Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
jas kako sto rekov veruvam i vo naukata ne samo vo gospod,ama ne mozam da gi razberam ateistite,vo sto ja gledaat smislata na zivotot?kako go gledaat zivotot?samo nemojte da mi racete deka smetate deka zivotot na planetava e slucaen...
.....ne mozam da gi razberam ateistite
Атеистите ко прво немаат проблем идејата дека животот е само една сложена хемиска реакција и дека е неминовен резултат на својствата на енергијата а со тоа и на материјата. Ко второ смислата во животот ја гледаат во растењето развивањето, создавање потомство, создавање подобри услови за развој на своето потомство и користење на интелектуалната моќ за одржување на човековата популација што е можно подолг временски период, како и нејзино ширење, како на пример надвор од сончевиот систем. Нормално на тоа секој си има и свои лично желби и амбиции кои го трасираат неговиот живот.
Ако неможеш ова да го разбереш не бери гајле не е опасно бидејќи и јас на пример неможам да ги разберам хомосексуалците, ама не се ни обидувам, бидејќи тоа би ми било непотребно поторшено време на мислење на нешто.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Атеистите ко прво немаат проблем идејата дека живото е само една сложена хемиска реакција и дека е неминовен резултат на својствата на енергијата а со тоа и на материјата. Ко второ смислата во живото ја гледаат во растењето развивањето, создавање потомство, создавање подобри услови за развој на своето потомство и користење на интелектуалната моќ за одржување на човековата популација што е можно подолг временски период, како и негово ширење, како на пример надвор од сончевиот истем. Нормално на тоа секој си има и свои лично желби и амбиции кои го трасираат нивниот живот.
Ако неможеш ова да го разбереш не бери гајле не е опасно бидејќи и јас на пример неможам да ги разберам хомосексуалците, ама не се ни обидувам, бидејќи тоа би ми било непотребно поторшено време на мислење на нешто.
Ова вака многу ми се допаѓа. Мене ме мрзи да пишувам објаснувања за некој работи и кога вака некој ќе напише нешто што уствари сум сакал отприлика да го кажам многу ме радува.
Everything that he said, после ова излишни се сите коментари. Ама знам дека нема да прекинат тука.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
смислата во животот ја гледаат во растењето развивањето, создавање потомство, создавање подобри услови за развој на своето потомство и користење на интелектуалната моќ за одржување на човековата популација што е можно подолг временски период, како и нејзино ширење, како на пример надвор од сончевиот систем. Нормално на тоа секој си има и свои лично желби и амбиции кои го трасираат неговиот живот.
ova zvuci kako ateistite da nemaat cuvstva,ali ok ne gi osuduvam niti sakam da gi navredam,samo si kazav mislenje,ako im e ubavo da ne veruvaat vo visa sila ok nivni problem,nemam namera da gi preubeduvam,gi postuvam u sekoj slucaj ama sepak ke se drzam do mislenjeto deka verata i naukata se nadopolnuvaat i se megusebno povrzani i deka go pravat covekot kompleten,i duhovno i umstveno
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Не бери гајле имаат чувства како и многу други животни на земјава, инаку да научниците и теолозите мора да соработуваат, за да може да се напредува во науката и позитивно да се искористат придобивките на науката во општеството.
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Мислењата во 18-19 век беа дека човекот од животните се разликува по “моралноста“, но не е така. И животните ја имаат таја особина, Набљудувањето на животните и нивниот “социјален“ живот ни кажува дека и тие имаат свои правила, норми на понашање, размислувања, кавги, љубов, љубомора, одмазда (Бабунот кој што бил задеван од својот чувар еден ден истурил вода во дупка со земја направил кал, и ја истурил врз истиот чувар, долго време по тоа триумфално скокал кога ќе го здогледал чуварот), мајчинство, татковство... имаме “државни удари“, борба за власт, дволични игри (“кога господарот бабун се сврте, неговата женка на брзина му се подаде на друг бабун, кога господарот ја виде, таја веднаш поита назат кон него, квичеше и цикаше, ползеше на стомак, се вртеше кон “швалерот“ му се закануваше со удари на дланките се додека господарот не го нападна), игри, пеење на песни, депресии (звечерка која ќе изгуби во ритуална битка со друг мажјак се повлекува, не покажува никаков интерес за околината и се повлекува пред било кое животно), еуфории, комуникации (Вервет мајмунитее имаат три различни звуци да ја алармираат групата за опасност од орел, леопард или змија). Имаме и типови на уредувања внатре во групата, од демократски, преку олаигархии, па и наследни аристократии. Ред во општеството базиран на силина, големина, храброст... криминал, убиства, тепања, силувања.... (она што ќе го најдиш во весник во црна хроника кај човекот, го има и во животинскиот свет), посредувања (Кога во колонијата Арнхем, мажјаците на шимпанзата се готвеле за меѓусебна борба , собирале камења, женките се вмешувале нежно им ги отварале рацете и ги земале камењата и дури посредувале кога двајца спротивставени мажјаци “не комуницирале“ - се игнорирале меѓусебе, си ја чуваат територијата (Шимпанзите патролираат околу својата “земја“ внимателно тивко дури и избегнуваат да газат на суви лисја или гранчиња, мирисаат дрвјата, земјата, набљудуваат фекалиите, со цел да откријат дали некој “странец“ им навлегол во земјата.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
69
Поени од реакции
7
Vistinskite vernici i vistinskite ateisti se prepoznavaat po toa sto go pocituvaat mislenjeto na drugite i ne se obiduvaat da go opravdaat svoeto.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Не сум верник, но сепак има некои работи што науката не може да ги објасни, сепак мислам дека има некоја "виша сила", да ја наречам. Но далеку од тоа дека го гледам Господ како човек кој што е горе на небото, кој што ги слуша нашите молитви, распраќа во рај и пекол.... Како што рекол Ксенофон, да имаа воловите раце и да знаеа да цртаат, веројатно ќе го нацртаа Господ со изглед на вол.:uvo: Господ, барем онаков каков што го знаеме е измислица на човековиот ум.
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
188
Поени од реакции
10
Јас сум верник,ама почитувам наука. Голем дел од работите кои што ги сметале за божја работа,се објаснети научно,ама никогаш до крај. Можда науката ке го објасни оганот или дождот,работите кои што порано ги сметале како божји,ке објасни како настануваат,ама неможе да ми објасни како дошло до условите за тоа да се создаде. Ке објасни како настануваат облаците,па ке објасни како се создала земјата и сите тие срања,ама ај нека ми објасни како настанало тоа што претходело на земјата. Ај нека ми објасни како настанал мајмунот,па ние да еволуираме во човек. Нека дојде Чарлс Дарвин да ми објасни. Тоа се според мене глупости.... и крај.
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11

Toa shto denes sme dovolno naprednati za 'nauchno' da si objasnime zoshto nekoi raboti se sluchuvaat (dozdot, odlacite napr.), ne znachi deka istite ne se 'Bozji' dela. Za vernicite, normalno.
 
Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
zemjotresot mi bese primer deka mnogu luge sto vikaat deka se ateisti vo losi momenti se obrakaat na gospod.ne site ama poveketo(so isklucoci)
jas kako sto rekov veruvam i vo naukata ne samo vo gospod,ama ne mozam da gi razberam ateistite,vo sto ja gledaat smislata na zivotot?kako go gledaat zivotot?samo nemojte da mi racete deka smetate deka zivotot na planetava e slucaen...
a pesterskiot covek najverovatno pomislil deka bogovite go kaznuvaat:)
inace samo da kazam deka mnogu gi pocituvam site naucnici i bi sakala da go imam nivnoto znaenje,barem na eden od niv,ama sepak.....ne mozam da gi razberam ateistite
А кај пишува дека ти мора нешто или некого да разбереш? Ти не сакаш да разбереш поради причини кои ти се познати само тебе, и не сакам да дебатирам околу тоа.
А она за смислата на животот ти е премногу арогантно за да биде премолчено.
Лесно е малечка да се биде голем верник во топла соба, со хај спид интернет конекција. Што мислиш како се чувствуваат милионите гладни деца кои во овој момент се во агонија? Кај е нивниот бог? Кај е одговорот на нивните, и молитвите на нивните родители и најблиски за подобро утре?
Што викаш на тоа што јас како атеист ја гледам смислата на мојата егзистенција во барањето на подобар живот за мене и мојата фамилија. Има нешто лошо во воспитување на децата да бидат добри, поштени и толерантни граѓани? Има нешто лошо во тоа што и служев на државата на секој начин, бев во војска, плаќам даноци (вклучувајќи ја и заебаната претплата за МТВ, иако никогаш не ги гледаме ниту слушаме нивните програми). Има некаква фундаментална разлика помеѓу мене и тебе, па не можеш да ме разбереш?
 
Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Не сум верник, но сепак има некои работи што науката не може да ги објасни, сепак мислам дека има некоја "виша сила", да ја наречам. Но далеку од тоа дека го гледам Господ како човек кој што е горе на небото, кој што ги слуша нашите молитви, распраќа во рај и пекол.... Како што рекол Ксенофон, да имаа воловите раце и да знаеа да цртаат, веројатно ќе го нацртаа Господ со изглед на вол.:uvo: Господ, барем онаков каков што го знаеме е измислица на човековиот ум.
Амин!! :pos2:

Обавезно да се погледа на Youtube.
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11
Лесно е малечка да се биде голем верник во топла соба, со хај спид интернет конекција. Што мислиш како се чувствуваат милионите гладни деца кои во овој момент се во агонија? Кај е нивниот бог? Кај е одговорот на нивните, и молитвите на нивните родители и најблиски за подобро утре?
Mislam deka ja promashi poentata. Posiromashnite se povekje skloni kon 'veruvanje', odkolku bogatite.:toe:
Ne e lesno da se bide vernik. Zatoa i ima ateisti.
 
Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Мојот атеизам е на истите основи како твојата религиозност. И јас верувам, но во себе, моите способности и можности, верувам во својата фамилија, блиските пријатели. Верувам во вистината, правам разлика помеѓу доброто и злото, дури идам и у црква кога се венчаваат моите блиски зашто верувам во традицијата. Дишеме ист воздух, јадеме иста храна, не боли глава од истите проблеми. И каква е разликата сега помеѓу мене и тебе?

ПС. Не е тешко да се биде верник, тешко е да се мисли со сопствената глава!:wink:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom