Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Абе и на науката му треба постулат за почеток. Не сите работи се објаснати од науката, ама па верник да се осврни на наука за објаснение е сопка брату уште од старт.

Немој сеа жити детство, оти религијата се базира на слепоста, ти ако почниш да отвараш очи и да поставуваш многу прашања ќе ја компромитираш каузата и ќе те исплеска по газето патронот твој отецот.

Зато поарно ќутиси дур има ќорлава раја.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Со самото такво тврдење, повлекуваш една паралела со аргументот за прапричината со она кое јас би го рекол на пример.
Дека ако се мора да потекнува од една прапричина, а таа е вечна, неменлива и неопределена, зошто вечен не би бил и светот?

Ако нели, Бог нема своја причина за своето настанување и е вечен, која е причината светот да има причина?

Зошто првата кауза не би ја поистоветиле со Универзумот?
Контингентни се оние нешта кои не се самобитни т.е. причината за нивното постоење не е во самите нив, туку надвор од нив. Основни својства на контингентност се:

Променливост

Ако некоја творба се менува, таа нема внатрешна самобитност.
Материјата се менува, значи таа неможе да биде самобитна.
Таа е контингентна.

Временост
Кога нешто постои во даден облик, форма или вид само определено време, тоа се одликува со временост. Секој конкретен вид и облик на материјата е привремен. Бидејќи материјата не постои континуирано во еден ист вид, облик, туку се менува, таа се одликува со временост, а не со вечност.
Тоа важи и за целата Вселена. Затоа таа ниту била, ниту ќе биде
вечна, самобитна.

Конечност, Ограниченост
Се што постои во одредена големина, а би можело да биде и поголемо, е конечно и ограничено. Секој вид и облик на материја е токму таков, конечен и ограничен. Ако секој дел од материјата е таков, тогаш и целината е таква (целината не може да биде поголема од збирот на деловите).
Алберт Ајнштајн во општата теорија на релативноста одредува дури и приближни вредности за радиусот и масата на целата вселена.
[FONT=fixedsys,arial black]
Р = 1000....0 м (26 нули) ; М = 1000....0 Кг (53 нули) [/FONT]
Се разбира не можеме да очекуваме висока прецизност на овие вредности, но од поголем интерес за нас е тоа што овие вредности, колкави и да се, се конечни.

Значи, целата вселена, сиот материјален свет е контенгентен, а не самобитен, од променлив, конечен и временски карактер, а не од постојан, бесконечен и вечен карактер. Таква е и материјата.
Јасно е дека и бесконечна низа на контингентни творби не може да ја одигра улогата на првична прапричина за нејзиното постоење, а таа прапричина да не биде контингентна. Такво својство по дефиниција може да има само вечниот, непроменливиот и самобитен Бог.

Еволуцијата се гледа, емпириска е, се наоѓа насекаде околу нас, научно е верифицирана.
Еволуцијата не се гледа, ниту пак некој некогаш видел, потврдил, докажал, верифицирал дека има или дека некогаш се случило нешто како еволуција.
Еволуцијата е драма, режија, фикција, научна фантастика, цртан филм, претпотсавка, пуста желба на атеистите, комунистичка индоктринација, единствена алтернативна претпоставка/хипотеза која го исклучува Бог од фокусот на создавањето итн. таа е се, ОСВЕН научно верифицирана теорија.
Таа не е изведена по научниот метод. Таа е изведена од сликари, креативни уметници кои умешно цртаат мајмунчиња кои полека се исправаат во една редица како да чекаат млеко пред продавница.
Фантазијата на еволуционистите оди дотаму што дури и од еден заб тие успеаа да го нацртаат "Човекот од Небарска" и притоа направија еден долгометражен филм за тоа како изгледал, каде живеел, како одел, како јадел итн.
За оваа пародија да ја достигне својата кулминација, подоцна се установи дека тој заб бил од некој исчезнат вид на свињи :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Римокатолицизмот(совремниот светски и непоправлив папизам) целосно и припага на протестанската еклисиологија,којашто ја презема целата структура и и дејствие на оваа сепротестанска организација (се мисли на римокатолицката црква) таа упорно низ вековите се повеке и повеке создава погресна претстава за Бога и го разобличува словото Божјо како нејзе и одговара со цел да оставри одредени материјални интереси во нејзина полза така е случајот и со Дарвиновата теорија која нема никаква врска со словото Божјо и за постанокот на светот таа со оваа одлука ја оддели Божјата природа од светов во Ватикан духовноста е маргинализирана материјаното го зазема тронот заедно со блудноста .
file:///F:/My%20pictures%202/untitled2.bmpРазбира се...
Од крајот на 19-от, римокатоличката Црква ја прифаќа секоја наушна будалаштина како дел од нејзиното изворно учење па таков е и случајот со асимилсацијата не еволуцијата во црковни цели. А плус тоа, римската Црква, по покровителство од Мусолини, стекна атрибути на независна држава а во меѓувреме, стана и класичен капиталистички акционер-со своја банка и удел низ фирми. Каде е тука диховноста?
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
римската Црква, по покровителство од Мусолини, стекна атрибути на независна држава а во меѓувреме, стана и класичен капиталистички акционер-со своја банка и удел низ фирми. Каде е тука диховноста?
Ај шуќур, и Мики сфатил шо е финтата со црквата, џамијата, синагогата и сите останати кои се нарекуваат претставници на некоја религија...

Пари и моќ - то е финтата брат :helou:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Контингентни се оние нешта кои не се самобитни т.е. причината за нивното постоење не е во самите нив, туку надвор од нив. Основни својства на контингентност се:

Променливост

Ако некоја творба се менува, таа нема внатрешна самобитност.
Материјата се менува, значи таа неможе да биде самобитна.
Таа е контингентна.

Временост
Кога нешто постои во даден облик, форма или вид само определено време, тоа се одликува со временост. Секој конкретен вид и облик на материјата е привремен. Бидејќи материјата не постои континуирано во еден ист вид, облик, туку се менува, таа се одликува со временост, а не со вечност.
Тоа важи и за целата Вселена. Затоа таа ниту била, ниту ќе биде
вечна, самобитна.

Конечност, Ограниченост
Се што постои во одредена големина, а би можело да биде и поголемо, е конечно и ограничено. Секој вид и облик на материја е токму таков, конечен и ограничен. Ако секој дел од материјата е таков, тогаш и целината е таква (целината не може да биде поголема од збирот на деловите).
Алберт Ајнштајн во општата теорија на релативноста одредува дури и приближни вредности за радиусот и масата на целата вселена.
[FONT=fixedsys,arial black]
Р = 1000....0 м (26 нули) ; М = 1000....0 Кг (53 нули) [/FONT]
Се разбира не можеме да очекуваме висока прецизност на овие вредности, но од поголем интерес за нас е тоа што овие вредности, колкави и да се, се конечни.

Значи, целата вселена, сиот материјален свет е контенгентен, а не самобитен, од променлив, конечен и временски карактер, а не од постојан, бесконечен и вечен карактер. Таква е и материјата.
Јасно е дека и бесконечна низа на контингентни творби не може да ја одигра улогата на првична прапричина за нејзиното постоење, а таа прапричина да не биде контингентна. Такво својство по дефиниција може да има само вечниот, непроменливиот и самобитен Бог.

Еволуцијата не се гледа, ниту пак некој некогаш видел, потврдил, докажал, верифицирал дека има или дека некогаш се случило нешто како еволуција.
Еволуцијата е драма, режија, фикција, научна фантастика, цртан филм, претпотсавка, пуста желба на атеистите, комунистичка индоктринација, единствена алтернативна претпоставка/хипотеза која го исклучува Бог од фокусот на создавањето итн. таа е се, ОСВЕН научно верифицирана теорија.
Таа не е изведена по научниот метод. Таа е изведена од сликари, креативни уметници кои умешно цртаат мајмунчиња кои полека се исправаат во една редица како да чекаат млеко пред продавница.
Фантазијата на еволуционистите оди дотаму што дури и од еден заб тие успеаа да го нацртаат "Човекот од Небарска" и притоа направија еден долгометражен филм за тоа како изгледал, каде живеел, како одел, како јадел итн.
За оваа пародија да ја достигне својата кулминација, подоцна се установи дека тој заб бил од некој исчезнат вид на свињи :)

Да, да, .....бла-бла.....одговорите за се и сешто ни ги дал еден изнемоштен и полуден од глад и жед пустински скитник на кој се и сешто му се привидело под дејство на жешкото сонце..
... и да биде апсурдот уште поголем тој во тоа време правел едно големо кривоверство.....одел не против науката туку против друго исто така религиско учење..египетскиот политеизам.
Имаме процес на поништување на вера со вера што и ден денешен се уште трае, во суштина главна мета на религиското учење не се атеистичките учења туку спротиставените религиски учења.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Разбира се...
Од крајот на 19-от, римокатоличката Црква ја прифаќа секоја наушна будалаштина како дел од нејзиното изворно учење па таков е и случајот со асимилсацијата не еволуцијата во црковни цели. А плус тоа, римската Црква, по покровителство од Мусолини, стекна атрибути на независна држава а во меѓувреме, стана и класичен капиталистички акционер-со своја банка и удел низ фирми. Каде е тука диховноста?
Ејјјјј ко ќе прочитам ваква глупост ми иде да...
Таа Римокатоличка црква само во еден сокак на Ватикан има повеќе учени глави од сите профили одколку што имаат сите други цркви заедно.
Таа црква многу добро ја има сфатено суштината на светот, не живее во минатото, се прилагодува кон новите сознанија и текови и им ги приближува на своите верници.
Таа одамна има сватено дека се е засновано на движењето, дека ништо не е статично и дадено еднаш засекогаш.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А Христос, како се „прилагодува„ кон времето? Јака ми е таа црква која се раководи според „..духот од овој свет...„
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
А Христос, како се „прилагодува„ кон времето? Јака ми е таа црква која се раководи според „..духот од овој свет...
А во кој свет ти живееш........јас за друг сега засега незнам
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А во кој свет ти живееш........јас за друг сега засега незнам
Во ботлуваното е проблемот.

Но, никогаш не се знае. Дури е човекот жив, секогаш има надеж-да запознае и друг свет, светот на духовноста, а не само светот на суровиот рационализам, материјализам и натурализам, разбираш...
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Во ботлуваното е проблемот.

Но, никогаш не се знае. Дури е човекот жив, секогаш има надеж-да запознае и друг свет, светот на духовноста, а не само светот на суровиот рационализам, материјализам и натурализам, разбираш...
Разбираме бе Мики ама, па ако почнеме со духовен живот и негово спознание во овој... што ќе спознаваме кога ќе отпатувасме на оној другиит свет?
 
Член од
11 август 2008
Мислења
112
Поени од реакции
14
А во кој свет ти живееш........јас за друг сега засега незнам

Треба да се живее во светот, но не спред светот туку според Бога тоа за човекот е многу тешко а уште потешко е за лицемрниот и блудниот .
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Многу едноставно: барај го Бога...Он не најде и не повика на спасение. Сега, секој има можност да го прими или отфрли Божјиот повик. Никој не станал верник, ако претходно не се сретнал со својот Творец.
 
Ај опиши ни ја твојата средба со Творецот!:vozbud:
Сигурен сум дека и верниците ќе ги интересира тоа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мојата средба со Творецот (иако е тоа приватно прашање) е моментот кога поверував во Неговото постоење, читајќи го Новиот Завет. Тој момент (а не процес) во православието се нарекува „метаноја„ или „преумување-покајание„. Без тој момент, навистина немам поим како некој би можел да се нарече верник...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Абе и ја го читав Хари Потер, и сега треба во сето тоа да поверувам.........
 
Kajgana Shop

На врв Bottom