Сонови, толкување на сонови

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Што значи да сонуваш дека ти паднал заб ? ЗНачи во сонот бев на концертот на М.О.Р со еден другар, а таму беше и брат ми.. Кога започна концертот сите се качија на бината само брат ми не..И јас не сакав да се качам па веднаш слегов и го видов како стои сам пред бината ( е сега за неговата положба би му дообјаснил по ПП на тој што ќе ми го протумачи сонот,пошо мислам дека има некое значење).. Подоцна слезе и другар ми и седев во првиот ред, брат ми беше зад мене, ме гибна за да се подмрднам и јас одбив и се скаравме и тогаш ме удри. Ме болеше местото каде што ме удри и по некое време ми потече местото и се погледнав во огледало и цела уста ми беше со крв.. Почнав да осеќам нешто како шлајм околу забот и местото потечено. ГО извдавив тој шлајм, а со него ми падна и забот. ДОма му кажав на мајка ми и таа ми даде нов заб и јас го ставив на празното место.. што би значело ова??:smir:
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Чуден сон сонував ... како се будам сред ноќ и слушам дека има некој како шета низ станов и одеднаш отклучува и си излегува. И сега мене не ми е јасно зошто некој си излегува во ниедно време и станувам ги гледам сите спијат и сфаќам дека некој провалил. И почнувам да го будам татко ми и му викам абе некој имаше тука сега излезе и одеднаш рипна и почнуваме јас и он да гледаме што фали. Ништо не фалело, ама сфаќаме дека човекот неколку дена се криел кај нас во стан затоа што го измрдал местото каде што се криел. Сето тоа време татко ми коментира како знае он кој може да биде и кажува име и презиме на човекот. И после се наоѓам во некој воз со некоја другарка и со уште еден човек. И уз муабет тој човекот си го кажува името. Мене ми текнува дека тој е тој што провалил кај нас ама се правам како ништо да не е. И кога сме излегле од возот се разделуваме и човекот се врти со грб и јас одеднаш го фаќам од позади да врат и го држам тука и другарка ми вика полиција. Одеднаш на местото гледам многу познати луѓе и брат ми меѓу нив, во меѓувреме доаѓа и полицијата. И сите ме убедуваат да го пуштам затоа што нема каде да бега и јас го оставам човекот и си одам дома. По некое време брат ми се враќа и го прашувам дали го уапсиле и он ми вика не бе избега, неможеа да го фатат. И после тоа се разбудив :)
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236

--- надополнето ---

Oвој сон е непријатен мрачен сон и чудно за мене е што тој сон се повторил барем 3 или 4 пати со одредени варијации во него за период од 2 или 3 години. За време на сонот сум свесен дека сонувам и сакам да се разбудам но не можам, и што е уште поважно сум свесен што треба да
се случи во глобала во сонот и знам дека треба да помине дејствието на сонот и потоа ќе заврши тоа лошо чуство, нешто како да гледаш страшен филм но неможеш да го смениш каналот но и ти си во тој филм и чекаш филмот да заврши.
Во сонот има еден лик со кој се борам, и тој лик е многу повисок од мене и е многу крупен иако и јас сум висок, облечен е целиот во црна облека
и како да има еден вид на оклоп и тој е црн.
И тој лик во најголем дел е човек но еден мал дел како да е машина но како да е живо зло. И јас цело време бегам се повлекувам затоа што е екстремно посилен од мене и како да знае однапред се што јас сакам да направам во таа борба, потоа на моменти престанувам да се повлекувам и се судруваме повеќе пати но ништо не е ефективно против него нешто како да го боцка комарец ништо повеќе, и во таа борба јас се чуствувам валкан нечист поради тоа што се обидувам да го убијам тоа темно суштество.
Потоа одеднаш се најдов во големо училиште во тоа училиште сите беа возрасни и се плашеа од тој моќен злобен лик и ништо не можеа
да направат за ја вратат сигурноста и сите се обидувавме да бидеме понастрана од него.
И потоа имав чуство дека навистина не можам да го спречам и отидов дома затоа што знаев дека ќе дојде за да го пречекам и тој
дојде во дневната соба тука имаше членови од моето семејство но тие не реагираа воопшто затоа што премногу се плашеа и беа немоќни исто и јас се плашев но сепак имав намера да го направам она што е од мене односно конечно да се соочиме иако знаев дека немам многу сила.
Потоа дејствието се одвива надвор и се појавува еден силен позитивен лик и се борат со негативниот лик кој се покажува дека е ѓаволот, и над позитивниот лик кој е ист по сила со ѓаволот има уште еден позитивен лик Кој е многу помоќен од нив но не се меша директно.......
Овој сон последен пат вчера го сонував, чуството за време на сонот навистина многу е реално и кога ќе станам наутро чуствувам
мала вознемиреност поради сонот и знам дека носи некој порака поради тоа што се повторил неколку пати но ништо од тоа неможам
да разберам.
Би бил благодарен доколку одвоите време за толкување посебно од метатрон и златен облак. поздрав[/QUOTE]
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Може ли некој да ми одговори што значи сонување на кршење на нокти...?
 
Член од
16 февруари 2011
Мислења
36
Поени од реакции
12
Јас сонував дека ме брка голема, кафена мечка. Не се сеќавам дали се спасив или не или како се тоа почна. Се сеќавам само дека ме бркаше :)
И на јаве те брка нешто големо. Сега види какво ти беше чувството и размисли какви опасности ти се закануваат.

--- надополнето ---

Што значи да сонуваш дека ти паднал заб ?...:
Забите служат за жвакање, кинење, касање- некогаш сме ги користеле и како алат и оружје, не само како дел од системот за варење.
Значи, ако ти паѓаат заби, губиш моќ или се плашиш од тоа... А конфликтот со брат ти е одраз на вашите конфликти на јаве, си му се спротивставил што значи дека би сакал тоа да го направиш и на јаве. Веројатно е постар и сакаш да се побуниш.
Ништо многу значително не кажува сонов, според мене, нормално.

--- надополнето ---

Чуден сон сонував ... како се будам сред ноќ и слушам дека има некој како шета низ станов и одеднаш отклучува и си излегува.... По некое време брат ми се враќа и го прашувам дали го уапсиле и он ми вика не бе избега, неможеа да го фатат. И после тоа се разбудив :)
Некој Ви се крие во домот- дали мислиш дека некој маж му претставува опасност на вашето семејство? Возот укажува на машка потенција, на човек, но не мора да биде човек, може да биде и некоја, традиционално машка работа: можеби некој од домашните (веројатно жена) премногу работи...
Сонов укажува и на тоа дека знаеш дека и брат ти ја чувствува истата работа.

Ова е моето мислење.

--- надополнето ---

Во случај кога пајакот е најголемата причина за страв кај тој шо го сонвит ...
Дали те касна? Или само ти беше гадно и непријатно?
Тоа е твојата ситуација на јаве- некоја опасност, многу се плашиш, обрни внимание да не се развие ситуацијата неповолно по тебе.

--- надополнето ---


--- надополнето ---

Oвој сон е непријатен мрачен сон и чудно за мене е ...
Би бил благодарен доколку одвоите време за толкување посебно од метатрон и златен облак. поздрав
[/QUOTE]

Ти благодарам Златкорис, што ме прашуваш за мислење.
Оваа борба си ти, тоа што се чувствуваш валкан, нечист е твојата, да кажам така, грижа на совест што го носиш во себе, како и сите ние, тоа мрачно суштество.

Но ова го сонуваш баш затоа што се бориш против него! Значи свесен си и сакаш да го победиш... ако си еден од заспаните и несвесните нема да ти е гајле ниту да сонуваш.

Вториот дел од сонот, бидејќи го опфаќа и твоето семејство, може да се однесува на лошата енергија, некои лоши односи кои треба да се средат... а ти си немоќен... многу деца така се чувствуваат кога с ево прашање односите меѓу родителите. Но може да се однесува и на материјалната состојба, односно на последиците од материјалната состојба на твоето семејство.

Како што и сам си свесен, врховната сила е добра, и ти си дел од неа и ЗНАЈ ДЕКА ЛОШОТО НЕ ТИ МОЖЕ НИШТО БИДЕЈЌИ СИ ПОСИЛЕН ОД НЕГО!!!
Тоа се храни од нашите стравови и несигурности. Со малку вежба и во сон ќе можеш да си сугерираш дека си појак од него и дека не ти може ништо.
Наскоро се ќе помине.

Поздрав!

--- надополнето ---

Може ли некој да ми одговори што значи сонување на кршење на нокти...?
Губење на моќта, несигурност
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
^ Не ме касна туку она се мафташе пред мене лево десно на пајажина, а јас в купатило нешто се капев и бегав од него ама ко да се зголемвеше пајажината :nesvest: ... најтрагично од се е шо ми се исполна дел од сонов, исто се нишкаше лево и десно, а јас за да избегам ќе си скршев гла.:tapp:
Иам пробано многу пати да го победам стравот, сепак е еден мал црн пајак ама неможам.:ija:
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
сонував како сум се натпреварувал на трка од 5 илјади метри, мојата желба била да се пријавам за 10 илјади, но татко ми, ми сугерирал да се откажам и да ја истрачм таа од 5000, во смисла, со сигурност ќе ја завршиш. но не негирал дека не би издржал на оваа од 10, туку во смисла: не е и толку битно, после трката од 10 000 ќе те болат сите мускули една недела (али ништо посебно нема околу тој дел од сонот)

Се сеќавам дека сум бил во убава опрема шорцеви, патики, убав сончев ден...трката стартува, и бидејќи постоеле натпреварувачи - професионалци и ревијални тркачи, најнапред ние ревијалните сме ги оставиле на стартот натпреварувачите да се оддвојат и ние се ја тераме нашата борба, која не е за победа туку онака од ревијален каракте, битно е да се заврши....

со напомена дека патот по кој трчам е рамен, односно нема посебна значајна точка, да ја наречам сцена каде се гледа дали е угорнца или удолница (барем по мое мислење ако имаше вакво нешто тоа ќе имаше некое посебно значење за тежината на трката нели? )

стартувам со мојот најдобар другар, со намера дека ќе одиме така до крајот, на стартот се осеќам задишано, лесно губам снага во трчањето, но подоцна знам дека почнав без никаков напор да престигнувам многу многу други кои беа пред мене, и тоа онака ко од шала, притоа помагам на други луѓе, онака ги бодрам ги влечам да не се откажат, им зборам ги мотивирам...
Без никакво разделување, другарот го снемува со сонот, но со сигурност остана некаде далеку позади мене, а јас продолжувам понатака и по едно време од кога ќе престигнам многу луѓе продолжувам да трчам сам....со пријатно чувство, спокој во душата, пристигнувам до крајот, со насмевка на лицето.... по добиените честитки од одредени рандом луѓе, во разговор со татко ми кој примети дека не сум изморен, јас давам предлог да продолжам да ја истрчам трката на 10 000 метри...тука следеше дел кога татко ми, ми мери пулс и гледа дека е нормален, на тоа прокоментира: па супер, ти ко да не си трчал бравос... и тука завршува сонот...

инаку мој најголем поддржувач во животов е татко ми, и мој најдобар другар исто така.

сонот не ме вознемири, бев среќен и во сонот, а и тоа чувство се пренесе кај мене во текот на целиов ден траеше. психолошкото значење и поврзаноста со реалноста горе доле си ја толкувам сам, околу мојот животен пат, поддршката која ја добивам од татко ми, како и мојот лош старт исто така можам лесно да ги согледам во реалноста. Едноставно ме интересира на кратко мислење од вас, или ако постои некаков совет. Фала


(ако ништо друго ќе си го имам документирано сонот некаде, па ќе можам за неколку години да си го прочитам и да ги споредам нештата) :)
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Сонував воз, и како сум се качила во него додека бил во движење малку потрчав да го фатам, таму во возот летајќи барав место за седење, и го видов бившиот, но тој седеше со друштво и кога ме видоа почнаа да ме оговараат нешто, но јас само го поминав и си седнав на друго место.
метатрон толкување ако може :)
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
Сонував воз, и како сум се качила во него додека бил во движење малку потрчав да го фатам, таму во возот летајќи барав место за седење, и го видов бившиот, но тој седеше со друштво и кога ме видоа почнаа да ме оговараат нешто, но јас само го поминав и си седнав на друго место.
метатрон толкување ако може :)
...go sakas li uste ? ...bez razlika dali e odgovorot da ili ne ...ocigledno e deka toj ostavil traga ...vo tebe ... vrskite so lugjeto so koi sme bile bliski , so koi sme delele nesto , ostanuvaat dolgo vreme vo nas i ostavaat traga...treba da se oslobodis od toa i da ne ti e gajle sto toj ili negovoto drustvo mislat za tebe ili sto zboruvaat , ako tie ne umele da te cenat , ti si taa sto si ja znae svojata vistinska vrednost ...tie(toj) ti stojat na patot na promenite (toa e vozot)...no ti si ocigledno zrela osoba...gi podminuvas i sednuvas na drugo mesto ...ova e ubav son , ti pretstojat promeni , novi avanturi i zaboravanje na se ona sto e minato ... samo napred !

poz!
 
Член од
16 февруари 2011
Мислења
36
Поени од реакции
12
сонував како сум се натпреварувал на трка од 5 илјади метри... Едноставно ме интересира на кратко мислење од вас, или ако постои некаков совет. Фала
(ако ништо друго ќе си го имам документирано сонот некаде, па ќе можам за неколку години да си го прочитам и да ги споредам нештата) :)
Здраво,
одлично си го протолкувал сонот, ова е одличен пример како треба да размислуваме за своите соништа.
Само би додала дека знаеш дека си во некои работи подобар од другарот, но сепак го сакаш.
Поздрав
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Значи сонов е поеќе за у ЧДА али стварно ме занима значењето...сум ја сонувал професорката по математика..како се со мажот и кај нас дома...и како мајками и дава 1000 денари(убаво видов) а факт у цела работа е дека ја иам 1 математика..шо треба да значи воа?:toe:
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
Значи сонов е поеќе за у ЧДА али стварно ме занима значењето...сум ја сонувал професорката по математика..како се со мажот и кај нас дома...и како мајками и дава 1000 денари(убаво видов) а факт у цела работа е дека ја иам 1 математика..шо треба да значи воа?:toe:
majka ti e spremna da go plati tvoeto neznaenje
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Другарка со која порано бев многу блиска, а сега сме само на здраво (не сме се скарале, само некако се оддалечивме) сонувала како јас и она сме иделе да купуваме поклон за роденден за некоја друга другарка, рече дека не знае за кого се работело и сме коментирале како сме се оддалечиле од неа.
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
Вчера сонував дека имало земјотрес, со некое комбе од друг град сум се враќала дома кога на радио кажуваат ќе има земјотрес и си бегам дома кога наеднаш почна да се тресе цела куќа и пред да падни лустерот на мене се разбудив.
Што би можело земјотрес да значи :raz:?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom