сонував како сум се натпреварувал на трка од 5 илјади метри, мојата желба била да се пријавам за 10 илјади, но татко ми, ми сугерирал да се откажам и да ја истрачм таа од 5000, во смисла, со сигурност ќе ја завршиш. но не негирал дека не би издржал на оваа од 10, туку во смисла: не е и толку битно, после трката од 10 000 ќе те болат сите мускули една недела (али ништо посебно нема околу тој дел од сонот)
Се сеќавам дека сум бил во убава опрема шорцеви, патики, убав сончев ден...трката стартува, и бидејќи постоеле натпреварувачи - професионалци и ревијални тркачи, најнапред ние ревијалните сме ги оставиле на стартот натпреварувачите да се оддвојат и ние се ја тераме нашата борба, која не е за победа туку онака од ревијален каракте, битно е да се заврши....
со напомена дека патот по кој трчам е рамен, односно нема посебна значајна точка, да ја наречам сцена каде се гледа дали е угорнца или удолница (барем по мое мислење ако имаше вакво нешто тоа ќе имаше некое посебно значење за тежината на трката нели? )
стартувам со мојот најдобар другар, со намера дека ќе одиме така до крајот, на стартот се осеќам задишано, лесно губам снага во трчањето, но подоцна знам дека почнав без никаков напор да престигнувам многу многу други кои беа пред мене, и тоа онака ко од шала, притоа помагам на други луѓе, онака ги бодрам ги влечам да не се откажат, им зборам ги мотивирам...
Без никакво разделување, другарот го снемува со сонот, но со сигурност остана некаде далеку позади мене, а јас продолжувам понатака и по едно време од кога ќе престигнам многу луѓе продолжувам да трчам сам....со пријатно чувство, спокој во душата, пристигнувам до крајот, со насмевка на лицето.... по добиените честитки од одредени рандом луѓе, во разговор со татко ми кој примети дека не сум изморен, јас давам предлог да продолжам да ја истрчам трката на 10 000 метри...тука следеше дел кога татко ми, ми мери пулс и гледа дека е нормален, на тоа прокоментира: па супер, ти ко да не си трчал бравос... и тука завршува сонот...
инаку мој најголем поддржувач во животов е татко ми, и мој најдобар другар исто така.
сонот не ме вознемири, бев среќен и во сонот, а и тоа чувство се пренесе кај мене во текот на целиов ден траеше. психолошкото значење и поврзаноста со реалноста горе доле си ја толкувам сам, околу мојот животен пат, поддршката која ја добивам од татко ми, како и мојот лош старт исто така можам лесно да ги согледам во реалноста. Едноставно ме интересира на кратко мислење од вас, или ако постои некаков совет. Фала
(ако ништо друго ќе си го имам документирано сонот некаде, па ќе можам за неколку години да си го прочитам и да ги споредам нештата)