Сонови, толкување на сонови

Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
Сонував како шетам на планина,и онака шетајќи гледам две врапчиња се тепаат,јас фатив едно од нив но тоа почна да ме клука по рацете и го пуштив,па почна да ме клука по очите(лошо чуство)
Што би можело да значи ова???
... ne se mesaj vo tugji raspravii bratko , mozes da imas problemi za nisto , samo posmatraj i ne se mesaj ...moze ti da ispadnes kriv za nesto , sto ne si go napravil
 
Scorpia

The one and only
Член од
4 април 2011
Мислења
86
Поени од реакции
16
Синоќа имав еден од побизарните сонови т.е. како сама си ја ампутирам едната нога со пила. Појма немам зошто го правев тоа во сонов, али како и да е, откако си ја исеков почна нели да ми шприца крв на сите страни, а мене ми бише срам да отидам во болница пошо не сум знаев што да им кажам кога ќе ме прашаат што ми се десило :nesvest: Идиот сум хахаха
п.с. Откога се разбудив, цело време имам чудно чувство во ногава, ко да не е моја :pos2:
 
Член од
16 февруари 2011
Мислења
36
Поени од реакции
12
Синоќа имав еден од побизарните сонови т.е. како сама си ја ампутирам едната нога со пила. ... ногава, ко да не е моја :pos2:
Сонов е и смешен, но носи и сериозна порака. Да си сечеш екстремитет значи дека се изневеруваш себеси, можеби си свесна дека ако не се занимаваш со физичка активност здравјето ќе ти е загрозено. Исто може да значи дека не се трудиш доволно да ја постигнеш зацртаната цел, некаде си се изгубила по пат... истовремено се чувствуваш беспомошно и фрустрирано, а би сакала да си посамостојна... како и да е, сонов ти сугерира дека мора да си пронајдеш мотивација и храброст ѕа да с епочувствуваш целосна

--- надополнето ---

Најдов нов текст на македонски за толкувањето на соништата. Еве многу кратко објаснување за некои најчести сонови:
1. Паѓање- назадување
2. Летање- духовен успех
3. Голотија- срам
4. Вода- живот
5. Заби- моќ
...
 
Scorpia

The one and only
Член од
4 април 2011
Мислења
86
Поени од реакции
16
Сонов е и смешен, но носи и сериозна порака. Да си сечеш екстремитет значи дека се изневеруваш себеси, можеби си свесна дека ако не се занимаваш со физичка активност здравјето ќе ти е загрозено. Исто може да значи дека не се трудиш доволно да ја постигнеш зацртаната цел, некаде си се изгубила по пат... истовремено се чувствуваш беспомошно и фрустрирано, а би сакала да си посамостојна... како и да е, сонов ти сугерира дека мора да си пронајдеш мотивација и храброст ѕа да с епочувствуваш целосна

.

Не баш се, ама ова за дека се осеќам беспомошно и фрустрирано не е далеку од вистината
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
Не баш се, ама ова за дека се осеќам беспомошно и фрустрирано не е далеку од вистината
e sega razmisli sto e ona sto samata na sebe si go pravis, kako se kocis samata sebesi , kakvi blokadi si postavuvas vo zivotot i pred tebe , dali se toa preteski i neostvarlivi zelbi ili zadaci , dali se pogresni raboti lugje, zelbi , dali se losi misli , dali e loso mislenje za sebe , da se cuvstvuvas frustrirano i bespomosno - pa taka se osuduvas sebesi i se unazaduvas i se osakatuvas , ke treba dolgo vreme za da se oporavis od toa , a voedno vo sebe si postavuvas dlaboka mentalna blokada koja sekogas ke ti stoi na patot koga ke skas da napravis nesto , ne si svesna za toa ----osvesti se !
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
31
znaci pred nekoja nedela sonuvav mnogu ciden son skoro nikad do sega nemam sonuvano takvo nesto

se vrativ vo vremeto na mojata krtevka koja ja imam gledano va dvd bev tamu megju lugjeto i nikoj ne me gledase i ne me prepozna no bev kako sto sum dosega 17 godisen pa posle otidov i kaj mene doma i moite ne me prepoznaa inaku i vikav neso demek koj sum so sum kao da ziveev nekoi momenti od zivotot vo koi bev megju lugje so gi znam rodnini i prijateli a bev ko stranec site pod oko me gleaa ??????
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.221
Поени од реакции
30.434
Денес ме разбуди еден лош сон.
Значи во градот имало повеќе убиства на деца од моја генерација од некојси сериски убиец. И сум отишла со другарки до куќата на некое од убиените деца, но јас не сум влегла внатре и сум забележала човек кој седел во близина. Потоа тој се приближил кон мене и јас сум викнала по помош, но човекот за кој шо сум мислела дека е убиецот бил детектив кој проверувал дали знаеме како да реагираме на напад. Што значи сонов?
 
Член од
9 април 2011
Мислења
5
Поени од реакции
1
Пред една година починаа баба ми и дедо ми многу кратко еден по друг. Тие живееа на село. И оттогаш многу често сонувам како сум во куќата в село и ми излегуваат како духови и ме плашат. Инаку одамна не сум била на гробишта. Најверојатно до тоа е, како да сум оставила нешто недовршено, па нон-стоп ми се јавуваат. Мислење?
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Сонот е прилично непријатен не можам да се сетам на сите деталите но во глобала беше ваков.
Сонував како некои луѓе беа носени на бесилка, прво ги бесеа а потоа ги доубиваа на начин како
што ги убивале тешко повредени војници во античко време.
Чуството беше непријатно, но нечуствував изразен страв како во некој кошмар.
 
Префриганиот!

(Простор за Реклама)
Член од
16 декември 2007
Мислења
1.203
Поени од реакции
73
значи само што се будам и сонов го имав непосредно пред будење , пред тој сон сонував како некој човек лови орли . т.е прво патував со воз и ги видов орлите како паѓаат , а после тој сон се најдов во некоја огромна куќа , вила или што знам, соо многу спратови, и таму беа сите колеги од на факс и професорката по еден предмет, и ни даде задача кој прв ке се искачи на најгорниот спрат победува(мораше по скалилата) и значи јас се качувам и видов лифтови ама не беше дозволено со нив , и се вратив на скалите и се качував на уникатен начин додека другите трчаа по скалите, а јас пробав кратенки и слично и стигнав прв горе на кровот и добив некој лист како заслуга или трофеј нешто ... што може да значи?
 
WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Чуден разговор во 4 очи негде ко во пусто место, па другар ме тргат на страна, се се менвит веќе сме нашкола. Мој другар плачит без престан, а друг се пулит в земја и нишо не прајт. Скокам низ пенџере и сум покрај езеро седам на една карпа и гледам во водата. :icon_roll:lud:
Anyone?
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Не бев ниту еден лик само набљудував освен на момент.
Имаше "човек" тој се наоѓаше во некаква објект можеби храм.
И сакаше некого да заведе излаже, и излезе надвор од тој објект и сретна еден човек тој беше парталав искинат, нестрижен и валкан.
И овај "човекот" направи некакво чудо за да го заведе другиот парталавиот, а парталавиот со себе ја носеше библијата ја отвори
и му рече за такво чудо тука не пишува и го одби.
Но потоа парталавиот влезе внатре во објектот кај "човекот" и тој на парталавиот му даде едно огледало и понуда.
Парталавиот се погледна во огледалото и се виде каков што е несреден и валкан но потоа огледалото
почна да менува облици со неговиот лик се погледна облечен во најскапа облека како да имаше власт или голема функција, косата му беше сјајна, и му
нудеше тоа да стане, да небиде парталав веќе, само во тој момент почуствував дека сум тој лик додека го гледав огледалото, тие слики и чуства
беа толку живи, потоа како пак да набљудував.
Потоа овој парталавиот се претвори во жена и застана наопаку со телото наспроти "човекот" кој нудеше односно искушуваше
и жената му рече, еднаш со тебе бев во брак веќе не, и се разби тоа магиско чуство на заведување и измама.

Сонот го сватив како искушение за мене, но изгледа дека човекот се тестира на секој можен начин.
 
opisi go kako izgledase covekot vo navodnici , i zosto taka go narekuvas
 
Префриганиот!

(Простор за Реклама)
Член од
16 декември 2007
Мислења
1.203
Поени од реакции
73
значи само што се будам и сонов го имав непосредно пред будење , пред тој сон сонував како некој човек лови орли . т.е прво патував со воз и ги видов орлите како паѓаат , а после тој сон се најдов во некоја огромна куќа , вила или што знам, соо многу спратови, и таму беа сите колеги од на факс и професорката по еден предмет, и ни даде задача кој прв ке се искачи на најгорниот спрат победува(мораше по скалилата) и значи јас се качувам и видов лифтови ама не беше дозволено со нив , и се вратив на скалите и се качував на уникатен начин додека другите трчаа по скалите, а јас пробав кратенки и слично и стигнав прв горе на кровот и добив некој лист како заслуга или трофеј нешто ... што може да значи?
некој?....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom