Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Косово би требало да прогласи независност на 28 ноември, датумот на националниот празник на Албанија и денот на албанското знаме, изјави денеска во Вашингтон косовскиот премиер Агим Чеку.
Според Чеку, едностраното прогласување на независноста на Косово е одговор на неуспехот на западните земји, независноста на Косово да ја обезбедат преку Обединетите Нации.
Спикерот на српскиот парламент Оливер Дулиќ од Скопје порача, дека за Србија унилатералното признавање на независно Косово би бил акт на непријателство.
„За нас е многу важно како се однесуваат соседните земји, се разбира дека не можат да ни помогнат, но очекуваме да не ни одмагаат“, изјави Оливер Дулиќ, претседател на српскиот Парламент.
„Секое унилатерално решение кое би се случило пред донесувањето на оваа тешка одлука по оваа прашање, не би било прифатливо како акт на пријателство“, додаде Дулиќ.
Експертите се согласуваат во оценката, едностраното прогласување независност за Македонија е најнеповолната варијанта за решавање на косовскиот проблем.
„Прокламирањето на независност од страна на еднострана цел на Косово би било лошо, од друга страна предолго трае овој недефиниран статус и анализите покажуваат дека тешко се одржува стабилност во еден регион кога легитимитетот се црпи од Њујорк“, рече Денко Малевски, универзитетски професор.
„Ние треба да посакаме Брисел и Вашингтон да имаат сообразена позиција и во тој случај ние че бидеме во комотна ситуација, во секоја друга ситуација ние ќе треба да пресечеме и никој нема да биде среќен, секако дека и внатре ќе има тенденции коишто ќе влечат кон признавање и тенденции кои ќе влечат кон извесна воздржаност“, кажа Суад Несими, аналитичар.
Западните земји досега бараа од Приштина да се воздржи од еднострани чекори, но Вашингтон деновиве најави дека доколку тоа не се случи преку Советот за безбедност има и други начини Косово да стане независно.
Дали изјавата на Чеку треба да се сфати како почеток на предизборната кампања на Косово или, пак, е дел од планот Б на западните земји предводени од САД, ќе се знае по враќањето на Чеку од Вашингтон каде треба да се сретне со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.