вака, во периодот кога се испраќаше електронска апликација за барање да бидеш сместен во студенстки дом, кој траеше од 10 јули до 10 август, документи се потполнуваа онлајн, преку сајтот
www.raspredelba.gov.mk.
некаде 13ти август излезе прелиминарната листа на примени студенти, па сите кои се наоѓаа на листата ги поднесуваа документите во Кузман, а тој период беше од 17 до 21 август, каде најточно мензата беше претворена во место каде што се доставуват документите. оние пак кои не беа на прелиминарен список, имаа право на приговор, кој се доставуваше на исто место, само во посебен оддел, притоа носејќи ги истите документи како и оние кои се примени, плус рачно напишан текст во кој се поднесува приговор.
во мојот случај, поднесував приговор и ми беше прифатен, па сега се наоѓам на конечниот список, кој излезе пред 2-3 дена, на гореспоменатиот сајт.
сместувањето започнува утре, трае до 10ти септември.