Крстот е симбол, симбол на победата Христова врз смртта, прво и основно.
Крстот навистина е крст, објект на кој Хрисотс е распнат. На крстот, Он ги зеде сите човеки гревови на Свој грб, оти само Он може такво нешто да стори.
Крстот е не само симбол на победата на животот врз смртта, туку и симбол на тежината која верникот треба да ја поднесе, во својата лична борба против злото, а пред се и над се, против злото во него (во верникот).
Како што на Христа Му беше тешко да го носи крстот кон Голгота, така и на верникот треба да му биде тешко, и симболично, но и пактично, „ратувајќи„ со злото и во него но и надвор од него (од верникот).
Крстот, (не било кој крст) е „објект„, сила, од која бегаат демоните. Народски кажано, „...бега како ѓаволот од крстот...„
Така, од римски симбол на срамот, крстот стана симбол на победата над смррта.