- Член од
- 8 мај 2007
- Мислења
- 250
- Поени од реакции
- 1
„Владата и ЕВН го решија проблемот со уличното осветлување во Скопје. Граѓаните ќе ги отплатат долговите со двојно поскапи сметки за комунални такси.
Според новиот закон изгласан денеска, од следниот месец со сметките за струја наместо по 53 денари, на име на такси, домаќинствата ќе плаќаат по 90 денари.
За министерот Славевски ова било единствено решение на проблемот.
„Се нуди решение за проблемите, или решавање на прашањата околу финансирање на уличното осветлување, не само во Скопје туку и во другите општини во РМ во иднина и прашањето на заостанатиот долг“, изјави Трајко Славевски, министер за финансии.
Градот Скопје повторно ќе добива средства од парите кои ќе ги уплаќаат граѓаните за уличното осветлување и сам ќе може да си ги подмирува сметките кон ЕВН.
Но, изгласувањето на законот не мина лесно. Опозицијата ја обвини владата дека со поскапувањето на комуналните такси ќе се намали тенкиот буџет на граѓаните, а парите кои сега ќе бидат двојно повеќе, наместо наменски, според опозицијата, владата ќе ги трошела за реновирање на кабинетите и за изградба на музеи.“
А1 Вести
Ова е веќе втор пример (од они кој сум ги забележал јас) да оваа влада решава проблеми преку грбот на обичниот граѓанин. Од состојба во која не се знаеше кој пари на која сметка легнале дојдоа до решение да граѓанинот ги плати сметките за струја.
Секој месец сите ние како граѓани во сметката за струја плаќаме дел и за градско/општинско осветлување, но поради недоречености во законот (и нивно не решавање во од) сега власта си изгласа одлука да го зголеми надоместокот.
Јас би ја прашал, каде се средствата кои досега биле издвојувани, дали некој тие средства ги потрошил за друга намена? Зашто до пред 2 години беше доволно да издвојуваме по 53 денари за улично осветлување а сега треба 90 иако градот не е во тој процент пораснат?
И за вториот случај тоа е со здравството, го укинаа правото за повраток на средствата кои се потрошени за „приватно“ купување на лекови и помагала иако истото го нема на клиника или во аптека.
Ги укинаа референтните цени кои беа можност за купување на поквалитетни лекови, па сега ако сакаш да купиш таков лек ќе мора да си платиш приватно. А да не збориме околу фамата дека фондот нема долгови, па прочитајте ја само ијавата на директорот каде вели дека фондот нема неплатени побораувања но побарувања имало кон болниците и клиниките. Па кој треба да ги покрие тие побарувања? Или заканата кон веледрогериите е нормален начин да се отпише долгот на име на камата кон Фондот?