Ова не е прашање на верување или не, кај некои успева кај некои не. И во стилот на насловите на порталот Кајгана еве ви неколку совети.
1. Научете се на флексибилност. Ако сте човек кој се раководи во приватниот живот исклучиво по свои убедување синдром мавање со глава во ѕид тешко дека ќе успеете во долга врска. Има тука многу жртви, одстапки, курци-палци (и тоа буквално) што трбеаат за мир у кучи. Истражувањата покажаа дека во врските каде што и двајцата партнери се флексибилни шансите за успех се за 65% поголеми. (колку сигурно звучи кога ќе треснеш некоја глупост ама со одбрана реченица)
2. Задржете ја кичмата. Тоа е втората екстрема спротивна на точка 1. Вие како единка си имате свој идентитет, суверенитет, и територијален интегритет (што ти прави телевизија). Направете си црвени линии и имајте принципи во животот оти без нив сте папак и лижигз. За некои работи треба одстапка за други категорично не или цел живот ќе бидете нечиј вибратор со дугмиња што се врти како што ќе го притиснат.
3. Замка број I "се изгуби љубовта" со подзамка "кон новиот јебо што се појави имам посилни чувства него ли со сегашниот ми дечко". Генерално жените се емотивни суштества и се водат по емоции, за нив исправно е тоа што во дадениот момент ги исполнува. Плус си бараат анимации, дворски шутови, хумори, сатири, спонтаности, нови откритија, неистражени ерогени зони и тако даље. Е сега има даден момент во врската кога на партнерот ќе знаете кога станува на сабајле, на која поза свршава, и дали се бричи со жилет или вилкинсон а он во меѓувреме се испуцал со сите свои финти и знаменитости. И одеднаш ве фаќаат кризи ви станува предвидливо се, дур еден ден додека вие сте излезени со новите оросписки надколенки штикли-чизми низ град налетувате на другар од средно, односно се извинувам заборавив кој е аудиториумот, другар од градинка кој одсекогаш ви бил симпатичен, ќе врзете 3 реда муабет и одеднаш ви станува се интересно околу него, проработува простата женска емоција односно за нив логика јас не го сакам веќе овој туку оној нема да пројде многу а вие веќе се плескате тајно месец дена после тоа раскинувате со дечкото за продолжите со вториот за после неколку месеци да сфатите дека уствари исти ташак е и овој веќе нема што да понуди а плус се коцка у Астра со пола плата и се плеска со наводната ви другарка. Сфатете дека кој год да е еден ден ќе ви стане препознатлив, и предвидлив. Гледајте на компатибилност а не на адреналин, за да не си ја чукате лејката после-леле каков дечко испуштив. Ова го кажувам со намена за жени не дека и кај мажи не се случува ама жени почесто прават вакви ќерефекии.
3. Замка II-поарно со некој одколку сама. Ова е страшна грешка толку очигледна а од питач до Нобеловец паѓаат на неа. Образложението е јасно повторно преовладуваат чувствата (страв, очај, осаменост,депресија) отколку разумот. Поради ваквите катастрофи произлегла старата-најубавите круши свињите ги јадат. Овој проблем завзема страшни пропорции. Или што би рекла една моја другарка во рани 30-ти леле не знам како ќе фатам друг дечко ако раскинам со него, па тоа е цела процедура па се Јово наново. Децо, сечете одма вакви работи ако не е така како што треба. Ќе се разбудите еден ден со маж алкохоличар и жена што се работи со пола маало две деца и кредити во банка, и тогаш можете комотно да се мавате со безбол палица оти сте го искоцкале животот. Имајте муда и јајници да останете сами ако треба, знам дека е страшно знам дека ќе се заклучите во соба и ќе се трескате одземја на Антена Лав Сонгс, Бандини, и секој филм на Хју Грант ама подобро цел живот сам одколку во лоша врска/брак.
4. Комуникација. Да тоа сите го потенцираат. Не ви се јавил 3 дена и одма, е сега за инат ќе му исклучам телефон кој го е.е педерот. Чекајте малце, може се случило нешто, прашај си вака и вака што е работава, зошто молчиш, те снемува, не сакаш оралка да ми дадеш? Врз база на комуникацијата и одлуките се полесни. Муабетот ги разјаснува работите. Пред да делуваш прашај и собери информации. Колку повеќе битни информации толку поцврста одлука. И не комуницирајте само со партнерот туку и со луѓе од страна сигурно тој нема да ви каже дирекно дека ги сака жтите повеќе него вас.
5. Живејте заедно. Ако врската се уозбили ова е следниот логичен чекор. Едно е кога 2-3 пати неделно ќе се договарате одите на динер енд муви ќе се исплескате квалитетно 2-3 пати и са осмехом на лицу да се вратите дома каде што сами сте си газди и сами командате со просторот, а сосем друго е кога он сака телевизор во спална оти така е навикнат, а ти не поднесуваш бучава пред спиење.
Врската е вербален, неформален, нератификуван договор помеѓу две (а во некои случаи и повеќе) страни поради задоволување на вземни интереси. Сите други биохемиски работи, пеперутки во стомак, оси во матка, пчели во тестиси со тек на време се маргинализираат, и губат на интензитет. Интересот го дефинира опстанокот. Не идеализирајте туку рационализирајте.
Текстот е базиран на вистински приказни од секојдневни луѓе и ситуации.
Тхе енд.