- Член од
- 8 мај 2007
- Мислења
- 250
- Поени од реакции
- 1
Зависи како се гледа на работите. Сега, дека симболични 37 денари месечно ќе ни го олеснат буџетот може е претерување. Осветлувањето не се плаќа само од себе, контејнерите кои ги празни комуналец исто така не се празнат сами од себе, сето тоа има цена на чинење, која се покрива од комунални такси (кои секаде ги плаќаат граѓаните). Ако досегашната комунална такса не е доволна за градот да ги покрие тие трошоци, нормално дека ќе се зголеми. Ако не, тогаш нека не изеде помрачина.
Прво ова твое „симболично“ покачување е од само 70% али знаеш тоа се бројки па зависи како гледаме. Но еден факт е непобитен а тоа е дека во скопје не е инсталирано 70% повеќе уличн осветлување од пред 2 години кога овие средства беа доволи за градот да го покрие тој трошок.
Друга работа е што тие пари се веќе собрани (во изминатите две години) но поради неправилната распределба завршија само во општинските каси а не и во касата на градот. Има и теорија дека им се префлени и онолку средства колку што им требале а другите останале во буџетот, но едно е точно дека некој ненаменски го потрошил нашиот денари и сега сака пак ние да го покриеме тој трошок. и трета работа ова зголемување ке донесе приход (плус од десегашниот) од скоро 200.000 евра месечно или над 2милиони евра годишно. Ќе се сложиш не е мала сума на пари која и по отплата на долгот повторно ќе се влева во буџетот.
И не сум поборник на неплаќање сметки, дури и радиодифузија имам платено со последната добиена сметка, откако не пракаат сметки не им плакам, така да и комуналец и водовод и ... и понатака ќе плакам и викам дека се треба да се плати но да плаќам два пати за една иста работа е тоа никаде у свет нема да помине, но изгледа овде се е можно!
П.С. 200.000 евра се само од жителите на градот Скопје, не знам дали оваа одлука важи и за сите граѓани на РМ ако е така тогаш оваа сума е драстицно поголема (отприлика 700.000)