Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Малиот принцја видов во друга тема, кај што не препорачуваат книги... Напротив. Да, не е за лектира за 10 годишни деца. Ако тогаш е читана, на 20 години препрочитување, задолжително. Во истиов кош е и Галебот Џонатан Ливингстон. Мене ми беше во основно лектира, и таа не е за тој период. Смешни педестина страни е, греота ем срамота да не се прочита.

Инаку Џејн Остин, Џорџ Елиот, Перл Бак, Бронте сите, Вирџинија Вулф, Џек Лондон, Тенеси Вилијамс, Блејк, Вајлд... Нема промашај, најтопло препорачувам било што од овие. :) Немам апла сите нивни дела прочитано, ама најголемиот дел да.


Едит: Зола, Ремарк..
 
Мене ми треба препорака за некоја добра книга слична на "Петтемина што ги среќаваш во рајот", или некој да ми каже каде можам таа да ја најдам зашто ја нема во три :smir:
 
Судбината на човекот од Михаил А. Шолохов. Потресна исповед на (екс) војникот Андреј Соколов за неговиот живот, за деновите минати како руски војник во Втората светска војна, за заробеништвото од страна на германските фашисти и животот како заробеник, за соочување со загубата на семејството, за новиот почеток.
 
За сите љубители на трилери, делата на:

Роберт Ладлам
Ден Браун
Даниел Силва

Нема да зажалите! Почнете со Ден Браун бидејќи е нешто малку полесен за читање од останативе 2ца, но сметам дека врвот е кај Ладлам! Најдобар писател на трилери според мене!
 
Галебот Џонатан Ливингстон. Се чита на седум години, па на седумнаесет, и повторно на 27, па така до крајот иако што почесто тоа подобро. Приказна за галебот кој обичноста и конформизот не може да ги прифати, приказна за спиритуализмот и смислата на животот. Поглед на светот од една поинаква перспектива. Во моментов, приказна дека во еден миг, после многу упорност, се може да биде прелетано. Учебник за животот за секој човек. Бах... генијалец. :wub:
A6256.jpg
 
Книгите на Ог Мандино
и дефинитивно КОј ке плаче кога ќе те нема од Робин Шарма
 
Можеби ќе сум оф-топик, но имам едно прашање. Налетав дома на Дервишот и смртта од Меша Селимовиќ, па ако има некој што ја прочитал, да ми каже мислење.. Дали да почнам да ја читам? :)

И.. на темата. Книга што би ја препорачала е Оркански Височини од Емили Бронте. Ќе им се допадне на сите што сакаат несекојдневни љубовни приказни. Лесно е човек да се пронајде во ликовите, да ги мрази и сака во исто време, да навива за љубовта и да ја преколнува. Да ги оправдува и обвинува. Книга што ја имам препрочитано неколку пати и што не ти дозволува да ја оставиш кога ќе почнеш да ја читаш.
 
Книгите на Ден Браун (Дигитална тврдина, Точка на измамата), Џејмс Ролинс (Храмот на инките, Мапа од коски).

Мапа од коски-инзвонредна книга а и добри предлози ти се другиве,нема никој да се зезне ако ги прочита.А и да не ја заборавам книгата Ангели и демони од Ден Браун...фантастично...
 
Халед Хосеини - Ловец на Змејови

Дебитански негов роман кој во голем дел е автобиографски, покрај прекрасната дарба да преточува фотографија во текст на Халед во романот очигледни се влијанијата на Руми (што не е чудно за Авганистанец) и Киплинг врз него што го прави романот уште подобар.
Ја завршив пред една недела и можам да кажам дека ја прочитав во еден здив! Една од најдобрите книги што сум ги прочитал во последно време.
Една вечер не ме оставаше книгава ни да спијам. Постојано размислував за неа.

Џони, има и филм базиран според книгата, ако имаш време погледни го.
http://www.imdb.com/title/tt0419887/
 
Љубов со мали букви - Франсес Миралјес
Интересна книга и вреди да се прочита.

....Уживај во малите работи, можеби некогаш ќе се обѕрнеш и ќе сфатиш дека биле големи....
 
Капетановата ќерка-Пушкин
Кратка, но содржајна.
 
1nz2jc.jpg


The fountainhead од Ајн Ренд (Ayn Rand)

Ја препорачувам оваа книга толку многу за помладите дечки, во нивните касни тинејџерски или рани дваесетти години.

Навистина супер книга за било кој читател, меѓутоа мислам дека постои огромна вредност за секој кој што туку што почнува да влегува во светот на возрасните.

Еден од клучните концепти во оваа книга е ги правиш работите од вистинските причини. Постојат два карактери, двајцата архитекти, и едниот станува архитект затоа што тоа е "вистинската работа за него". "Престижна е, се плаќа добро, луѓето ќе те почитуваат"... Тој ја работи својата работа за другите а не за себеси.

Потоа тука е Хауард Рорк главниот протагонист кој што станал архитект заради креативниот импулс. Луѓето се обидуваат да го срушат, велат дека неговата работа е срање, но тој не го работи тоа за другите, туку го работи за себе.

Ајн Ренд е одлична во осознавањето на други битни концепти како општествената склоност кон зајакнување на медиокритетот, гледање надолу на секој кој што се обидува да ги надмине општествените норми, и до самиот крај е интересна книга за читање.
 
Ке ве молам за препораказа две книги..

Едната да биде добра ама стварно добра комедија ..
Втората да биде страшен хорор..

Фала однапред...
 
Едитирано од модератор: Секое мислење кое освен наслов нема да понуди друго објаснување зошто токму таа книга ја препорачува, ќе биде избришано.

Дали овој цитат од првиот пост личи на гол дебел американец и заради што го избегнувате? Дали треба да стаам слика на Парис Хилтон за да го забележи некој?

Шупци ебате... :jaj:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom