Тебе очигледно ништо не ти е јасно. Твојот сон не го протолкував врз основа на твоето банално симболизирање Можеш да читаш малку повеќе.. Според фројд: ''..соновите во популарната култура не содржат симболи, туку директен и реалистичен опис на стравовите и желбите на сонувачот...'' твојот сон е резултат на твојата бујна фантазија можеби имаш фетиш за предигри за време на изгрејсонце. (тоа е твоја работа) Ако немаш елементарна логика ќе ти објаснам. Таа желба може да значи дека девојката сака да има 3 ''прекрасни'' бели мачиња. Значи понекогаш работите можат да бидат попрости од тоа што ти се обдуваш да го разглабуваш. Не мора секогаш да ги комплицираш работите , тоа нема да те направи попаметна. Најидиотската работа што можеше да ја напишеш е дека кучето значи верност, ало ова е психологија а не гледање на кафе! Или дечкото што сонувал дека ја мувал братучедкa му Твоето "стручно'' толкување беше ... цитирам: ''
Вистина чудно поготово ова со братучетка ти , но сонот твој како да нема некое посебно значење освен тоа што си опседнат со комшивката а може потсвесно се плашиш од неа...
Тотална будалаштина. Дали ти некогаш имаш слушнато за Ид, его и супер – его, поделбата на човечката психа според Фројд?? Изгледа не. Сега ќе ти објаснам Ид – е импулсивен дел на детската психа којшто работи врз ,,принципот на задоволството” и го вреднува само она што сака и не ги гледа последиците. Супер – егото е моралната компонента на психата, којашто ги зема предвид посебните околности во коишто морално – правната работа може да не е правна за дадена ситуација. Рационалното его се обидува да оствари баланс помеѓу непрактичниот хедонизам на ид – то и еднаквоста на непрактичниот морализам на супер – егото.тоа е делот на психата којшто најчесто се одразува директно на дејствувањето на луѓето. Кога тоа е преоптоварено или загрозено од неговите задачи може да употреби одбрамбени механизми како негирање, потиснување и преместување. Неговиот ИД (потиснатите желби , потсвеста итн) се активирал во сонот просто кажано дечкото си ја мерачи братучедка му. Но тука се појавило неговото супер его односно во сонот карањето и пцуењето на комшиите еден вид на доминација на супер егото кое морално не го оправдува тој чин.