Книги кои би ги препорачале

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Барам препорака нешто од типот на Џон Шорз „под мермерно небо“, „Времето на лалињата“, Даниела Стил „Исчезнат“... Значи некое со лесен стил, да има заплет, љубов и секс но не да забегуе у порка (како Бадем) и најбитна работа... да држи во неизвесност до самиот крај.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Posledniot vistinski bunt- monah Andrej i monah Jovan
Iluminati -Vilijam Dzordz Saton
Dostoevski -Braka karamazovi,Netocka Nezvanova,Dvojnik
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
ако сте за авантура ... одберете нешто од Жил Верн нема промашај кај него , ете на пример Децата на капетанот Грент ;)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ако може некој да ми препорача некоја книга да не биде околу 200 страни немора толку ама препорачливо е да биде околу таа бројка книгата ако може да биде некоја со понови мистерии и такви работи ми се причита нешто :)
Најголемите светски мисерии од Најџел Блундел. Кинга за Бермудскиот Триаголник, исчезнатиот остров Атлантида и останати мистериозни места. :back:и да.. 200 страни :pos2:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Жустин- Маркиз Де Сад :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:.
 

VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
Хари Потер (особено 4,5,6,7)... можи некој ќе кажи дека е детска ама сигурно ги гледал само филмојте :pov: ХП книгите се забавна литература за сите возрасти (иако не верувам дека дете од 7-12 год ќе ја разбере на вистински начин) и носат скриени поучни пораки за животот воопшто, во некој моменти преку тој волшебен свет го одсликува вистинскиот свет (општеството)... А и смеат до солзи :pos:

Ако некој сака да почне да ги чита нека не се разочарува уште од првиот дел... :nenene: затоа што 1,2 а можеби и 3 се малку “подетски“, меѓутоа од книга во книга, со растењето на Хари, “растат“ и книгите...
Да убави се. Ако ги читате никако на Македонски! Срање е преводот!

Иначе ги препорачувам, ПОСЕБНО до женската популација Бакнеж во ноќта и Игра со Ѓаволот од Шерилин Кенион! Е*ење книгиии:vozbud::vozbud::vozbud:!! :drk: .
-Ако има некој што има читано книги од ваков тип нека сподели наслов, ајл би вери грејтфул.:back:
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Не е лош преводот како превод, само имињата како се преведени буквално :tapp:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Иако е малце детски сепак Клетници секој треба да ја прочита.

Исто така и Алхемичарот од Пауло Коељо.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Иако е малце детски сепак Клетници секој треба да ја прочита.
воопшто не е детски, тоа што треба да се чита во трета година средно не треба да биде знак дека е детски
и ијас препорачувам секој да ја прочита, мене омилена книга ми е
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
,,ВЕШТИЦА``- ВЕНКО АНДОНОВСКИ- ДЕФИНИТИВНО
сите му се добри, ама ова е книга која не смеете да не ја прочитате (така е зборот)
,,светот на софија``- јустен гардер( по услов да сакате филозофија)

По психолошка од Злосторство и казна немит. Ама не знам дали ти треба роман или нешто стручна литература...
пробај со Фројд и Јунг, дефинитивно попсихолошки:helou:

оооооо бе мими ти си била хахахаха
 

▒IsNoGood▒

A hell of a brainiac
Член од
8 декември 2008
Мислења
155
Поени од реакции
8
"Алхемичарот" и "Захир" од Паоло Куељо, "Quo vadis" од Хенрик Стјенкевиш, "Светот на Софија" од Јустејн Гордер (оваа псоледната чисто поради едукативниот карактер), како и повеќето од лектирите од средното образование, од кои би ги издвоил "Одисеја", "Клетници", "Чичко Горио" и "Хамлет". Тоа се книги кои навистина имаат што да кажат, во нив се содржат животни вистини и поуки, големи знаења, ако знаеш да им пристапиш правилно, затоа што не се книги кои во послужавник ја даваат својата содржина, со други зборови, не се за површни умови. А сум прочитал навистина голем број романи, белетристика, но најчесто дела кои немаат што да понудат освен добра и интересна приказна. Доволно се заситив од книги кои се сиромашни. Имам строг криитериум кон литературните дела и за жал, сме се повеќе опкружени со она што се нарекува "шут литература", доволна да ја задоволи само потребата за читање, но не и потребата за добра содржина.
 
D

Daftie

Гостин
"Последна летна ноќ" од Ерскин Колдвел.
Почнува како лесна приказна за млада секретарица и оженет шеф, но колку понатаму се чита, толку поинакви импресии се добиваат, за на крај кулминацијата да биде оној вистински врв на сите изненадувања. Дејството од 175 страни се случува во една ноќ и на моменти знае да напне. Има паралелно раскажување, флешбекови и интересни нараторски моменти(иако сепак не успеваш да заклучиш кој е нараторот).
Како женско ова не треба да го направам, ама им ја препорачувам посебно на машките.

"Странецот" од Албер Ками.
Прв роман на Ками, единствено нешто од него што ги имам прочитано. Наратор е Мерсо, воедно и главниот лик кој раскажува за неговиот живот од смртта на мајка си до неговата смрт, всушност, смртна казна на која е осуден поради убиство кое го сторил без причина. Книгата е поделена на два дела и вкупно има само 111, но многу силни и крајно реални страници. Мерсо многу прецизно ја доловува бесмисленоста и апсурдноста на човековиот живот, не знам дали да кажам низ песимистичка или само реална перспектива, со што јас лично многу се соживеав.

"Мојата љубов Че" од Ана Менендез.
Да, Че Гевара, но не како секогаш, овојпат низ очите на вљубена жена. Тереса де ла Ландре е главниот лик, млада Кубанка во потрага по својата мајка од која единствен траг и се стихови од Пабло Неруда, сè додека еден ден не стигне пакет со писма со кои е содржана таа љубовна приказна за нејзината мајка и тогаш младиот љубовник Че Гевара...
Ја читав пред неколку години, така да, ќе додадам само дека романов е добар спој од романтична приказна, историска белешка и уште еден мал интригантен дел кој ќе ви го оставам на вас.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
415
Поени од реакции
11
Вероника реши да умре - Пауло Коелјо. Го обожавам човеков, има толку прекрасни дела кои се читаат буквално во еден здив, а и имаат многу добри пораки. Вероника реши да умре ми е една од омилените негови дела:wink:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Посебно ми има оставено впечаток Демијан, со секое читање нови работи откривам и содржински и различно ја перцепирам, за мене една и единствена.
Јужно од границата, западно од сонцето од Харуки Мураками, многу особини од главниот лик ги согледувам и кај себе, топ фејворит според мене.
Волја за моќ-Фридрих Ниче, мојот литературен гуру.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom