаат за тоа кој го прекршил договорот пред само неколку месеци за да истече а не за тоа кој го потпишал.Милионите се плаќаат за прекршување а не за потпишување на фамозниот договор.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Изјава на Грујо во едно интервју за Капитал

Капитал: Владата во првите две години на мандатот применуваше еден модел на приватизација што кратко траеше. Тоа е моделот на непосредно спогодување со стратешките инвеститори. Така беше продадена рафинеријата ОКТА. Подоцна тој модел беше напуштен, а јавноста се посомнева дека има и корупција во продажбата. Вие исто така долго време ја одбегнувате темата ОКТА.

Груевски: Јас тогаш не бев инволвиран во овој случај. Методот на директна продажба беше прифатен во аранжманот со ММФ од страна на поранешната Влада, потпишан од господинот Таки Фити и господинот Љубе Трпевски. Таму јасно стои дека Владата и ММФ се договорија да го воведат методот на директна продажба во сите фирми каде државата има доминантно учество, како што е случајот со ОКТА. Тој договор беше потпишан на 1 јуни 1998 година, непосредно пред парламентарните избори. По парламентарните избори, оваа Влада го примени токму тој концепт.

Значи, кај ОКТА начинот на директна продажба е нешто што го беше прифатила претходната Влада, како аранжман со ММФ, непосредно пред да си замине. Подоцна, кога меѓународните институции видоа колкава дебата се отвори за ОКТА, се премислија и побараа да се врати претходниот систем.

И ние видовме дека така не оди, дека колку и да сме чесни во една продажба, секогаш може да се каже дека имало нешто "под маса". Затоа после ОКТА се вративме на стариот модел. ОКТА беше загубар. Оние што велат дека ОКТА не беше загубар треба да ја прашаат Светската банка зошто таа го ставила на листата на 12-те загубари. И ќе треба да ја прашаат претходната Влада зошто потпишала аранжман со Светската банка во кој пишува дека ОКТА е првиот загубар во земјата. ОКТА имаше огромни загуби, што пред се резултираа од тоа што Владата назначуваше свои директори. Кога сакаа да се покажат добри пред јавноста, тие не ги зголемуваа цените и ОКТА правеше огромни загуби. Дали некој тука имал лични добивки, не можам да кажам, иако има индиции за нешто такво. При набавката на нафта, на пример, но за тоа немаме докази.

Во ОКТА работеа 1.200 луѓе. ОКТА имаше рок во којшто требаше или да се продаде или да се ликвидира, според аранжманот со Светска банка. Во тој миг доаѓаа повеќе заинтересирани компании, кои потоа си заминуваа. Конечно, една од нив, "Хеленик петролеум", одлучи да ја купи ОКТА, да ги задржи сите вработени и да инвестира во нов капацитет, поврзан со овој - во нафтовод Солун-Скопје, вреден 110-120 милиони долари. И тоа веќе е реализирано. Неодамна сите се уверивме во тоа. Кога сето тоа ќе го земеме предвид, мислам дека оваа зделка не беше толку лоша. Иако, сметам дека одредени елементи од договорот требаше да бидат подобри. Но, друг спас за ОКТА немаше.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom