Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045
O

Out Boy

Гостин
..ај да не вадам цитати што во Светото Писмо се вели за хомосексулаците....
Е ако де, јас знам што се вели, ама други стихови ќе ви посочам, да видите во каква „света“ книга верувате и од каде го црпете својот гнев...

-Амрам се ожени со својата тетка Јохаведа, која му ги роди Арона и Мојсеја. Амрам живееше сто триесет и седум години. (Излез, Втора книга Мојсеева;Глава 6; 20)

- Ако купиш еден Евреин за роб, нека служи шест години. На седмата година нека замине, без откупнина, слободен. (Излез, 21, 2)

- Кога човек ќе ја продаде ќерка си за робинка, таа нека не се ослободува како и машките робови. (Излез, 21, 7)

-Кој ќе удри човек па го усмрти, нека биде казнет со смрт.
Ама ако го направил тоа ненамерно, туку Бог пуштил да падне во неговата рака, ќе ти одредам место каде може да побегне. (Излез, 21, 12-13)

- Кој ќе ги удри својот татко или својата мајка, нека биде казнет со смрт. (Излез, 21, 15)

-Кој ќе ги проколне татка си или мајка си нека биде погубен. (злез, 21, 17)

-Ако некој го удри со стап својот роб или својата робинка па умре под неговата рака, треба да ја поднесе одмаздата.
Но ако робот преживее ден-два, нека не се спроведува одмаздата, зашто робот е негова сопственост. (Излез, 21, 20-21)

-Ако некој ги удри својот роб или својата робинка во око и го упропасти, нека го ослободат заради окото.
Ако му избие заб на својот роб - или на својата робинка - нека го ослободи заради забот. (Излез, 21, 26-27)

-Не дозволувај да живее вражалка! (Излез, 22, 18)

- Во твојата земја ќе нема пометнувачка; Јас ќе го направам полн бројот на твоите денови. (Излез, 23, 26)

-Господ му рече на Мојсеја:
„Кажи им на Израелците да Ме даруваат, а вие примајте ги даровите во Моја чест од секој што дава од срце.
А примајте ги овие дарови: злато, сребро и бронза;
љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен;
готови овновски кожи, па убави кожи; ситимово дрво;
масло за осветлување; мириси за масло за помазание и за мирисливо кадење;
оникс и други бесцени камења, што ќе бидат вметнати во наплеќникот и врзградникот.
Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив. (Излез, 25, 1-8)

-„Потоа доведи јунец пред Шаторот на средбата, па Арон и неговите синови нека положат раце врз главата на јунецот.
Тогаш пред Господа, на влезот во Шаторот на средбата, заколи го јунецот.
Земи ја крвта на јунецот и со твојот прст намачкај ги роговите на жртвеникот. Остатокот од крвта истури ја во подножјето на жртвеникот.
Земи го сето мрсно околу дробот, мрежичката на црниот дроб и двата бубрега со мрсното околу нив, па изгори ги на жртвеникот.
Месото од јунецот, неговата кожа и неговата нечистотија изгори ги во оган надвор од логорот. Тоа е жртва покајница за грев.” (Излез, 29, 10-14)

-Исус Навин: 5:2 Во тоа време Господ му рече на Исуса: „Направи си камени ножеви и обрежи ги повторно Израелците.”

_______________________________________________________________
Па оваа книга страва била:vozbud:
Се занимава со робови, откупи, женачки со тетки, смртни казни заради удар, (ама ете на сопствениците на робови им е дозволено да убијат роб, тој да ти бил нивна сопственост...), па после злато и дијаманти бара за да слегол на Земјата да ве „помилува“, ако не нема да го видите, за да на крај ве „подучи“ како да изведете паганско погувување на јунец во „негова“ чест...

Маркусе, за ова ли „свето писмо“ ми зборуваш... Па многу скромен бил тој ваш „бог“, многу човекољубив:vozbud:

Добро, вие се уште верувате во овие писулки???

seksualnata opredelba e personalna rabota
Ама нема сексуална определба. Определбата значи да можеш сам да си определиш дали ќе си геј или стрејт.

Има сексуална ориентација, а таа е предодредена.

А тој е од бога
:nenene: Од Мојсеј политичарот и водачот на Јудејците е, заедно со компанија!

Со самото то што си педер, ти не си религиозен.
Си го отфлил Бог.
Доброволно.
Не знам што да ти реплицирам на ова. Ете Гене Робинсон е педер, и е религиозен, плус и бискуп е. Колкав е бројот на хомосексуалци помеѓу монашките редови, знаеш?

И не сум го отфрлил „вашиот бог“ доброволно, тој ме присилил со тоа што се откажал од мене. Која би била целта да се откажувам од мојот живот, кога знам дека не можам да се сменам (како што ти нема шанси да постанеш геј), кога и вака и така „ќе горам во пеколот“:pos2:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои.
Ние не се криеме од нашите домашни миленици но тие и понатаму не знаат дека ние постоиме.
Со илјадници години не успеале да дознаат дека постоиме ние луѓето. И мене стварно не ми е јасно зошто. :)
2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е.
Да е сфатлив не би бил повеќе Бог. Причина за несфатливост - види под 1. :) Но може да се почувствува.
3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави.
Знае ли? Атеистички егоцентризам. :)


Нам луѓето ни изгледаат
колку толку во ред масакрите и смртта на животните во име на месната индустрија, но на нашите човечки животе си придаваме егоцентрично значење. Зошто? Да се погледнеме самите од многу повисоко како што правиме со другиве.
4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле...
Посматрај го тоа како давање здрава илузија, не како лага. Што се однесува до прошка, ако човек сам искрено не реши да си прости не ќе може ни Бог да му прости.

5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран.
Ако сметаш дека некој ти ја ограничува слободата во нешто а твојата совест нема ништо против тоа, батали го кој и да е. Само, си ја знаеш ли добро совеста?
6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество.
Иако не сум по црква, баш мислам дека нашата црква шири позитивна енергија, за други не знам и не би коментирал.
7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала.
Само напред науко.
Само, не Бог туку ти да не не докусуриш...
8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен.
Супер, свака част. Да останете доследни на тоа секогаш. :)
9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог)
Не е ни можно вистински да го сакаш Бога а да не ги сакаш луѓето, тие две работи одат во пакет. А ако не го сакаш Бога... :) пак ништо не значи.
10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник.
Ова е интересно. На пример?
11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее
Некој атеист паднал од провалија и во последен момент се фатил за гранка што растела на ивицата. Под него провалија, над него небо. Свесен дека нема уште долго да издржи. Тогаш му паднала на памет идеја:
- Боже! - викнал на цел глас. Немало одговор.
- Боже! - повторно викнал. Ако постоиш, спаси ме и ти ветувам дека ќе верувам во тебе, а ќе ги учам и другите да веруваат.
Се зачул силен глас кој одекнувал:
- Така сите зборуваат кога се во неволја.

- Не Боже, не! - викнал човекот охрабрен. Јас не сум како другите. Зар не гледаш дека веќе почнав да верувам, бидејќи успеав да ти го чујам гласот? Треба само да ме спасиш и ќе го изговарам твоето име до крајот на светот!
- Добро - рекол гласот. Ќе те спасам. Пушти ја гранката.
- Да ја пуштам гранката? Па не сум луд!


Верувал не верувал, не е луд. :)
Јас ниту верувам ниту не верувам. Т.е. се по потреба. :icon_mrgr
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
За нашите домашни миленици ние сме Бог то ест они мислат дека сме Бог за нив.
 
O

Out Boy

Гостин
Ова е интересно. На пример?
Загубата на член на семејство или близок. „Верник“ ќе рече: Така сакал бог, негова воља. Атеистот мора да преброди во себе лавини од гнев кон околностите кои довеле до тоа и самообвинување дека не сторил нешто, иако „можел“.

Кога владеела чумата, „верниците“ бегале од „гневот божји“ а „неверниците“ биле гневни на себе што не можат да помогнат некако. Овие вторите се тие кои виделе дека причината за масовните умирачки не е некаков гнев од „бог“, туку болест за која има лек. Да беа сите верници, се’ ќе оставеа во „божји раце“ и ден денес ќе бегавме пред чумата.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Напишано од Out Boy
Па оваа книга страва била:vozbud:
Се занимава со робови, откупи, женачки со тетки, смртни казни заради удар, (ама ете на сопствениците на робови им е дозволено да убијат роб, тој да ти бил нивна сопственост...), па после злато и дијаманти бара за да слегол на Земјата да ве „помилува“, ако не нема да го видите, за да на крај ве „подучи“ како да изведете паганско погувување на јунец во „негова“ чест...

Маркусе, за ова ли „свето писмо“ ми зборуваш... Па многу скромен бил тој ваш „бог“, многу човекољубив:vozbud:

Добро, вие се уште верувате во овие писулки???
Таков е за едни татко за други очув......посебно ако се малце настрани
 
O

Out Boy

Гостин

Ние не се криеме од нашите домашни миленици но тие и понатаму не знаат дека ние постоиме.


:nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest:

Ајде ќе замолам некој што ја познава психологијата на животните (посебно кучињата и мачињата) да пише нешто за овој неверојатен став... А јас цело време мислев дека моето куче знае дека јас постојам:toe:

Леле кутриот мој слеп сосед, во иднина ќе биде воден од куче кое нема да знае дека е фактор на безбедност за сопственикот...:nesvest:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Загубата на член на семејство или близок. „Верник“ ќе рече: Така сакал бог, негова воља. Атеистот мора да преброди во себе лавини од гнев кон околностите кои довеле до тоа и самообвинување дека не сторил нешто, иако „можел“.

Кога владеела чумата, „верниците“ бегале од „гневот божји“ а „неверниците“ биле гневни на себе што не можат да помогнат некако. Овие вторите се тие кои виделе дека причината за масовните умирачки не е некаков гнев од „бог“, туку болест за која има лек. Да беа сите верници, се’ ќе оставеа во „божји раце“ и ден денес ќе бегавме пред чумата.
Тоа ли е верник, или фанатик? А што се однесува до лековите, исклучиво атеисти ли ги изумувале?
:nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest:

Ајде ќе замолам некој што ја познава психологијата на животните (посебно кучињата и мачињата) да пише нешто за овој неверојатен став... А јас цело време мислев дека моето куче знае дека јас постојам:toe:

Леле кутриот мој слеп сосед, во иднина ќе биде воден од куче кое нема да знае дека е фактор на безбедност за сопственикот...:nesvest:
Да речеме знае, но свесно? Мисли кај него нема. Да имаше, не сите кучиња ќе ни беа бест френд, би рекол многу малку.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Животните имаат свест
ако мавнеш мачка по глава и падне у несвест
значи дека претходно била у свест
значи имаат свест
и поарни се од нас
не пушат
не пијат алкохол
шивеат овде и сега секогаш во сегашноста
имаат само нужни и неопходни потреби!
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Имаат свест но не и самосвест, знаат ли овака како што ние луѓето знаеме, со мисли? Да се ставиме на нивно место, би знаеле ли, би верувале ли? Поентата ми беше, ако станува збор за Бог како над битие, да не го посматраме низ нашата ограничена перцепција.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Имаат свест но не и самосвест, знаат ли овака како што ние луѓето знаеме, со мисли? Да се ставиме на нивно место, би знаеле ли, би верувале ли? Поентата ми беше, ако станува збор за Бог како над битие, да не го посматраме низ нашата ограничена перцепција.
Да животните имаат и свест и самосвест. Колкава е нивната интелегенција зависи од самите животни баш како што тоа зависи од самите нас колку сме ние интелегентни.
Мислат исто како нас но на многу попримитивно ниво барем сега за сега.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Да животните имаат и свест и самосвест. Колкава е нивната интелегенција зависи од самите животни баш како што тоа зависи од самите нас колку сме ние интелегентни.
Мислат исто како нас но на многу попримитивно ниво барем сега за сега.
Самосвест? Хмм... Тоа сега за сега ќе остане малку подолго ако мислиш на еволуција. Интелигенцијата е многу пресудна за самосвеста но дали е баш круцијална не знам. А може. За некои животни како делфинот, мајмунот и слонот кои се многу интелигентни се знае дека во огледало го препознаваат својот одраз, другите „мислат’’ дека е некој друг во него. Оние кутри ментално заостанати луѓе во Демир Хисар баш делуваат како животни без самосвест, имаат многу низок IQ.
Можно е се, но поентата во врска со темава ми беше тоа, ниво на свеста и способност за перцепција.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Галилео е осуден од страна на црквата затоа што велел дека црквата и науката зборат иста работа , но на различен јазик . И човекот во тогашно време кажал реченица која сметам дека е повеќе од точна . Зошто ? Бидејќи библијата вели дека светот е создаден од ништо , исто и науката смета дека коа ке се судри анти материја и материја можат да создадат нешто ( слабо ми иде физика ама ете читајќи филозофија сум дошла до ова сознание . Бог е се и се е бог рекол Спиноза. И сум верник затоа што во основа според мене сите религии учат на добри вредности и работи ,поенатата е кој како ќе си ги протумачи . На крај краева секој може да верува во се негов избор и негово право .
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Религиите учат на добро, да
но кои се столбовите на верата?
на некоја конкретна религија?
Дали нивните етички учења?
не, туку догмите и ритуалите
затоа религииите се сувишни
најбитното што го учат
се нивните етички учења
кои им се заеднички
и кои се дел и од нерелигиозни филозофии и идеологии
религиозноста никого не направила морален
само поради тоа што е некој религиозен не значи дека е морален и обратно
имаш морални атеисти и неморални верници
така да ако има вечен живот во што сериозно се сомневам
ќе има спасени од сите времиња, нации и религии
а животните во рајот ќе бидат воскреснатите животни
како што и луѓето во рајот ќе бидеме сите ние воскреснати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom