Дали е време да се покрене обвинение за ОКТА?

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Како и да е случајот ОКТА,како и многу други случаи кој произлегоа токму деновиве се дел од пропагандните активности на Македонските непријатели и противници кон НАТО и ЕУ интеграциите.Нашето собрание или парламент води неисцрпни "забавни" расправи и пред наши очи го губи времето со небитни,практично судски проблеми без притоа да усвојува закони за кој ЕУ ни даде упатства да ги спроведеме доколку сакаме членство или пак преговори за членство.Зарем Бучко неможеше да биде суден и осуден по добивањето датум за преговори,зарем ОКТА не можеше да биде целосно затворена затоа што не исполни делови од договорот кој се однесуваат на екологијата уште пред 6-7 месеци?Сето тоа се политички игри зад кулиси и театралното прифаќање на нашата влада само го потврдува фактот дека сите неуспеси на економско и правно ниво ќе ги префрли врз трети лица како одговорност која резултира со одолговлекување на процесот наречен преговори со ЕУ.На овој начин се повеќе и повеќе ми изгледа дека Македонија е казнета да изгласува влади кој како по договор ќе го кочат интегративниот процес кон ЕУ со мачни и безвезни дискусии а при тоа нема да заборават да ни приредат забави од спектакуларен вид.
Случајот ОКТА само покажа и докажа дека Македонскиот Уставен суд бил "лево маде" кога треба да се донесе некоја позначајна и исправна одлука како што беше едностраното раскинување на договор со некоја приватна странска фирма,без при тоа да се разгледаат сите можни репрекусии и последици кој треба Македонскиот народ да ги компензира од и онака празниот џеб.Со овој случај треба да бидат опфатени и уставните судии кој во тоа време ја донесоа спорната одлука која ќе ја раздрма Македонската економија.
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
Paaa Silen , ako e edno 100 miliona evra sitna zaguba...BOGATA ZEMJA sme :)!!
Ne treba nikoj da ne zali.
A na Grcive moze sega kolku sakas da im zagorcuvas zivot...tie si go naplatija "angazmanot" sega mozat samo da ja zapalat i da si inkasiraat osiguruvanje..., a kako trgnalo , brgu , brgu ke najdat nekoi "teroristi" vo crni uniformi "nepoznatog porekla" koi toa ke go napravat toa za sitna para......

...tacno e ova i e kako predviduvanje na idninata...ista finta kako so NIKAS(i nikoj nema ni da pomisli sto ke znachi toa za okolinata)...kolku sme nie samo glupi i naivni...ne rabotat Grcive ko plodna bavcha...aram da ni e...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.455
Мешаш баби и жаби, Германците и Унгарците политички не не кочат
Телеком не кочеше и не кочи во два аспекти

- политички
- економски

Политички затоа што е една од пречките за влез во ЕУ

Економски затоа што избрка многу мали инвестиции заради скапите услуги во телекомуникациите, а можеби и големи инвестиции избрка, но за мали лично знам.
И уште придонесе за намалување на стандардот на граѓаните на Македонија, со константно зголемување на цените и намалување на бројот на вработени.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сепак темава е за ОКТА,па би ве замолил да се држите до темава барем во поблага форма.:)
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
30.06.2006

Владата и ОКТА ги спротивставија аргументите пред арбитражниот суд во Париз, кој кому ќе плаќа отштета во спорот меѓу „Хеленик петролеум“ и Македонија.

Сведоците се ислушани, но ниедна страна не понуди доволно докази да се донесе одлука. Судот најавува решение до крајот на годината.

Судот ги задолжи двете страни да излезат со нови толкувања за клучните недоразбирања што произлегоа од договорот.
Сега им текна да се жалат. Најверојатно беа зафатени со :pusk: цела година.
Рафинеријата ќе мора да го откупи земјиштето од државата, бидејќи пред еден месец Владата донесе одлука за приватизација на државното градежно земјиште најдоцна до јануари 2009 година. Познавачите велат дека се добри сигналите од Грција за компензациска зделка со земјиштето, бидејќи во моментов е многу побезболно на таков начин да се отплати долгот отколку да се издвојат чисти пари од буџетот.
Прелепо, грците покажаа дека се прав октопод со неограничени можности на подмитување. Прво БЦ го прекина договорот пред самиот крај, а сега ќе добијат земјиште фор фрее. Еколошки би требало да се средат во почетокот на наредната година, ќе издејствуваат промена на договорот за бројот на бензинските.... абе турчинот останал 500 години оти ние не сме му дале да си оди, што би правеле без него?! :tapp:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па ова Грциве се полоши од Турците бе,ем не неќат,ем ќе не купат.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Vreme e!

No od diskusijata da zakluchime:

1. Dali kje dobijat li Branko Crvenkovski & Co. po 100 kamshci po grb zaradi raskinuvanje na dogovorot kako i "mozhnost" da ja platat sudskata odluka so parite shto gi ukradoa dosega ?!?

2. Dali kje odgovara li bugarinot LjuBco Georgievski za prodazhba na strateshki interesi na nashite najgolemi neprijateli ?!?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ни едното ни другото,само ќе изгубиме време и ќе го пропуштиме пак возот за влез во ЕУ полемизираќи за работи кој се случиле и кој нема да можат да се поправат особено откако Б.Ц. кажа дека уставниот суд пресудил да се раскине договорот.Значи треба да ги затвориме и уставните судии или пак споменатите арамии предходно добро се заштитиле откако го инволвирале партискиот уставен суд.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Како што гледам, у ствари се зборува за раскинување (по иницијатива на Макпетрол) на "Билатералниот договор меѓу Република Македонија и Република Грција за изградба и управување со нафтоводот, склучен во јули 1999 година." во чиј состав е интегриран договорот со ОКТА... паметен и детален потез испланиран од грците... македонецот го :pusk: благодарение на Лубчо кој најверојатно не ни знае што потпишал :tapp:

Цитат од одлуката на Уставниот суд од 04.12.2002:
Меѓународните договори, со актот на ратификација, стануваат дел од правниот поредок на Република Македонија и како такви, имаат статус над законите, но мораат да бидат во согласност со Уставот на Република македонија. Имајќи предвид дека Договорот за купување на акции и концесија односно Инвестицискиот договор, преку референца е вграден во Билатералниот догоров, тој всушност претставува негов составен дел и како таков треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија.
Во одлуката има детален опис што-со-што се коси, но на мене ми упадна еден пасус во очи:
Согласно член 55 став 2 од Уставот Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.
што вели членот 55:
Член 55

Се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото.

Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.

Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.
Едит: Се на се, тешка местенка... Љупчо со пајташите потпишува два идиотски договори, од кои сега се гледа колку биле "визионерски" за грците, БЦ влегува во игра преку Макпетрол кои му се десна рука, ни лук јал ни лук мирисал, и наместо самиот Инвестициски договор да го оспорат, тие го оспоруваат билатералниот договор кој може (а тоа се случи) да ни го ебе мамето... на крај грците добиваат бесплатна рафинерија, туто-комплето.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Не само бесплатна рафинерија туку и мошне профитабилна ако се земе во предвид никаквата инвестиција со производство на ефтини деривати кој се рамни на отрови и толеранција од сите влади сега и во иднина затоа што се посрале за време на предходниот,сегашниот или идниот мандат.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
...у ствари се зборува за раскинување (по иницијатива на Макпетрол) на "Билатералниот договор меѓу Република Македонија и Република Грција за изградба и управување со нафтоводот, склучен во јули 1999 година." во чиј состав е интегриран договорот со ОКТА... паметен и детален потез испланиран од грците... македонецот го :pusk: благодарение на Лубчо кој најверојатно не ни знае што потпишал :tapp:

Nemoj slucajno da si pavis bajram na umot deka tatarot ne znael sto potpisue.

Mene ne mi e jasno kako mozele po inicijativa na Makpetrol da go raskinat Bilateralniot dogovor? Dobro, Makpetrol mu e desna raka na Branko, no koja e formalno-pravnata uloga na Makpetrol i preku kogo vo Makpetrol odi celata rabota?

Ako Branko se "zastitil" preku Ustaven sud, togas neka go izedat stapot tie od Ustaven!!!!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Mакпетрол е држава во држава и кумува со сите влади во Македонија.!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom