Malku si greska Matju igrase sjajno u Marsej zaedno so Didier Drogba :smir:
Абе шо.....Една сјајност....Ти го знаеше Фламини, пред Арсенал да пројави интерес за него....Не...Епа ни јас.....Не знам како играл со Дрогба сјајно, ко тогаш едвај имал можеби 17 18 години...Ако не и помалку...
Таа понуда од 20 000 000 + него...пак најповеке ке ни одговара...Ако човекот се кае дека заминал, можеби ке му простиме, и да си остани верен...Да речи дека згрешив што заминав од овде....и дека ке остане барем 7 -8 години, тогаш поинаку ке гледам на работите...Али не верувам дека ке си замине...
Милан така би останал без среден ред...Затоа што Пирло е блиску до Челзи, заедно со Пато....Гатусо е веке стар и повреден, Кака го нема....Не знам...Ми излегда нереално...
Позззз
Еве што нас ни предвидуваат за некоја година....
Следниот пат кога клупскиот психолог на Арсенал ќе го претстави своето мотивационо писмо, освен психо-советите како “треба да имате огромна верба дека можете да ја постигнете својата цел“ треба само да додаде: “Играјте со децата“.
Тоа е така бидејќи најмладата постава во историјата на Арсенал (со просечна возраст од само 19 години) покажа дека го има неопходниот потенцијал да постигне големи успеси. Иако тоа беше само на еден натпревар кога со 6:0 го “прегази“ Шефилд Јунајтед (со просечна возраст од 27 години) во еден неверојатен натпревар од Карлинг-купот.
“Арсен секогаш бара четири основни квалитети кај фудбалерите што има намера да ги донесе. Тоа се: физичка сила, брзина, техника и умеење да ја чита играта“, коментира поранешниот главен скаут на Арсенал, Демјан Комоли. Младите “топчии“ ги имаа овие карактеристиски во изобилство. За жал на сите во Европа, овие млади фудбалери со текот на годините можат да станат само подобри ако клубот успее да ги сочува кај себе. До мај 2016 година Вела и неговите соиграчи ќе бидат на 27-годишна возраст и ќе го достигнат врвот на своите кариери што ќе биде добра можност да ги освојат титулите кон кои секогаш се стреми Арсенал.
Одличен пример за младите фудбалери на лондонскиот клуб е сегашниот капитен на тимот Цеск Фабрегас кој првиот гол за Арсенал го постигна со само 16 години и 212 дена при победата над Вулверхемптон од 5:1 во Карлинг-купот. Три години подоцна тој настапи во финалето од Лигата на шампионите во Париз и сигурно дека би можел лидер на сегашните млади фудбалери во повторувањето, па и надминувањето на тој успех.
Патот кон финалето од Лигата на шампионите во 2016 година е долг и младите фудбалери ќе треба да покажат дека ѕвездените моменти не се само исклучок и моменти во нивните кариери. Зад нив стои искусна екипа од скаути и тренери во младинските тимови кои секоја година во клубот носат по еден голем светски талент. Арсенал не бил англиски првак во младинските категории од 2001 година, но според тренерот во школата Стив Боулд, тоа не е мерило за работата во академијата.
Ова е составот на Арсенал од кој за неколку години можат да се очекуваат трофеи
Голман
Lukasz Fabianski
Младиот полски голман дојде во Арсенал во 2007 година од Легија Варшава. Пред да дојде стана шампион на Полска и ги доби признанијата за најдобар голман во својата земја за 2006 и 2007 година. И покрај тоа што во првите натпревари во дресот на Арсенал, претежно во Карлинг-купот, успеваше да ја сочува својата мрежа незатресена, тој беше на голот при дебаклот од Тотенхем со 5:1 во истото натпреварување кога прими пет гола од шест удари. Јасно е дека е голем талент иако најголема слабост на Венгер при проценувањето на играчите се голманите. Навивачите на Арсенал веднаш си припомнаа на Ричард Рајт кој дојде во Арсенал за шест милиони фунти, а сега е голман на Ипсвич. Прогнозите за Фабијански се малку подобри.
Одбрана
Gavin Hoyte
По одличното издание против Шефилд Јунајтед кога Арсенал победи со 6:0, навивачите се шегуваа дека клубот го задржал “вистинскиот Хојт“. Неговиот постар брат Џастин беше продаден на Мидлсброу. Гевин има само 18 години, капитен е на младинскиот тим на Арсенал и најчесто игра на десната бековска позиција иако се снаоѓа и на средината од теренот. Најважно е што тој ја има потребната цврстина за да го следи стилот на игра на Арсенал. Мајката на Гевин е поранешна атлетичарка, а сега тој дава најдобри показатели при спринтовите на пет и 15 метри.
Johan Djourou
По натпреварите за швајцарската репрезентација на последното светско првенство, една сезона помина на позајмица во Бирмингем, но брзо се врати и веќе забележа неколку настапи во Лигата на шампионите. Од тие причини, Џуру во моментов е најискусен фудбалер во оваа млада формација на Арсенал. Како што вели самиот, тој е голем и здрав човек и досега ги поминал најдобрите тактички тренери. Со само 13 години е дојде во фудбалскиот центар Пајерн во Швајцарија и оттогаш почнал фудбалски да расте.
Alexandre Song
Блесна во дресот на камерунската репрезентација на Купот на африкански нации на почетокот од оваа година и уште во февруари се приклучи на првиот тим на Арсенал, па во последните пет кола од минатата сезона ги одигра сите 450 минути. Неколку тешки повреди досега значително ја забавија неговата кариера, но Венгер и натаму има голема доверба во него. Оваа сезона има течка задача, да го замени Матје Фламини, но тој игра подеднакво добро и во одбраната и во средниот ред.
Kieran Gibbs
Бековите се клучниот дел од тактиката на Венгер многу години наназад. Затоа не е случајно што клубот посебно внимание обрнува на ваквиот тип фудбалери. Венгер еднаш го нарече Гибс “малиот Гигс“, а тој беше еден од најдобрите при онаа славна победа над Шефилд Јунајтед. Во текот на летото доби шанса да види што е фудбал на европско ниво со тоа што настапи против Јувентус на “Емирати купот“, но и е стандарден во англиската репрезентација до 19 години.
Mark Randall
Ѕвездата на Рендал на средината од теренот не престанува да блеска уште од неговото деби за првиот тим против Блекбурн минатата година. Оттогаш помина извесен период на позајмица во Барнсли, но се врати и дури постигна на дуелот против Сандерленд во Премиер-лигата. Тој веќе има искуство и од натпреварите на домашна сцена откако Венгер му даде шанса против Твенте во квалификациите за Лигата на шампионите.
Aaron Ramsey
Откако цело лето го помина на насловните страници од весниците, Ремзи брзо се избори за своето стандардно место во тимот на Арсенал по трансферот од Кардиф за пет милиони фунти. Во летниот преоден рок за него беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед со кого и потпиша предоговор, но не можеше да му одолее на интересот на Венгер. Ремзи многу сака да ја констролира играта на средината од теренот, веќе има и неколку асистенции во првиот тим, а се уште се прераскажува петата за Бентнер на оној дуел против Шефилд. Останува само дилемата дали младиот Ремзи може да ги замени своите славни сонародници Јан Раш, Џон Тошак и Рајан Гигс.
Fran Merida
“Го гледав како игра уште во академијата на Барселона и веднаш знаев дека ќе стане голем играч“, рече за него Цеск Фабрегас. Мерида е одличен техничар, полн со идеи како што може и да се очекува од млад фудбалер одгледан од Венгер. Во мај 2007 година тој беше во младата шпанска репрезентација која стана светски првак и постигна еден гол против Англија. Откако помина една сезона на позајмица во Сосиедад, се врати во Арсенал и доби долгорочен договор.
Jack Wilshere
Споредбите со Меси со текот на времето се покажува дека не се напразни. Вилшир може да игра насекаде на теренот, но најдобро се снаоѓа на средината, зад двајцата напаѓачи. Не се исплаши од своето деби во Премиер-лигата против Блекбурн, а првиот гол го постигна против Шефилд Јунајтед во Карлинг-купот.
Nicklas Bendtner
Какво ли е чувството да бидеш неразделна компонента од еден врвен клуб на само 20 години? Таков е статусот на Бентнер во моментов откако тој многу брзо ги помина сите фази од тимот на Венгер. И покрај сериозните сомнежи во неговиот темперамент по физичката пресметка со Емануел Адебајор минатата година, тој ги затвори устите на критичарите со неколку одлични изданија во дресот на Арсенал.
Carlos Vela
Мексиканскиот голгетер ја освои Златната копачка на светското првенство за фудбалери до 17 години во 2005. Веднаш потоа ја напушти Гвадалахара и дојде во Арсенал, но требаше да почека две години кои ги мина на позајмица во Шпанија за да ја добие потребната работна дозвола во Англија. Самиот тврди дека отсекогаш бил сигурен во својата иднина во Арсенал, а со добрите игри и голови во последната година и практично го докажа тоа.
И, не ги заборавајте Фабрегас, Ван Перси, Денилсон, Адебајор...