1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои.
Во суштината на христијанското верување е да не се бара доказ во постоењето на Бог-едноставно да се верува. Simple as that. Е сега за многумина би било глупово да прифатат една ваква ,,приказна,, ама на крајот на денот морате да сватите дека секој го бира она во кое сака да верува. Затоа што честопати животот се чини доволно нелогичен и не секогаш науката ги им сите одговори. Верата е прашање на личен избор. Верникот е доволно глупав за да не му требаат докази. Исто како и вљубениот.
2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е.
Можеме ама не ни менува ништо. И натаму е една убава ;,приказна,, во која ние веруваме. Приказната е битна, не кој ја пласира и за кого се однесува. Рече еден убеден верник.
3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави.
Колку поголем верник си, бог повеќе те искушува, поголеми маки ќе се натргаш. По таа библиска логика се трудам да не бидам голем верник. Твоето страдање може да значи дека го ,,износуваш,, гревот на твоите предци.
4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле...
Напротив религиите се многу строги и тежок е патот кон благодетите кои се нудат во животот после животот.
5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран.
Бог не бара клечење пред него. Ја имаш слободната волја. Твое е дали искрено ќе му се обратиш и ќе побараш помош од него за некое твое искушение или мака.
6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество.
Овде имам клсичен одговор. Религиите не се виновни, виновни се нивните лажни застапници кои никако не смеат да бидат причина за неверување иако тоа е малку тешко за голем број на луге.
7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала.
Научните достигнувања vs Бог? Не го свќам дуелот?
8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен.
Бог ги сака и неверниците се додека “несвесно “ се придржуваат до неговите големи закони.
9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог)
Бог не не спречува да бидеме прогресивни и напредни. Пак тие пречки потекнуваат од лугето и во погрешниот начин на толкување на нештата.
10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник.
И верникот сам си ја брка работата. По потреба го замолува Бог да му помогне.
11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее.
Е да. Да си атеист е далеку пошизички.:nesum:
Со одговорите си правам проверка на моите знаења од религија, не давам контраргументи на тврдењата на авторот на темата да се разбериме. Добро има по нешто и авторско.