Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата unforgiven
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
According to the Mirror AC Milan are ready to offer £20million cash plus Mathieu Flamini for Emmanuel Adebayor...Оваа е предобро за да биде реално..Според мене само Матју би можел да го даде најдобриот интакт во средината каков Мело какви Цани дечково беше и се докажаа а плус со 20 милиони може ем Чамак и Хазард да си ги земаме :smir:
 
Нема шанси да се оствари еден таков трансфер. Фламини лани не секаше да го продолжи договорот и си замина, а сега нема враќање. Па не сме ние Тотенхем што ќе продадеме(во случајов не продадовме али исто е) да враќаме за 1 година. Се работи за принцип ако ништо друго.

А што се однесува до дебатата дали Цана или Мело, не мислите ли дека ако навистина вредеше Цана и ако цената ме е околу5-6 милиони, Венгер ќе го ангажираше. А иначе Мело одигра добра сезона лани, а летово беше прогласен за втор играч на Купот на Конфедерации, а е помлад од Цана. Така да ако може да се ангажира летово одлично.
 
Мело е две класи бољи играч од Цана тоа е факт, како навивачите не смеете да тропате вакви работи, а бтв ја колку што сум запознаен со работеве на Ебуе договорот му заврши и он е дефакто слободен играч така да Венгер нема што да одредува цена

И ебуе игра десно бек или средина, неможе ниту цана ниту мело да бидат негови замени
Грешка си запознаен.
Ебуе е уникатен играч.Таков никаде нема да може да се најде.Сега работата е што не игра секогаш на високо ниво/т.е нема стабилност во неговата игра.Јас...како и повеќето не би сакале да си замине Ебуе.Но сега сме слаби на ДМ/а на неговата природна позиција го имаме Сања,кој можеби не е толку добар офанзивно,но дефанзивно е феноменален...па ако дојде Мело,би можел да го прежалам неговото заминување.Човекот сака да игра,за да се покаже за да игра на СП,а во Арсенал ке има премалце минути за тоа.Сега со неговото заминување единствено ке бидеме послаби во замена за Сања/со Хојт.

За Мело повеќе од 15 м/нема шанси да се даде...тоа е сигурно/па и за Аршавин бараа 25м/па за која сума дојде=).Освен Венгер го имаме сега и Газидис.:pipi:

За Фламини нема шанси.Прило е готов да си оди/Гатузо остаре,Кака си замина...да играт без средина бе?=)
 
Според мене само Матју би можел да го даде најдобриот интакт во средината каков Мело какви Цани дечково беше и се докажаа а плус со 20 милиони може ем Чамак и Хазард да си ги земаме :smir:
ете виде имало Господ :) - лил нема да го даде хазард од него се очекува да стане новиот зизу :) , шамак : комси - комса - мислам дека ќе му легне играта на арсенал

нека дојде матју - па да видете дали имало потреба од сите наброени !

Нема шанси да се оствари еден таков трансфер. Фламини лани не секаше да го продолжи договорот и си замина, а сега нема враќање. Па не сме ние Тотенхем што ќе продадеме(во случајов не продадовме али исто е) да враќаме за 1 година. Се работи за принцип ако ништо друго.

за тоа што замина бордот е виновен ... седеше на клупа .. пополнуваше дупки насекаде низ теренот зошто бордот не му даде договор пред шест месеци да замине тој бараше договор никој не го сваќаше сериозно ( па нека видат малце ) .. кога играа со дрогбата во марсеј беа прогласени за најдобар тандем во уефа купот ...

принципите се потавени за да се прекршат / арсенал нема/л таков борец на теренот од паплоур и виера - одлична вест нека се исполни

илузионер со тебе сум !
 
Тоа за 20 000 000 евра и плус Фламини за Адебајор....мислам дека тоа ке биде најдобриот трансфер во последните години...али и доста не реално....
Фламини си замина од кај нас за без пари, па навивачите и баш не го сакаат...Од друга страна мора да земеме некој, па макар тоа и било и Мело....Има подобра техника од Цана, но сепак некако ми е поофанзивен и потехничар кој може да игра поофанзивно...Ни треба борбеност и пожртвуваност, за тој дел од играта...

Имавме срека што еден Виеира играше кај нас, кој беше и одличен техничар, борбен, тимски дух...и се што треба.....

Останува Wenger да одлучи....(читај потпис)

Адебајор не сака да замине од Арсенал
http://www.24fudbal.com.mk/Default....624-a80be54abf59&ln=3&typeBack=Последни Вести

И на нашите страници..Фламини + 20 000 000 за Адебајор
http://www.24fudbal.com.mk/Default....c31-7560f808c230&ln=3&typeBack=Последни Вести
 
Sonne druze bash se uveriv deka samo starite navivaci bi sakale da se vrne Matju a ovie pomladive ili poranite do eden plukaat po Matju iako bi rekol deka treba da se pluka po bordot i po negovite ponekogas jalovi odluki
 
Јас плукам во Фламини, ако не сакаше ке си останеше....Без разлика на бордот....Немаше да си замини и тоа за без пари....Ние го напрајвме играч и сеа одиси...Ретки се тие кои знаат да го почитуваат Венгер, човекот кој им даде кариера...Сега ако не беше Арсен ке играше во Второкласни француски клубови, за плата од 5,000 месечно...Али тоа...е...Од такви неблагодарници...ко него....:drk::drk::drk:
 
Јас плукам во Фламини, ако не сакаше ке си останеше....Без разлика на бордот....Немаше да си замини и тоа за без пари....Ние го напрајвме играч и сеа одиси...Ретки се тие кои знаат да го почитуваат Венгер, човекот кој им даде кариера...Сега ако не беше Арсен ке играше во Второкласни француски клубови, за плата од 5,000 месечно...Али тоа...е...Од такви неблагодарници...ко него....:drk::drk::drk:
Malku si greska Matju igrase sjajno u Marsej zaedno so Didier Drogba :smir:
 
Метју Фламини да дојде Несакам пак , но тој и уште 20 милиони...па само 20 милиони ние сметавме за премија а вака ќе дојде и ДМ и ќе имаме одличен ќеш за еден класа шпиц да се купи мислам дека вака највеќе би ни одговарало ако размислиме зашто да се фрлаат пари потоа а ако се продаде и Ебуе што не смеее под 15 милиони , ќе се има 30 милиони на конто во плус и да даде Венгер уше 10тина... па ете за Шпиц каков ли му душа сака и плус уше еден дефанзивен ако има потреба:toe:
 
Видете вака јас не негувам некоја омраза према Фламини. Туку муабетот ми беше дека кога некој ќе изигра една солидна сезона и си замине после тоа не може да стекне реноме во клубот и да е величан па така великодушно да биде прифатен назад во клубот. Сите знаеме дека Венгер има свои принципи(дали ние се согласуваме со нив не е битно) и тешко дека би прифатил враќање на Фламини, освен во некоја вака страшно добра понуда(затоа и не ми се верува ич во истата). А ако се исполни трансферот нема да го пцујам Фламини кога и да добие топка пошо навивам за тим, а не за поединци, па ако некој решил дека треба да се врати типчеот назад нема проблем.

принципите се потавени за да се прекршат / арсенал нема/л таков борец на теренот од паплоур и виера - одлична вест нека се исполни

Чоек за болдираново....NO COMMENT!!!:nenene:
 
Токму така , се согласувам... ако има ваква вистина понуда ... ќе го прифатиме ...зашо да се сетиме и БЕЗ пари си отиде копилето од кај нас... :toe:
Му заврши договорот нејќеше да потпише и тоа... искочи најголем геј... но не е битно сега...зашто ако има ваква можност ќе заштедиме многу значајни пари со кои ако го засилиме нападот ќе имаме најголема можност за ... хмм... титули :pipi:
 
Чоек за болдираново....NO COMMENT!!!:nenene:

jaс сум фан на француските фудбалери ... фламини е таков ...

какви ... заебанции мека дојде човекот / не ми е грижа за вашите мненија ( ни најмалце ) вие така мислете така сакате ! јас поинаку мислам и човекот е со сето срце оддаден фан на арсенал ... види кога игравме полуфинале со утд .. баш се сеќавам 10-тата минута кога се поздравуваше со бекс каков беше / ко повреден играч ( кој неможе да помогне на тимот )

така јас мислам !
 
Malku si greska Matju igrase sjajno u Marsej zaedno so Didier Drogba :smir:


Абе шо.....Една сјајност....Ти го знаеше Фламини, пред Арсенал да пројави интерес за него....Не...Епа ни јас.....Не знам како играл со Дрогба сјајно, ко тогаш едвај имал можеби 17 18 години...Ако не и помалку...

Таа понуда од 20 000 000 + него...пак најповеке ке ни одговара...Ако човекот се кае дека заминал, можеби ке му простиме, и да си остани верен...Да речи дека згрешив што заминав од овде....и дека ке остане барем 7 -8 години, тогаш поинаку ке гледам на работите...Али не верувам дека ке си замине...

Милан така би останал без среден ред...Затоа што Пирло е блиску до Челзи, заедно со Пато....Гатусо е веке стар и повреден, Кака го нема....Не знам...Ми излегда нереално...

Позззз

Еве што нас ни предвидуваат за некоја година....

Следниот пат кога клупскиот психолог на Арсенал ќе го претстави своето мотивационо писмо, освен психо-советите како “треба да имате огромна верба дека можете да ја постигнете својата цел“ треба само да додаде: “Играјте со децата“.

Тоа е така бидејќи најмладата постава во историјата на Арсенал (со просечна возраст од само 19 години) покажа дека го има неопходниот потенцијал да постигне големи успеси. Иако тоа беше само на еден натпревар кога со 6:0 го “прегази“ Шефилд Јунајтед (со просечна возраст од 27 години) во еден неверојатен натпревар од Карлинг-купот.

“Арсен секогаш бара четири основни квалитети кај фудбалерите што има намера да ги донесе. Тоа се: физичка сила, брзина, техника и умеење да ја чита играта“, коментира поранешниот главен скаут на Арсенал, Демјан Комоли. Младите “топчии“ ги имаа овие карактеристиски во изобилство. За жал на сите во Европа, овие млади фудбалери со текот на годините можат да станат само подобри ако клубот успее да ги сочува кај себе. До мај 2016 година Вела и неговите соиграчи ќе бидат на 27-годишна возраст и ќе го достигнат врвот на своите кариери што ќе биде добра можност да ги освојат титулите кон кои секогаш се стреми Арсенал.

Одличен пример за младите фудбалери на лондонскиот клуб е сегашниот капитен на тимот Цеск Фабрегас кој првиот гол за Арсенал го постигна со само 16 години и 212 дена при победата над Вулверхемптон од 5:1 во Карлинг-купот. Три години подоцна тој настапи во финалето од Лигата на шампионите во Париз и сигурно дека би можел лидер на сегашните млади фудбалери во повторувањето, па и надминувањето на тој успех.

Патот кон финалето од Лигата на шампионите во 2016 година е долг и младите фудбалери ќе треба да покажат дека ѕвездените моменти не се само исклучок и моменти во нивните кариери. Зад нив стои искусна екипа од скаути и тренери во младинските тимови кои секоја година во клубот носат по еден голем светски талент. Арсенал не бил англиски првак во младинските категории од 2001 година, но според тренерот во школата Стив Боулд, тоа не е мерило за работата во академијата.

Ова е составот на Арсенал од кој за неколку години можат да се очекуваат трофеи

Голман

fabijanski--arsenal-fudbal-.jpg
Lukasz Fabianski
Младиот полски голман дојде во Арсенал во 2007 година од Легија Варшава. Пред да дојде стана шампион на Полска и ги доби признанијата за најдобар голман во својата земја за 2006 и 2007 година. И покрај тоа што во првите натпревари во дресот на Арсенал, претежно во Карлинг-купот, успеваше да ја сочува својата мрежа незатресена, тој беше на голот при дебаклот од Тотенхем со 5:1 во истото натпреварување кога прими пет гола од шест удари. Јасно е дека е голем талент иако најголема слабост на Венгер при проценувањето на играчите се голманите. Навивачите на Арсенал веднаш си припомнаа на Ричард Рајт кој дојде во Арсенал за шест милиони фунти, а сега е голман на Ипсвич. Прогнозите за Фабијански се малку подобри.

Одбрана

hoyt-arsenal-fudbal-1230.jpg
Gavin Hoyte
По одличното издание против Шефилд Јунајтед кога Арсенал победи со 6:0, навивачите се шегуваа дека клубот го задржал “вистинскиот Хојт“. Неговиот постар брат Џастин беше продаден на Мидлсброу. Гевин има само 18 години, капитен е на младинскиот тим на Арсенал и најчесто игра на десната бековска позиција иако се снаоѓа и на средината од теренот. Најважно е што тој ја има потребната цврстина за да го следи стилот на игра на Арсенал. Мајката на Гевин е поранешна атлетичарка, а сега тој дава најдобри показатели при спринтовите на пет и 15 метри.

djuru-arsenal-fudbal-1230.jpg
Johan Djourou
По натпреварите за швајцарската репрезентација на последното светско првенство, една сезона помина на позајмица во Бирмингем, но брзо се врати и веќе забележа неколку настапи во Лигата на шампионите. Од тие причини, Џуру во моментов е најискусен фудбалер во оваа млада формација на Арсенал. Како што вели самиот, тој е голем и здрав човек и досега ги поминал најдобрите тактички тренери. Со само 13 години е дојде во фудбалскиот центар Пајерн во Швајцарија и оттогаш почнал фудбалски да расте.

song-arsenal-fudbal-1230.jpg
Alexandre Song
Блесна во дресот на камерунската репрезентација на Купот на африкански нации на почетокот од оваа година и уште во февруари се приклучи на првиот тим на Арсенал, па во последните пет кола од минатата сезона ги одигра сите 450 минути. Неколку тешки повреди досега значително ја забавија неговата кариера, но Венгер и натаму има голема доверба во него. Оваа сезона има течка задача, да го замени Матје Фламини, но тој игра подеднакво добро и во одбраната и во средниот ред.

gibs-arsenal-fudbal-1230.jpg
Kieran Gibbs
Бековите се клучниот дел од тактиката на Венгер многу години наназад. Затоа не е случајно што клубот посебно внимание обрнува на ваквиот тип фудбалери. Венгер еднаш го нарече Гибс “малиот Гигс“, а тој беше еден од најдобрите при онаа славна победа над Шефилд Јунајтед. Во текот на летото доби шанса да види што е фудбал на европско ниво со тоа што настапи против Јувентус на “Емирати купот“, но и е стандарден во англиската репрезентација до 19 години.

rendal--arsenal-fudbal-1230.jpg
Mark Randall
Ѕвездата на Рендал на средината од теренот не престанува да блеска уште од неговото деби за првиот тим против Блекбурн минатата година. Оттогаш помина извесен период на позајмица во Барнсли, но се врати и дури постигна на дуелот против Сандерленд во Премиер-лигата. Тој веќе има искуство и од натпреварите на домашна сцена откако Венгер му даде шанса против Твенте во квалификациите за Лигата на шампионите.


remzi--arsenal-fudbal-1230.jpg
Aaron Ramsey
Откако цело лето го помина на насловните страници од весниците, Ремзи брзо се избори за своето стандардно место во тимот на Арсенал по трансферот од Кардиф за пет милиони фунти. Во летниот преоден рок за него беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед со кого и потпиша предоговор, но не можеше да му одолее на интересот на Венгер. Ремзи многу сака да ја констролира играта на средината од теренот, веќе има и неколку асистенции во првиот тим, а се уште се прераскажува петата за Бентнер на оној дуел против Шефилд. Останува само дилемата дали младиот Ремзи може да ги замени своите славни сонародници Јан Раш, Џон Тошак и Рајан Гигс.

merida-arsenal-fudbal-1230.jpg
Fran Merida
“Го гледав како игра уште во академијата на Барселона и веднаш знаев дека ќе стане голем играч“, рече за него Цеск Фабрегас. Мерида е одличен техничар, полн со идеи како што може и да се очекува од млад фудбалер одгледан од Венгер. Во мај 2007 година тој беше во младата шпанска репрезентација која стана светски првак и постигна еден гол против Англија. Откако помина една сезона на позајмица во Сосиедад, се врати во Арсенал и доби долгорочен договор.

wilshir--arsenal-fudbal-123.jpg
Jack Wilshere
Споредбите со Меси со текот на времето се покажува дека не се напразни. Вилшир може да игра насекаде на теренот, но најдобро се снаоѓа на средината, зад двајцата напаѓачи. Не се исплаши од своето деби во Премиер-лигата против Блекбурн, а првиот гол го постигна против Шефилд Јунајтед во Карлинг-купот.


bendtner-arsenal-fudbal-123.jpg
Nicklas Bendtner
Какво ли е чувството да бидеш неразделна компонента од еден врвен клуб на само 20 години? Таков е статусот на Бентнер во моментов откако тој многу брзо ги помина сите фази од тимот на Венгер. И покрај сериозните сомнежи во неговиот темперамент по физичката пресметка со Емануел Адебајор минатата година, тој ги затвори устите на критичарите со неколку одлични изданија во дресот на Арсенал.


vela.jpg
Carlos Vela
Мексиканскиот голгетер ја освои Златната копачка на светското првенство за фудбалери до 17 години во 2005. Веднаш потоа ја напушти Гвадалахара и дојде во Арсенал, но требаше да почека две години кои ги мина на позајмица во Шпанија за да ја добие потребната работна дозвола во Англија. Самиот тврди дека отсекогаш бил сигурен во својата иднина во Арсенал, а со добрите игри и голови во последната година и практично го докажа тоа.

И, не ги заборавајте Фабрегас, Ван Перси, Денилсон, Адебајор...
 
Еве уште една колумна...Има многу дебати за нас...

Фудбал - Колумни


arsenal-0507.jpg
Многумина ја оправдуваат политиката на менаџерите како Венгер и Фергусон кои својата стратегија ја градат во изборот на млади фудбалери од кого подоцна се очекува да блеснат на фудбалската сцена. Но, дали секогаш е тоа така? Досега Венгер веќе подолг период се соочуваа со недостиг на капацитет да ги израдува навивачите на Емирти со некој нов трофеј.

Самиот Французин прифаќа дека ова може да биде одлучувачка сезона во неговиот живот во смисла на тоа дали треба да продолжи со истата стратегија која додека ја спроведуваше на стариот терен Хајбери и која му носеше резултати. Венгер, ја одби понудата од Мадрид вредна 6 милиони фунти годишно, оправдувајки се дека „морал да ја заврши работата“ што ја започнал на Хајбери пред една декада.

Тој сега засега и понатаму зборува за еволуцијата и прогресот кој го има во тимот одбивајки се на било каков начин да направи некакви радикални промени. Освен со 23 годишниот Белгиски дефанзивец Томас Вервален кој што дојде од редовите на Ајакс досега Арсенал нема потпишано со ниту една поголема фудбалска звезда.

Најгласните подржувачи на Венгер постојано зборуваат дека не смее во никој случај да се потценат резултатите кои што Венгер ги испорачуваше до 2006 година, тогаш стигнувајки дури и до финалето од лигата на шампионите (пораз од Барса 2-1). Тогаш Арсенал настапуваше со една до две звезди во својот тим, но успеа да ги порази големите клубови како Јувентус и Реал Мадрид. Самите играчи на големите гиганти тогаш зборуваа пред натпреварите дека Арсенал е аутсајдерот во тие натпревари, притоа потценувајки ги малку платените деца на Арсенал. Имено тогашниот дефанзивец на Јувентус, Лилијан Турам, за едно интервју изјави дека Арсенл воопшто немал никакви шанси со италијанскиот првак, притоа споредувајки ги платите кои што ги земале играчите на Арсенал и на Јувентус. Двајца до тројца играчи на Арсенал земале колку една плата на фудбалер на Јувентус. Демек колку поголема плата земаш толку си подобар квалитетен играч и можеш да донесеш подобри резултати. Но, не испадна така „Старата дама“ беше исфрлена во четвртфиналето. Веднаш потоа жртва стана и „Кралскиот клуб“ кои благодарени на голот на Тери Анри на Бернабе, Арсенал се пласираше во финалето.

Но, по заминувањето на легендите како Анри Пирес и Денис Беркам Арсенал никако да се издигне повеќе од четвртото место на табелата во премиер лигата. Тоа во секој случај освен на навивачите не им се допаѓа ниту на газдите на Арсенал.

Затоа, со право може да се каже дека ова може да биде последната „шанса“ која Венгер и момците од неговото маало ќе ја имаат во силната европска фудбалска конкуренција.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom