O
Out Boy
Гостин
Е ако де, јас знам што се вели, ама други стихови ќе ви посочам, да видите во каква „света“ книга верувате и од каде го црпете својот гнев.....ај да не вадам цитати што во Светото Писмо се вели за хомосексулаците....
-Амрам се ожени со својата тетка Јохаведа, која му ги роди Арона и Мојсеја. Амрам живееше сто триесет и седум години. (Излез, Втора книга Мојсеева;Глава 6; 20)
- Ако купиш еден Евреин за роб, нека служи шест години. На седмата година нека замине, без откупнина, слободен. (Излез, 21, 2)
- Кога човек ќе ја продаде ќерка си за робинка, таа нека не се ослободува како и машките робови. (Излез, 21, 7)
-Кој ќе удри човек па го усмрти, нека биде казнет со смрт.
Ама ако го направил тоа ненамерно, туку Бог пуштил да падне во неговата рака, ќе ти одредам место каде може да побегне. (Излез, 21, 12-13)
- Кој ќе ги удри својот татко или својата мајка, нека биде казнет со смрт. (Излез, 21, 15)
-Кој ќе ги проколне татка си или мајка си нека биде погубен. (злез, 21, 17)
-Ако некој го удри со стап својот роб или својата робинка па умре под неговата рака, треба да ја поднесе одмаздата.
Но ако робот преживее ден-два, нека не се спроведува одмаздата, зашто робот е негова сопственост. (Излез, 21, 20-21)
-Ако некој ги удри својот роб или својата робинка во око и го упропасти, нека го ослободат заради окото.
Ако му избие заб на својот роб - или на својата робинка - нека го ослободи заради забот. (Излез, 21, 26-27)
-Не дозволувај да живее вражалка! (Излез, 22, 18)
- Во твојата земја ќе нема пометнувачка; Јас ќе го направам полн бројот на твоите денови. (Излез, 23, 26)
-Господ му рече на Мојсеја:
„Кажи им на Израелците да Ме даруваат, а вие примајте ги даровите во Моја чест од секој што дава од срце.
А примајте ги овие дарови: злато, сребро и бронза;
љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен;
готови овновски кожи, па убави кожи; ситимово дрво;
масло за осветлување; мириси за масло за помазание и за мирисливо кадење;
оникс и други бесцени камења, што ќе бидат вметнати во наплеќникот и врзградникот.
Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив. (Излез, 25, 1-8)
-„Потоа доведи јунец пред Шаторот на средбата, па Арон и неговите синови нека положат раце врз главата на јунецот.
Тогаш пред Господа, на влезот во Шаторот на средбата, заколи го јунецот.
Земи ја крвта на јунецот и со твојот прст намачкај ги роговите на жртвеникот. Остатокот од крвта истури ја во подножјето на жртвеникот.
Земи го сето мрсно околу дробот, мрежичката на црниот дроб и двата бубрега со мрсното околу нив, па изгори ги на жртвеникот.
Месото од јунецот, неговата кожа и неговата нечистотија изгори ги во оган надвор од логорот. Тоа е жртва покајница за грев.” (Излез, 29, 10-14)
-Исус Навин: 5:2 Во тоа време Господ му рече на Исуса: „Направи си камени ножеви и обрежи ги повторно Израелците.”
_______________________________________________________________
Па оваа книга страва била
Се занимава со робови, откупи, женачки со тетки, смртни казни заради удар, (ама ете на сопствениците на робови им е дозволено да убијат роб, тој да ти бил нивна сопственост...), па после злато и дијаманти бара за да слегол на Земјата да ве „помилува“, ако не нема да го видите, за да на крај ве „подучи“ како да изведете паганско погувување на јунец во „негова“ чест...
Маркусе, за ова ли „свето писмо“ ми зборуваш... Па многу скромен бил тој ваш „бог“, многу човекољубив
Добро, вие се уште верувате во овие писулки???
Ама нема сексуална определба. Определбата значи да можеш сам да си определиш дали ќе си геј или стрејт.seksualnata opredelba e personalna rabota
Има сексуална ориентација, а таа е предодредена.
:nenene: Од Мојсеј политичарот и водачот на Јудејците е, заедно со компанија!А тој е од бога
Не знам што да ти реплицирам на ова. Ете Гене Робинсон е педер, и е религиозен, плус и бискуп е. Колкав е бројот на хомосексуалци помеѓу монашките редови, знаеш?Со самото то што си педер, ти не си религиозен.
Си го отфлил Бог.
Доброволно.
И не сум го отфрлил „вашиот бог“ доброволно, тој ме присилил со тоа што се откажал од мене. Која би била целта да се откажувам од мојот живот, кога знам дека не можам да се сменам (како што ти нема шанси да постанеш геј), кога и вака и така „ќе горам во пеколот“:pos2: