Neemo, човечкиот ембрион не поминува низ никакви еволутивни фази. Тој нема никакви чкрги, нема никаква опашка, во никој стадиум не е влекач, туку тој од самиот почеток до крајот е човечки ембрион кој полека се оформува во бебе, а тоа што нам субјективно ни изгледа (или пак ни се причинува како што ќе објаснам подоле) нема никаква врска со реалноста.
Оваа "теорија" т.е. научна измама дека човечкиот ембрион поминува низ некакви еволутивни фази и дека во нив тој наликува на другите животни ја пласираше Ернст Хекел во почетокот на минатиот век. Тоа тој го направи пласирајќи една низа на сликички, емрбиони на различни животни, кои многу наликуваа едни на други. Бидејќи во тој период еволуцијата беше сеуште WOW речиси никој не се посомнева во веродостојноста на неговите слики и во недостигот на очекуваната фосилна подршка на еволуцијата, сите еволуционисти се фатија како слепец за стап за овој "крунски доказ" за еволуцијата.
Но подоцна некои паметни решија да ги проверат сликичките на Хекел и увидоа дека се работи за тежок фалсификат т.е. за најголемата измама во науката.
Речиси секаде во светот оваа измама е јасно разобличена и им се кажува на учениците уште во најраните школски денови, освен ако што гледаме во нашиве посткомунистички индоктринизирани држави.
Хекеловите сликички се отстранети или пак маркирани како фалсификати речиси во сите сериозни научни музеи.
Еве ви доказ за тоа:
http://www.truthinscience.org.uk/site/index.php?option=com_content&task=view&id=215&Itemid=63
Еве ви и слика каде што можете да ги видите сликичките на Хекел споредени со вистинските ембриони на наведените животни.
http://www.helsinki.fi/~pjojala/textbook fraud deceit fake doctoration Haeckel embryo 1.jpg
Имајте предвид дека горната низа на слики се фалсификатите на Хекел, а долната се слики на вистински ембриони.
Се надевам дека разјаснивме околу "еволуцијата" на човечкиот ембрион.
И уште нешто заборавив да додадам. Тоа што некорекно се нарекува "жабри" кај човечкиот ембрион всушност се "Фарингални ќеси" кои немаат никаква врска со дишење, ниту пак се отвараат. Тие се развиваат во тимусна жлезда, паратироидни жлезди и во канали на средното уво - и ниту еден од овие органи нема ништо заедничко со дишењето, под вода или над вода
Исто така и "Опавчето" не е никакво опавче, туку тоа е орган во кој се формира крв. Е сега ако вие знаете некое животно што има опашка во која се формира крв, бујрум наведете го тој "доказ" за еволуцијата :pos2:
Иако темава нема врска со христијанството или пак Библијата (затоа што теисти е општ поим, теисти не се само христијаните!) сепак на кратко ќе ти одговорам дека Библијата никаде не тврди дека Земјата е рамна плоча носена на китови и слични небулози, туку јасно кажува дека таа има кружна форма и дека лебди во празниот простор! Оваа изјава Библијата ја изнесува во 8век пред наша ера т.е. со векови и векови пред научниците да го сторат тоа
Исто така, Библијата никаде не вели дека ткн. "свети" Илија мава со громови од Небото, туку тоа го велат токму оние кои не ја прочитале Библијата, а се замислуваат дека знаат нешто од христијанството.
Друго, Галилео Галилеј не бил запален, туку други биле запалени (пр. Џордано Бруно). Но каква врска има Римокатоличката самонаречена "црква" со изворната библиска Христова Црква? Тоа што некој го злоупотребувал христијанството и го лажел обичниот необразован народ "во името на Библијата", тоа што некој измислувал чистилиште, плаќање за прошка на гревовите (индулгенции), тоа што некој вршел инквизиција на секој што ќе се спротиставел на папата итн. зарем е фер вината за тоа да му ја префрлиме на Христос и Неговото учење кое го негира сето ова што го наведовме погоре?
Но ќе ве замолам сите противници на христијанството, да не ја расипуваме оваа тема со христијански и библиски апологетики. Темава повеќе ја замислував како научна каде што можеме да ги изнесеме и извагаме нашите аргументи за или против постоњето на Бог, а не како тема каде што ќе напаѓаме или браниме некоја конкретна вера или религија. За тоа имаме повеќе од доволно теми и затоа ве молам да ја поштедите оваа тема од ограничување кон една вера, религија или света книга.
Поздрав!