Закопани работи

Член од
4 декември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10
Струмица шашардисана од турско азно

Граѓани тврдат дека од старите турски гробишта било ископано еден тон злато, а МВР вели дека нивна екипа барала стари гранати

Еден тон злато било откопано во саботата изутрина од некогашните турски гробишта во Струмица, тврдат жители на тој дел од градот, кои забележела дека неколку полициски џипови му асистирале на еден мал багер во откопувањето на големото богатство. Жителите уште во раните утрински часови забележале дека нешто несекојдневно се случува на некогашните турски гробишта. Со молскавична брзина се прошириле гласините дека на гробиштата е пронајдено нешто вредно.

- Копаа во гробиштата и сигурно нешто извадија. Уште од раните утрински часови улицата беше блокирана со полициски џипови.

Со нив имаше мал багер и ископуваа, но не успеавме да видиме што извадија. Важно нешто се извади - велат повеќе жители.

Непотврдената приказна, која се шири низ турското маало скриеното богатство му припаѓало на некој Турчин, кој ги зачувал скиците и картите и на неговите потомци им оставил во аманет да го пронајдат големото богатство. Тој бидејќи не можел да копа сам на место кое е лоцирана на само стотина метри од центарот на градот пријавил на полицијата, која му асистирала во пронаоѓањето на богатството.

- Тука дошол човек од Турција и заедно со државата го извадиле богатството. Така се случило - велат жители од турското маало во Струмица, кои во саботата поминувале покрај турските гробишта за на работа.

Еден друг жител на Струмица раскажува дека пред два месеца двајца Турци кај него се распрашувале за локацијата на некогашните турски гробишта. Покрај тоа се интересирале во кои делови на Струмица живееле Турците пред да се иселат оттука.

Во МВР вчера изјавија дека на некогашните турски гробишта нивните екипи по анонимна дојава од граѓани барале закопани гранати од Втората светска војна, но ништо не нашле.

Турците од Струмица масовно се иселувале во педесеттите години на минатиот век. Низ Струмица уште оттогаш кружат приказни дека дел од своето богатство тие успеале да понесат со себе, а повреденото го закопале на тајни места.

Извор: www.dnevnik.com.mk

Aj сea ...
Лаже ли МВР?
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10
Нек се држат гробиштата сега... има да се превртат сите за кои има сомнеж дека има златце.

Сите на лопатииии
Мистериозното е тоа КОЛКУ злато мајмуните у плаво имаат однесено !

Бидејки ! Да имаше таму гранати, оружје или не дај боже дрога ке трубеа на а1, сител, лајнал 5 итд.

Али... кутат као... такво.

Самиот си одговори.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.741
Поени од реакции
22.746
Мистериозното е тоа што уште не се знае со сигурност дали е најдено злато.

Се знае...Типот се договорил со државата на него 30% на државата 70% и не му дале злато туку пари во банка некаде...:toe:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.399
Поени од реакции
5.030
Се знае...Типот се договорил со државата на него 30% на државата 70% и не му дале злато туку пари во банка некаде...:toe:
Не сум сигурен колку е тоа вистина, од многу причини....една од нив е тоа што местото каде што е најдено златото е скоро населба...
 
Член од
21 април 2008
Мислења
267
Поени од реакции
130
има на многу места злато во Мк..а и колку е само извадено од странците ,посебно американци...знам во кочанско пред некоја година извадија,божемската на тоа место беше паднал некој хеликоптер или така нешто,дојдоа војници го обезбедија местото никој да нема таму,не ни дозволлија да видиме...го дигнаа златото и отидоа
 
T

theMLS

Гостин
Епа ај да ја кажам и јас случката што им се десила на татко ми и еден негов пријател.

Малесија,поточно с.Локов од каде што влечиме некој корени и едно од најубавите села татко ми со уште еден негов пријател по кажување на баба ми да проверат на некои места за закопано злато.Знам купија апарат и тргнаа.Кога стигнале на местото почнале да го пребаруваат и детекторот им покажувал дека има нешто.Како што требало посипале со брашно и заминале.Другиот ден се вракаат и гледаат во брашното се толку прецизно нацртани цвеќе и череп.Прво си помислиле некој од мештаните ги зеза па повторно посипале и го оставиле.Другиот ден се враќаат пак и гледаат рака од мало дете и цвеќе.Виделе не виделе си собрале работите и назад Струга.И кога и ја раскажаа случката на баба ми,само ги гледаше и им рече не се враќајте повеке таму тоа место е проколнато.После неколку години се слушна како некој пробал да копа на тоа место но при секој замаф со мотиката таа се кршела.Ден денес кога ке одам во тоа село и поминам од тоа место ме фаќа некој страв.Иначе има многу вакви случки и места низ таа околија.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363

А каде рече дека е тоа злато?:kesa:
 
T

theMLS

Гостин
А каде рече дека е тоа злато?:kesa:
Село Локов,Струшка околија.Можам да те однесам на лице место ама незнам колку ке можиш да останиш тука.Самото место е морничаво и помислата на тие работи ке те натера да ги фрлиш патиките и колку што можеш и неможеш назад.:toe:
 
InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Според мене ми кажале дека се што е закопано да не се фаќа инаку копајќи со моите другари најдовме дел од плоча на неа пишуваше нешто ама неможевме да разбереме ја оставивме некаде и сега незнам што бидна со неа!!:toe:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
a na mene sto mi e takva strukata sto moram da kopam se i sesto sto da kazam.vo sekoe selo sto odam slusam najrazlicni prikazni, za kolneno zlato,za razni kletvi.mene najveke strav me faka sto 2 godini po red na zadusnica kopam i cistam grobovi na teren,a za zlatoto vo strumica moze da e izvadeno,a ako i malku razmislite pred da se objavi vesta edna do dve nedeli grujo bese vo turcija i se sretna so tamosniot pretsedatel,pa moze da imat nesto dogovoreno(mene iskreno mi mirisa rabotava),i da nasava prekrasna MAKEDONIJA krie golemi tajni,misterii,bogatstva, taka da nisto ne me cudi i nekoj da se ,,prokolnati,, iako ne veruvam licno vo takvi raboti mnogu.:salut:
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
a na mene sto mi e takva strukata sto moram da kopam se i sesto sto da kazam.vo sekoe selo sto odam slusam najrazlicni prikazni, za kolneno zlato,za razni kletvi.mene najveke strav me faka sto 2 godini po red na zadusnica kopam i cistam grobovi na teren,a za zlatoto vo strumica moze da e izvadeno,a ako i malku razmislite pred da se objavi vesta edna do dve nedeli grujo bese vo turcija i se sretna so tamosniot pretsedatel,pa moze da imat nesto dogovoreno(mene iskreno mi mirisa rabotava),i da nasava prekrasna MAKEDONIJA krie golemi tajni,misterii,bogatstva, taka da nisto ne me cudi i nekoj da se ,,prokolnati,, iako ne veruvam licno vo takvi raboti mnogu.:salut:
Вие да не сте г-дин Кузман???:vozbud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom