Ајде и јас малку на темава:
Значи прво и основно, дедо
Clint Eastwood. Да се разбереме, има режисери со многу подолг стаж и со култни остварувања зад себе. Но она што ми се допаѓа кај дедо Клинт е прво, што нема промашувања, филмовите му се во најмала рака добри, а некои од нив се навистина инзвонредни. Понатаму, сите негови филмови имаат содржина, имаат приказна која тој ја обработува на свој карактеристичен начин: Клинт не е 10-та копија на некој друг режисер. Клинт е Клинт. Јеботе кое име го одбрал, Клинт (оригиналното поинакво ќе да беше). Ама како и да е. Нема блокбастери кај него, нема ефекти, нема милиони фрлени долари за експлозии и галама. Има приказна, обично мал буџет (во споредба со останатите големи филмови кои се прават во холивуд), често работи со анонимни актери од кои извлекува максимум.
Million Dollar Baby (2004),
Mystic River (2003),
Unforgiven (1992) се според мене ремек-дела, филмови кои ќе ја обележат неговата режисерска кариера. Покрај нив,
Changeling (2008),
Gran Torino (2008) а сега и
Invictus (2009) се навистина добри остварувања. Можеби не ми се допаднаа на исто ниво и
Letters from Iwo Jima (2006) и
Flags of Our Fathers (2006), но ја потврдија неговата оригиналност: барем јас немам сретнато до сега пример да се снимат два филма од истата приказна, гледани од спротивен агол. Веројатно оригинална идеја.
Не викам дека старецот е најдобар режисер евер, но мене ми се допаѓа најмногу начинот на кој работи, уживам во неговите филмови и се надевам ќе го служи здравјето за да сними уште многу филмови.
Друг пат ќе пишам и за некои други режисери.