Не бев ниту еден лик само набљудував освен на момент.
Имаше "човек" тој се наоѓаше во некаква објект можеби храм.
И сакаше некого да заведе излаже, и излезе надвор од тој објект и сретна еден човек тој беше парталав искинат, нестрижен и валкан.
И овај "човекот" направи некакво чудо за да го заведе другиот парталавиот, а парталавиот со себе ја носеше библијата ја отвори
и му рече за такво чудо тука не пишува и го одби.
Но потоа парталавиот влезе внатре во објектот кај "човекот" и тој на парталавиот му даде едно огледало и понуда.
Парталавиот се погледна во огледалото и се виде каков што е несреден и валкан но потоа огледалото
почна да менува облици со неговиот лик се погледна облечен во најскапа облека како да имаше власт или голема функција, косата му беше сјајна, и му
нудеше тоа да стане, да небиде парталав веќе, само во тој момент почуствував дека сум тој лик додека го гледав огледалото, тие слики и чуства
беа толку живи, потоа како пак да набљудував.
Потоа овој парталавиот се претвори во жена и застана наопаку со телото наспроти "човекот" кој нудеше односно искушуваше
и жената му рече, еднаш со тебе бев во брак веќе не, и се разби тоа магиско чуство на заведување и измама.
Сонот го сватив како искушение за мене, но изгледа дека човекот се тестира на секој можен начин.