Insomniac
Evil Macedonian
- Член од
- 27 мај 2007
- Мислења
- 1.799
- Поени од реакции
- 27
Ватикан прогласи примат на Католичката црква
Ватикан денеска издаде документ во кој католичката вера се означува како „единствена вистинска Христова црква“.
Со ова истакнување на единственоста на приматот на Католичката црква, според црковните аналитичари, се оспорува правото на протестантите да имаат своја црква.
Во последните неколку дена ова е втор документ со кој Католичката црква потврдува некои свои традиционални ставови што со децении не биле истакнувани.
Неодамна Ватикан издаде декрет со кој се обновува молитвата на латински со модерна литургија, што предизвика повеќе негативни реакции меѓу католиците.
Папската Конгрегација за изучување на верата во денеска објавениот спис на 16 страни, ги потврдува тезите содржани во контроверзниот текст Dominus Jesus од 5 септември 2000. година, кои тогаш предизвикаа бран несогласувања во христијанскиот свет.
Во документот на Конгрегацијата се тврди дека христијанските заедници, што не го признаваат папата, не можат да се повикуваат на тоа дека нивните челници се претставници и наследници на апостолот.