Глуости на кило продавате тука а?
Грција не била добра, Хрватска биле на наше ниво, а Израел го газиме. Какви тези лелелеле, просто да бидеш 100% уверен дека тука никој не гледал кошарка подалеку од својата сала.
Грција, со Папалукас 2 пати МВП на Евролига, Спанулис НБА играч, Диамантидис 2 пати МВП на ЕвроЛига, Пападопулос - најдоминантниот центар во Европските натпреварувања последниве неколку години, Зизис - ЦСКА, Фоцис и уште една плејада играчи совршено компонирани во дефназивна целина...ќе ги тепаме, да...
Хрватска, Планиниќ, дали уствари знае како игра Планиниќ (резерва на Џејсон Кид му беше, сега во ЦСКА), Гиричек - НБА класа, Вујачиќ 5 пати во прва петорка на ЕвроЛига, Касун центариште, Поповиќ и Укич (класа з анашиот Илиевски) и да не набројувам натака
Израел, оној Израел кој до сега од 4 одиграни не тепа 3 пати, и тоа сите 3 на неутрален терен, а само еднаш сме го тепале ние дома кога сме играле...
со Врбица кој нема да има изиграно официјална утакмица 12 месеци, со Илиевски просечниот, Самарџиски од ФМП??? Гечевски сеуште добар, Мејси по 2 поена во Реал има, игра одбрана, ама напад е лелеле Ристе, Тасов, Гоцевски...и вие дрско ги споредувате со носителите на играта на Панатинаикос, Олимпиакос, ЦСКА, и во сите тие споредби правите дека нашите се подобри.
Затоа после кога едвај евентуално би го победиле Израел и кога ќе не згазат сите други, ќе мрчите дека не изгирале на ниво, дека сме можеле подобро, дека вакви сме биле, такви сме биле....Реално македонија нема натпросечен играч за во Европски рамки, и освен Врбица кој веќе е минато свршено, Илиевски, Мејси и Гечевски, све другото е под просекот во Европа и неможе да игра во екипа кој игра Улеб, а не пак Евролига и да се носи со крупните ѕверки како погоре набројаните.
Ќе ја тепаме Грција, тука сме со квалитет со Хрватска...кога последен пат сте гледале кошарка, кога давате вакви изјави, или може ПАТРИОТСКОТО ВО ВАС говори. Булшит. Додирна точка со кошарка, како што кажав во еден друг наврат ви е само постерот од Скоти Пипен кај другарот во соба