Марс

Постои ли живот на марс ?

  • Да, има висок степен на еволуција

    Гласови: 22 15,4%
  • Да, но само некакви микроорганизми

    Гласови: 91 63,6%
  • Нема никаков живот

    Гласови: 30 21,0%

  • Вкупно гласачи
    143

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Ова е планета за која се верува дека пред милион години имало живот ! при посетата на марс од нашите драги астронаути се дојде до неверојатен пронајдок-ВОДА ! јас лично мислам дека и ден денеска има одредена врста на живот ако не олку развиана како човекот но сепак има некои микроби кои можат да бидат зачеток на нова еволуција и нов живот.Што мислите ? :salut:
 

Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Марс е планета со пројден рок,живото одамна завршил таму.Тоа ја чека и нашава планета.
Е сеа дали ќе најдат барем некоја трага од предходниот живот на Марс,тешко.
 

Сапун

. . .
Член од
10 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
4
Ima zivot na mars ama kojznae so Gavoli se :helou:
 

BlAcK_MamBa

:: Living by my own rules ::
Член од
25 март 2007
Мислења
431
Поени од реакции
5
Ова е планета за која се верува дека пред милион години имало живот ! при посетата на марс од нашите драги астронаути се дојде до неверојатен пронајдок-ВОДА ! јас лично мислам дека и ден денеска има одредена врста на живот ако не олку развиана како човекот но сепак има некои микроби кои можат да бидат зачеток на нова еволуција и нов живот.Што мислите ? :salut:

astronauti stapnale na mrs. ova nesto novo ke da e ili jas slabo sum informiran? :pos2: :pos2: :pos2:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
astronauti stapnale na mrs. ova nesto novo ke da e ili jas slabo sum informiran? :pos2: :pos2: :pos2:
дополнување

Ако пратиМЕ спејсшип за на Марс, и ако тој би се движел со 15000милји на час, тогаш астронаутитеби стигнале за 7 месеци. Но, кога тие ќе стигнат Марс веќе неам да биде на тоа место. Значи тој се двиѓи околу орбитата на сонцето и астронаутите ќе требат да чекат уште 7 месеци за Марс да дојде до нив и тие да слетаат на него. Затоа најдобро е да се пуштат роботи отколку луѓе затоа што луѓето не се сигурни дали ќе се вратат, им треба многу храна, вода, кислород за да опстанат, а на роботите не им треба :)
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Е Мартине, Мартине.. :)
Роботи се веќе пуштани неколку пати во последните 3 децении, и преку тие роботи се добиени сите податоци што денес се знаат за Марс. Следниот логичен чекор е да се пратат луѓе.

За патувањето до Марс.. кога некое наше вселенско летало се движи кон било кој објект во вселената (планета, месечина, астероид..), не се движи по права линија, туку го "брка" објектот (го пресретнува во некоја точка од неговата траекторија). Еве мала илустрација.. зелената е правилната патека, црвената е таа за која зборуваш ти; Марс се движи од десно кон лево:
 

Attachments

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Неможе да се развијат некои посложени облици на живот пошто нема атмосфера(има ама тенка тенка...), има преголема радијација, голема разлика во температурата(ден-ноќ). Така да има живот ама само некои најпрости облици(бактерии, габи, лишаи и сл). Мене далеку поинтересни вселенски тела ми Титан и Европа. Ако сакаме да најдеме некој посложен облик на живот таму треба да бараме. Касини испрати и сонда која слета на Титан и имаше многу интересни нови сознанија. Сеа уште на Европа да се стигни НЕКАКО и НЕКАКО да се пробие тој дебел слој на мраз и мислам дека долу ќе не чека изненадување. :)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Неможе да се развијат некои посложени облици на живот пошто нема атмосфера(има ама тенка тенка...), има преголема радијација, голема разлика во температурата(ден-ноќ). Така да има живот ама само некои најпрости облици(бактерии, габи, лишаи и сл). Мене далеку поинтересни вселенски тела ми Титан и Европа. Ако сакаме да најдеме некој посложен облик на живот таму треба да бараме. Касини испрати и сонда која слета на Титан и имаше многу интересни нови сознанија. Сеа уште на Европа да се стигни НЕКАКО и НЕКАКО да се пробие тој дебел слој на мраз и мислам дека долу ќе не чека изненадување. :)
ne te sfativ bas najdobro aj objasni sto mislis pod titan i evropa toa se planeti ili...
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Сателити на Сатурн и Јупитер. Титан е поголем од Меркур и има атмосфера (98.4% азот, 1.6% метан), Европа е цела покриена со мраз, ама се смета дека под тој слој од мраз има течна вода.
 

Tomba

Be yourself.. Dont be someone else
Член од
16 јуни 2007
Мислења
134
Поени од реакции
1
Kako so imam citano na Mars imalo zivot... normalno ne tolku intelegetni kako nas, tuku ednostavni mikroorganizmi...
Kojznae moze pak ke se oformi zivot, naucnicite mislat taka...
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Сателити на Сатурн и Јупитер. Титан е поголем од Меркур и има атмосфера (98.4% азот, 1.6% метан), Европа е цела покриена со мраз, ама се смета дека под тој слој од мраз има течна вода.
ami ko taka ima sansi za zivot a ? aj kazi nesto povejke ako znaes nie nemame pojdeno na titan... imame prateno roboti?
 

BlAcK_MamBa

:: Living by my own rules ::
Член од
25 март 2007
Мислења
431
Поени од реакции
5
Temava zabega od mars do titan.....

bozino druze, ako otvoras tema, drzi se za neja i iznesuvaj fakti i vistini, ne kako ova
при посетата на марс од нашите драги астронаути се дојде до неверојатен пронајдок-ВОДА !
.

nisto zlonamerno, samo onaka da ti posocam....
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Eве ти он топик

Се имаш тука, да не се мачам ќе ти ја пастирам оваа статија

Марс


Марс (225KB) Марс е четвртата планета од Сонцето со просечна оддалеченост од 227.940.000 km (1,52 AU). Дијаметарот му е 6794 km (речиси двојно помал од Земјата) и е седма планета според големина.
Марс (грчки Арес) е бог на војната. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, а понекогаш се нарекува и црвената планета.
Првото вселенско летало кое го посетило е Mariner 4 во 1965, по што следела уште серија други меѓу кои и Mars 2, првото сонда која слетала на Марс. Други поуспешни мисии на Марс се двете летала Viking од 1976, како и Mars Pathfinder од 1997.

Mars Pathfinder - делумно успшна мисија, роверот веднаш се заглави под карпа Орбитата на Марс е значително елиптична. Тоа резултира со промена на температурата од 30°C во афел и перихел. Ова има големо влијание на климата. Додека просечната температура е 218 К (-55°С), температурата на површината се движи од 140 К (-133°С) на половите во зима, до 300 К (27 °С) преку ден во текот на летото.
ИНТЕРЕСНО ..температурата на површината се движи од 140 К (-133°С) на половите во зима, до 300 К (27 °С) преку ден во текот на летото.
Леталата Viking извршиле експерименти со цел да утврдат дали постои живот на Марс...
Иако Марс е многу помал од Земјата, копнената површина му е приближно иста како на Земјата (заради водените површини на Земјата).
Освен Земјата, Марс е има најразнолик и најинтересен релјеф од сите планети од земјин тип. Поинтересните области се:
- Olimpus Mons: највисоката планина во Сончевиот Систем, 21 km над околната рамнина. Основата му е над 500 km во дијаметар, обиколена со гребен висок 6 km.
- Tharsis: висорамнина долга 4000 km и 10 km висока.
- Valles Marineris: систем од кањони 4000 km долг и од 2 до 7 km длабок.
- Hellas Planitia: кратер од удар на метеор во јужната хемисфера преку 6 km длабок и 2000 km во дијаметар.

Јужната хемисфера на Марс Поголемиот дел од површината на Марс е стара и исрешетана од удари на метеори, но исто така има и многу новосоздадени долини, планински масиви и рамнини. Јужната хемисфера е воглавно составена стари планини изрешетани со кратери од метерои, налик на релјефот на Месечината. Но северната хемисфера е сосема различна, содржи рамнини кои се создадени во блиското минато, пониски се и имаат многу посложена историја. Причината за ваквата разлика во релјефот на северната и јужната хемисфера не е позната.
Најверојатно Марс има густо јадро 1700 km во радиус, течна карпеста обвивка обвивка која е нешто погуста од земјината и тенка кора. Податоците од Mars Global Surveyor укажуваат на тоа дека марсовата кора е околу 80 km дебела на јужната хемисфера и 35 km северната. Релативно малата густина во споредба со другите планети од земјин тип укажува дека кората веројатно содржи релативно големо количество сулфур во соединение со железо (железо и железо сулфид).
Како на Меркур и Месечината, на Марс денес најверојатно нема активни тектонски плочи. Без движења на плочите, вулкански активните точки под површината остануваат на исто место во однос на површината. Ова, заедно со слабата гравитација се причионата за огромните вулкани и висорамнината Tharsis. Денес нема докази за моменталната вулканска активност. Но сепак има нови испитувања од Mars Global Surveyor според кои Марс можеби имал тектонска активност во скоро минато, што споредбата со Земјата ја прави уште поинтересна.

Речните канали на Марс - доказ дека некогаш постоела течна вода Има многу јасени докази за ерозија на многу места на Марс вклучувајќи огромни канали создадени од поплави како и мали речни корита. Во еден момент од историјата со сигурност имало некаков течен флуид на површината. Водата е најверојатната течност, но постојат и други можности. Веројатно постоеле големи езера или можеби и океани. Доказ за тоа се и некои многу добри фотографии направени од Mars Global Surveyor. Но изгледа дека тоа траело многу кратко и многу одамна; староста на ерозионите канали е проценета на околу 4 милијарди години. (Valles Marineris не е кањон создаден од река. Формиран е со истегнување и испукнување на кората, процес поврзан со создавањето на Tharsis.)
Во својата рана историја, Марс бил многу сличен со Земјата. Како и Земјата, скоро целиот јаглерод диоксид од атмосферата бил претворен во јаглеродни (карбонатни) карпи. Но немајќи ги тектонските движења на плочите, Марс не е во состојба да го обнови првобитното количество јаглерод диоксид со што неможе да создаде значителен ефект на стаклена градина. Затоа површината на Марс е многу поладна од на Земјата дури и кога би биле на иста оддалеченост од Сонцето.
Марс има многу тенка атмосфера составена воглавно од јаглерод диоксид (95,3%), азот (2,7%), аргон (1,6%) и траги од кислород (0,15%) и вода (0,03%). Просечниот атмосферски притисок е само околу 7 милибари (помалку од 1% од земјниниот), но значително се менува со висината, од 9 милибари во најдлабоките басени до 1 милибар на врвот од Olimpus Mons. Но сепак доволно е густа може да се создадат многу јаки ветрови и огромни песочни бури што понекогаш и ја прекриваат целата планета со месеци. Марсовата атмосфера е толку густа што може да создаде ефект на стаклена градина, но толку јака што ја зголемува површинската температура за само 5 степени, многу помалку од влијанието на стаклената градина кај Земјата или Венера.
Марс на обата пола има перманенетни ледени капи составени најмногу од јаглерод диоксид во тврда агрегатна состојба ("сув мраз"). Поларните капи се сотавени од слоеви мраз со ралично концентрација прав. За време на летото на северната фемисфера јаглерод диоксидот од тамошната поларана капа сосема испарува и останува само водениот мраз. Не е познато дали постои сличен слој од воден мраз под јужната поларна капа, бидејќи тамошниот јаглерод диоксид никогаш не исчезнува сосема. Начинот на кој се создаваат слоевите не е познат, но можеби е заради климатските промени поврзани со долготранјата промена на наклонетоста на сопствената оска на ротација во однос на рамнината на која орбитира околу Сонцето. Исто така, извесно количесто обичен (воден) мраз се наоѓа и под површината во близина на екваторот. Периодичните промени на големината на поларните капи (испарувањето на јаглеродниот диоксид) предизвикуваат глобални промени и на атмосферскиот притисок за околу 25% (мерено од летелата Viking на местата каде се спуштиле).
Скорешните набљудувања од извршени од телескопот Хабл (Hubble Space Telescope) откриле дека условите за време на мисиите Viking не биле типични. Атмосферата на Марс сега изгледа поладна и посува отколку што било измерено со сондите Viking.
Леталата Viking извршиле експерименти со цел да утврдат дали постои живот на Марс. Резултатите биле донекаде двосмислени, но повеќето научници сметаат дека тие не докажуваат постоење на живот на Марс (сепак постои контроверност). Оптимистите укажуваат дека само два мали примероци се истражени кои не потекнуваат од регионите со најпогонди услови за живот.
Мал број на метеорити кои паднале на Земјата потекнуваат од Марс. Во август 1996 беше објавена првата потврда за пронајдени остатоци од органски материи на метеорит кој потекнува од Марс. Луѓето кои ги открија органските материи на метеоритот велат дека тие се создадени од прастари марсовски микроорганизми.
Колку и да е интересно ова откритие, важно е да се истакне дека тоа не го докажува постоењето на вонземски живот. Исто така имаше неколку контроверзни студии објавени по тоа откритие кои го отфрлаат како доказ за постоење вонземски живот.

Марс со својот поблизок сопатник - ФобосГолеми, но не и глобални, слаби магнетни полиња постојат на различни региони на Марс. До ова неочекувано откритие дојде Mars Global Surveyor неколку дена откако започна со орбитирањето околу Марс. Тие веројатно се остатоци од претходното глобално магнетно поле кое исчезнало. Тоа може да има значајно влијание на структурата на внатрешноста на Марс и на историјата на атмосферата, а со тоа и на можноста на постоење живот во минатото.
Кога се наоѓа на ноќното небо Марс е лесно забележлив и со голо око. Неговата привидна магнитуда значително се менува во зависност од релативната позиција во однос на Земјата.
Марс има два мали сателити кои орбитираат многу близу до површината.


Фобос Фобос е поголемиот и внатрешниот сателит на Марс. Тој е поблизу до својата планета од било кој друг сателит во Сончевиот Систем, помалку од 6000 km над површината. Исто така е и еден од најмалите во Сончевиот Систем со просечен дијаметра од 22,2 km (има неправилна форма 27 x 21,6 x 18,8 km).
Според грчката митологина Фобос е еден од синовите на Арес (Марс) и Афродита (Венера). "Фобос" на грчки значи "страв".
Фобос, кога би се наоѓале на површината на Марс, би изгревал на запад, многу брзо би се движел по небото и заоѓа на исток, вообичаено двапати дневно. Толку е блиску до површината што неможе да види од било кој точка на површината на Марс.

Термална aнализа на Фобос од сондата Мars Global Surveyor со спектрометрот за топлинско зрачење Иднината на Фобос е "проколната" бидејќи орбитира под синхроната висина. Привлечните сили постојано му ја намалуваат орбитата (моментално 1,8 m во 100 години). За околу 50 милиони години тој или ќе падне на површината или (многу поверојанто) ќе се распрсне во прстен. (Ова е спротивен ефект од тоа што и се случува на Месечината, орбитата и се зголемува).
Советското вселенско летало Фобос 2 детектирало слабо но константно испуштање гас од Фобос. За жал, Фобос 2 престал да функционира пред да може да ја одреди природата на гасот, иако се смета дека тоа најверојатно е вода.

Демос Демос е помалиот и подалечниот сателит на Марс. Еден е од најмалите природни сателити во Сончевиот Систем. Орбитира на оддалеченост од 23.459 km од Марс, а димензиите му се 15 x 12,2 x 11 km (просечен дијаметар 12,6 km).
Во грчката митологија Демос е еден од синовите на Арес (Марс) и Афродита (Венера). "Демос" на грчки значи "паника".
Фобос и Демос најверојатно се составени од карпи богати со јаглерод како и астероидите од Ц-тип. Но нивните густини се толку мали што не е возможно да се чисти карпи. Веројатно се составени од мешавина на карпи и мраз. На површината од двата може да се забележат многу кратери. Сликите од Mars Global Surveyor укажуваат дека Фобос е прекриен со слој од многу ситна прашина околу еден метар дебела, слична како реголитот на Месечината.
Се верува дека Фобос и Демос се всушност заробени астероиди. Постојат шпекулации дека тие потекнуваат од периферните делови на Сончевиот Систем, а не од астрероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер.
Во иднина Фобос и Демос би можеле да се користат како "вселенски станици" од кои би се проучувал Марс или попатни станици од и кон површината на Марс, особено ако се потврди постоењето на мраз.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Еве ти и оф топик:
Има планински венци, мориња...,многу сличен релјеф на Земјата, сепак неможе да се испрати човечки екипаж. КАТАСТРОФА е таму да се спушти човек, во било каков скафандер нема да издржи ни 5 сек.



Оваа композиција од неколку фотографии, направени од вселенското летало Касини, ја прикажуваат најголемата површинска структура исполнета со течност на сателитот Титан (лево). Регионот се наоѓа впо близина на северниот пол на сателитот. Десно, за споредба, прикажано е езерото Супериор (Lake Superior), во Северна Америка.
Споредба помеѓу најголемата површинска структура исполнета со течност на Титан (лево) и езерото Супериор на Земајата (десно)
Езерото на Титан има површина од најмалку 100 000 km2, со што е поголемо од Супериор (82 000 km2), едно од најголемите езера на Земјата. Интересна е уште една споредба: Црното море на Земјата покрива 0,085 % од нејзината површина, додека ова езеро на Титан покрива 0,12 % од површината на сателитот. Поради неговите димензии, заслужува да биде наречено и море.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom