Основна задача на Штит е да ги промовира и да ги доближи професионалните вредности на нашата армија, значењето на нашите оружени сили, кодексите на воената должност, како и да информира за најважните случувања во областа на современата македонска и светска одбрана.
Целта на списанието е:
- да ја продолжи воспоставената традиција,
- да ги рационализира расположливите ресурси,
- подобро да се приспособи кон духот на времето што доаѓа
- и да биде подостапен до читателите, поради што ќе биде и дистрибуиран до продажните места во секој град.
Содржински “Штит” ќе продолжи да ја информира јавноста за достигнатиот степен на евроатлантската интеграција на Република Македонија, за армиското секојдневие, за животот и работата на единиците на АРМ и за достигнатиот степен на трансформација на АРМ според стандардите на НАТО. Истовремено, покрај останатото, “Штит” ќе нуди и содржини достапни и подеднакво интересни како за повозрасната така и за помладата популација, или едноставно кажано “Штит” ќе биде хроничар и регистратор на настаните.
Современ дизајн,квалитетна хартија, добар концепт, интересени написи. Вреди да се погледа.