L
Lu
Гостин
По ова што го кажа многу ми личи на Астрална проекција,едно добри 95% сум сигурна дека ти се случила Астрална проекција (исто се нарекува и Вонтелесно искуство).Веројатно можам сега да се убацам у темава и да си побарам толкување на нешто што ми се случува веќе три години... Еве ја последната ситуација, од пред два дена...
Се наоѓам во римско време, се движам по дрвен мост. Од мојата лева страна - војник, кој ме води на мојата венчавка. Под мостот еден куп војници, а истиот е соединет со една огромна палата. Спуштам поглед надолу и гледам дека ја немам десната нога - него некој железен уметок. Тоа е првата аномалија по која сваќам дека сум во луциден сон, па се обидувам да превземам контрола и да креирам нова ситуација, но не успевам, па единствено решение ми е да се разбудам. Креирам дупки во мостот и намерно рипам од едната. (Рипање секогаш ми резултира со будење ).
Еве го чудното: Добивам неверојатно реално чувство дека сум будна. Си велам ок, будна си. Кога се обидувам да ги отворам очите, тоа е невозможно, толку многу ми се тешки. Се обидувам да викам, но немам глас, тоа го правам со некој внатрешен. Добивам чувство на вкочанетост, тотална парализа на телото, како некој да стои над мене, болка во градите, забрзано дишење, страв дека умирам, немир, тежина. Слушам се што се зборува околу мене, будна сум, а не сум, а будењето е невозможно. Најневообичаено од се, е тоа што некој или нешто како да извлекува дел од мене, на надвор.
Колку повеќе влече, толку повеќе давам отпор и толку повеќе боли.
После неколку такви наврати, се откажав и потполно се опуштив. Чувството беше како некое тонење, пропаѓање, проследено со страв. Откако дозволив да ми се одземе делот од мене, или што и да е тоа, осетив неверојатно чувство на мир, спокој, олеснување, како никогаш до сега во животот. Си помислив - или сум будна или сум мртва. Ми прелета мисла да идам до кујна, и скоро не си се ни доискажав, стигнав до таму со неверојатна брзина. Ја видов сестра ми која погледна накај мене, но како да не ме гледаше, на што се чудев. Го спуштив погледот надоле и наместо себе видов белузлава - прозирна силуета одвоена од паркетот. Првата мисла ми беше - Боже што направив, морам назад. И исто онолку брзо како и првиот пат, се вратив во мојата соба, каде се видов себе си како спијам. Невидено збунета, цело време си повторував како морам да се вратам, морам, морам. И оддеднаш се врати чувството на болка, тежина, се она што го опишав погоре. Будењто сеуште тешко, но на крајот успев со едвај отварање на очните капаци, како да ми беа залепени.
Морам да напоменам дека бев свесна во текот на целиот сон и дека жими очи беше нешто сосема поинакво од луциден сон - порелано од неговата неверојатна реалност. Не постојат зборови да го објаснам ова.
Астралната проекција е многу пореална од Луцидниот сон и многу е повозбудлива.
И мене ми се има случено Астрална проекција и знам за какво чувство збориш,тоа едноставно неможе да се опише треба да се доживее.
Види има цела тема на форумов за Астрална проекција - http://forum.kajgana.com/showthread.php?684-Астрална-проекција