Ваш предлог за претседателски кандидат?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
39
Да, значи темава ја отворам како резултат на онаа тема за Вилма Трајковска. Дел од вас се согласуваат со изборот на Груевски, дел не...

Како и да е, значи овде прашањето е:

КОЈ БИ БИЛ ВАШИОТ ПРЕДЛОГ (НЕПАРТИСКИ ЧОВЕК) ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ.

Значи треба да биде човек со углед, реноме и човек кој работел и ќе работи за Македонија. Човек од секојдневниот живот-некоја јавна фаца...без разлика дали ќе биде некој истакнат професор, актер или слично

И секако да образложите зошто баш тој/таа е вашиот избор?
 
City, а која значајна јавна фаца не е партиски човек, на овој или оној начин? :toe:

Мој предлог е Ѓорѓи Марјановиќ. Еве зошто, за оние што знаат да "читаат".
 
Марјановиќ...тој е супер лик, квалитетен говорник, али нема профил на претседател. Не е човек од акција и од момент, и не знае да флертува. Он е супер за откако ќе биде нештото направено, за сеир да се мавне, онака да спушта. Колку му се токмеше на Трифун, и ништо не направи, нешто промрче само.
Јас би рекла... Оливера Трајковска. Не за друго, видов ја спомнавте светла точка. Лик со нејзин профил, би одговарал за претседател. Одлично проценува момент, добар дипломата која е остра кога треба, и умерена кога треба...а суштината на темата не ја губи од вид, тешко ќе и’ изманипулираш муабет. Почитува соговорник, држи став, има зрелост, те наведува да сакаш да ја слушаш и пиеш муабет со отворени очи, уши и уста, и да посакаш да и’ веруваш како авторитет, и да бидеш на нејзина страна. Тоа треба за претседател отприлика...не знам само дали би била доволно иницијативна колку треба.
И не ми текнува нејзин машки еквивалент...:)
 
Секој кој кој не е под влијание на Б.Ц. , немора да биде којзнае колку паметен и добар се додека има јака група политичари зад себе кои ќе му кажуваат што да прави.
Како и да е мислам дека на следните избори ќе се гласа против Б.Ц. , ако Б.Ц. се кандидира или пак против тој што ќе биде кандидат а е очигледно под капата на Б.Ц.
 
Па се што е и малку познато во јавност е исфрлено односно исфорсирано од одредени политички партии или групации.Неопределени можат да се најдат само по форуми и во странство.
 
Бидејќи се оди на тоа институцијата Претседател на Република Македонија полека да се претвори во „англиска кралица”, т.е го цитирам Грујо : Претседателот за нас (Влада на РМ) е небитна личност, тој има многу мали ингеренции и Владата има многу посериозни проблеми за решавање отколку да се занимава со Преседателот на Република Македонија.
Бидејќи ова е званичен став на Македонската Влада, а таа е извршната власт во Македонија произлегува дека на местото Претседател на РМ може да биде било кој молер или водоводџија, пошто званично таа личност е нешто што е крајно небитно и безначајно прогласено од Македонската Влада - сега не зборувам за личности, туку зборувам за институции.
Од тие причини сметам дека и самата тема е небитна, односно постовите што одат се взалудни, па незнам Никола Тесла или Луј Пастер да беа живи и некој да ги предложеше тука бидејќи се дискутира за небитна работа за која нема потреба да се замараме и самите предлози ќе беа дегунтантни и бесмислени.
Само Владата да опстои на овој став и кога ќе дојдат изборите, да не почне да не бомбардира со журнали и trailer-и за врвните претседателски кандидати на својата банда и нивните успеси, за кои никој не се сетил друг дека се супермени освен нашата влада уште едно пола година пред да почнат претседателските избори. Јас ставам опклада на оваа варијанта :)
 
pa moze da bide igor dzambazov ili toni mihajlovski ili pa uste podobro da go delat pretsedatelskoto mesto
 
sto mislite za boris trajanov? ili gjorge ivanovski ?
 
Орƒи Марјанови

Ова по незнам кое писмо значи Ѓорѓе Маријановиќ :))
 
Back
На врв Bottom