Значи ништо од
Amaury Bischoff,
James Dunne,
Rui Fonte,
Abu Ogogo,
Paul Rodgers,
Rene Steer,
Vincent van den Berg и
Anton Blackwood.
Не се покажаа, особено Бишов кој требаше да се наметне кај Венгер. Пола сезона беше повреден, па така немаше ни некое време да покажа што знае. Од тоа што од одигра во Карлинг купот и за резервите не ветуваше многу. Се надевам дека ќе си направи добра кариера некаде на друго место.
Фонте три години во клубот и едвај направи деби оваа сезона во Карлинг купот, немаше некои квалитети. Дан ми изгледаше како надежно момче, но отиде на позајмица и се упропасти. Роџерс гадно ги повредил лигаментите, па можеби тоа е главната причина за раскинувањето на договорот. Стер одамна е во Арсенал, отиде на позајмица и најверојатно не импесионирал во Џилингам и сега може слободно да почне да си бара нов клуб.
Ван дер Берг уште од поодамна требаше да се наметне кај Венгер, но и тој се мачеше со повреди, па кога се опорави го пратија на позајмица во Цволе. Блеквуд не ни настапуваше за резервите, туку само за тимот под 18 години. Не видовме многу и од него.
Професионален договор потпишаа
Luke Ayling,
Craig Eastmond,
James Shea и Cedric Evina.
Ајанг играше во тимот на Болд што ја освои двојната круна. Одличен дефанзивец, можеби еден ден ќе биде стандарден во првиот тим, место Туре или Сања кога ќе се пензионираат.

Шеј одлично бранеше цела сезона, така да договорот дојде во вистинскиот момент. Голем потенцијал имаат и Истмонд и Евина.
Тоа е се околу оној резервниот тим, но важно е да се подобри моменталниот прв. Аде ќе си оди, тоа е сигурно. Венгер бара адекватна замена и најверојатно ќе биде некој искусен и естаблиран фудбалер на европската и светската фудбалска сцена. Важно е да се извади што е можно повеќе пари од трансферот на Аде за да може да конкурира тимот за потписот на некои од поквалитетните фудбалери.
Барем едно е сигурно, очекувајте еден нов во тимот до 10 Јули. Барем Венгер го потврди тоа.